Извинетe што отварам нова тема за исламските протести во Скопје, но забележав како на протестот носат се носат црни знамиња со бели арапски написи, налик на исламската шахада. Инаку, црното знаме со бела шахада се користи како знаме на џихадот. Првото џихадистичко знаме било чисто црно, а црното знаме со бела шахада е забележана на радикалните исламистички вебстраници од 2001 година, тврди Википедиа.
Dokku Umarov (center) and other jihadists with the Caucasus Emirate shahadah flag in the background. Click to view.
Izvor:
http://www.longwarjournal.org/archives/2009/05/caucasus_jihad_terro.php
A masked supporter holds up an Islamic Jihad flag near Tulkarem.
(MaanImages/Mouid Ashqar, File). Izvor:
http://www.maannews.net/eng/ViewDetails.aspx?ID=455286
Фотографија од КАЈГАНА:
Според Википедија, Министерството за Правда на САД ја дава следна „ад хок„ дефиниција за Џихад:
Џихад е арабски збор што означува “света војна“ и во овој контекст се однесува на употребата на насилство, вклучувајќи паравоени акции против лица, влади сметани за непријатели на фундаменталистичката верзија на исламот.
Неки експерти сметаат дека Џихадистите се гледаат себе си како недржавни актери кои водат неконвенционална воја против „каифируните„ (каурите) односно неверниците (Jihadism's roots in political Islam, By Bassam Tibi, THE NEW YORK TIMES, Published: Tuesday, August 30, 2005).
Дали некој може да потврди дали црно-белите знамиња од протестот на групата муслимански Албанци кои демонстрираа на 04,05,2012 е знамето на Џихадот? Воедно, МВР и соодветните македонски државни служби треба детално да го проучат карактерот на протестот и дали тој протест имал џихадистичка заднина.
Доколку навистина Знамето на Џихадот го предводеше протестот во Скопје, тоа би било многу опасна работа, зошто во еден таков случај тоа би можело да значи дека група албанци муслимани приврзаници на ЏИХАДОТ демонстрираа или пак повик на света исламска војна против христијаните во Македонија.
Џихадизмот ги крши основните човекови права, правото на живот, правото на самоизјаснување, мисла и религија и тоа е терористичко движење против христијанските и општоевропските вредности. Ако ЏИХАДИСТИТЕ веќе обајвиле војна на македонските христијани и Р.М., мора да бидеме претпазливи зошто терористички напади како масакрот на Железарското езеро може пак да се повторат. Македонија не е имуна на џихадски терористички акции; убиството на детето Ванчо Јосифовски, убиството на скопскиот таксист кај Визбегово 2004 г., масакрот на македонските рисјаски цивили од тетовско 2001 год., масакрот кај Вејце и масакрот кај Карпалак, многу експерти ги сметаат за чисто џихадистички терористички акции спроведени од муџахедини- борци на џихадот.
Воедно, морам да апелирам да не се генерализираат исламските протести од 04.05.2012 г. како етнички албански протести, зошто заднината беше чисто исламска/верска и треба да се зборува секогаш за ГРУПА ИСЛАМСКИ АЛБАНЦИ кои демонстрираа. Не се сите Албанци ниту исламисти, а не се ниту муслимани. Овие протести во никој случај не смејат да се наречат етнички албански, зошто немаа етнички предзнак и на нив не учестуваше ниту еден Албанец христијан, како предуслов за да имаат карактер на етнички протест.
Морам да напоменам дека меѓуетничките односи во Македонија се одлични. Според Заводот за Статистика, во 2010 година, 116 Албанки христијански се омажиле за христијани Македонци, а оваа појава има нагорен тренд во Македонија, што е доказ дека не постојат меѓуетнички тензии, зошто Албанките христијански доаѓаат дури од Албанија да се омажат за етнички Македонци. Исто така, ниту еден Албанец хрстијан не учествуваше на исламските протести во Струга, ниту еден Албанец рисјанин не ја руинираше црквата споменик на Калето. Така што сите тензии во Македонија настануваат од верска природа, а не од етничка.
Друго големо прашање е како некои партии во Македонија се декларираат како етнички албански партии, а во нивните раководства или во администрацијата каде што вработуваат нивни блиски, нема ниту еден Албанец христијан?! Какви се тие етнички партии кога се монорелигиски, а декларираат етнички карактер?! Неприфатливо е албанството да се изедначува со исламот.
Да се потсетиме дека во последно време осамнуваа многу џихадистички пораки во Македонија како “Смерт за Каури“. Каур е дерогативен исламистички поим кој означува “неверник“ односно ХРИСТИЈАНИН и потекнува од арапскиот збор КАФИР (неверник) и кој поим кај Албанците е дојден преку Османлиите, односно турскиот збор Ѓавур (неверник). За исламистите, Каури се и христијаните Албанци.
Гледаме дека многу албански групации од Косово, Македонија и Албанија жестоко се спротиставуваат на џихадистичката квалификација на терористичкиот напад кај Железарските езера, зошто западот, ЕУ и НАТО се алергични на џихадот и радикалниот ислам. Морам да му честитам на МВР за правилната квалификација на терористичкиот чин кај Смилковци и да признаам дека МВР знае кај да ги боцне западњаците. Кој од западњаците утре би поддржувал некакви си џихадисти, кои само декларативно би се прогласиле како борци за човекови права?!