Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Но возилото во ДНК анализата на трагите не покажа ниту едно лице регистрирано во скромната база на податоци од ДНК земена од евентуални досегашни прекршувачи на законот. Од тука беше исклучено дека сторителот бил апсен во претходни акции и регистриран.
Princ нели Македонија нема ДНК база на податоци ?

Одговорот ќе биде нешто како :има ама е многу мала.
 
Јанкуловска: Двајцата осомничени за убиството кои се бараат со потерница ако се чувствуваат невини да се вратат во Македонија

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ осомничени дека директно стрелале во петтемина на Смиљковското езеро се уште се во бегство. Според полициските сомнежи тие се во Косово.​
Интерпол ги бара по распишаната потерница од Македонија за тероризам. Министерката за внатрешни работи Јанкуловска се надева дека колегите од косовската страна максимално ќе се заложат за нивно пронаоѓање

„Имаме комуникација, но неупатно е да ја пренесуваме во јавност, со сите служби имаме еднаква соработка и се надеваме дека нивниот пристап е подеднакво искрен како и нашиот за да можеме на проблемите со кои заедно се соочуваме заедно и да одговориме“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Јанкуловска смета дека доколку се чувствуваат невини, како што тврдат нивните семејства, не треба да се кријат во други држави и ги повика да се вратат во Македонија. Досегашните анализи покажале дека меѓу запленетото оружје не е она со кое се убиени петтемина. На сите политичарите Јанкуловска им порача да не профитираат на сметка на смртта на петте лица.

„Полицијата во рекордно брз рок да го разреши најкомплицираниот случај до сега и можам на сите да им порачам дека ќе продолжиме на ист начин и никој не може да се крие на некаква припадност или други видувања ако направил криминал. Криминалот е криминал, без разлика кој од која етничка заедница или национална припадност доаѓа, сите граѓани на Република Македонија мора подеднакво да одговараат пред законот, и ние ќе продолжиме со бескомпромисна борба против криминал и никому нема да прогледаме низ прсти“, додаде министерката.

Останува да се види што ќе покаже судската истрага. Единствениот уапсен од тројцата кои се осомничени дека пукале кон жртвите се бранел со молчење. Другите двајца се недостапни.

Инаку многу често осомничените криминалци пребегнуваат преку македонско - косовската граница. Близината, теренот, односно дивите премини и надежта дека таму ќе најдат јатаци и ќе останат надвор од законите се главни причини за тоа што бараат прибежиште во Косово. Реонот околу Блаце експертите го сметаат за најтежок за контролирање од граничната полиција од двете страни. Од македонската полиција велат дека имаат соработка на повеќе начини со косовската, но статистиките на правда покажува дека во 2011 имало само една екстрадиција меѓу двете држави и тоа во насока од Македонија кон Косово. Во 2012 до сега не е реализиран ниту една екстрадиција.​
 
Македонија нема ДНК база. Тоа значи, и во кола ако нашле ДНК, таа не може да се најде во база туку после кога ќе го фатиш осомничениот, му зимаш примерок, па споредуваш. Тоа за 6 часа не може да се направи (момент од апсењето, до моментот кога министерката излажа дека се фатни убијците).
Само логика фали во земјава, пари имаме доволно.
Со дрва никој досега се нема разбрано.
--- надополнето: 6 мај 2012 во 16:30 ---
Досегашните анализи покажале дека меѓу запленетото оружје не е она со кое се убиени петтемина.
Ова е интересно.
 
Принц, ме интересира нешто? Зошто ДУИ си зачути после овие апсења?
Значи и од ДУИ знаеа дека уапсените се вистински убијци..:tapp:
 
Со дрва никој досега се нема разбрано.
--- надополнето: 6 мај 2012 во 16:30 ---

Ова е интересно.

Абе шо да ти кажувам. Пошто меѓу запленетото оружје не е она со кое што се убиени децата, автоматски тие не се убијците. Нема шанси, нема варијанта да е закопано негде, или фрлено негде уџум, неее...
 
Ова е интересно.

Оружјето не е неопходно за да се докаже вина, доволно е да се докаже дека злосторникот бил на местото на злосторството и некаква трага врз жртвите.
 
EVE GI NIVNITE ELITNI EDINICI HAHA NAJAKO E ONA NA 00:21

Тоа се коалиционите партнери на владеачката влас на Груевски, за да останат на власт мор да им се гледаат низ прсти, без разлика дека нивните Македонски деца се убиват на животински начин.
Каков народ таква власт!
 
Добро ако се невини зошто се кријат нека се пријават во мвр. :)
 
Голема игра се крие зад ова грозоморно убиство. Најважното прашање е кој е нарачателот?
 
Гледајте канал 5
--- надополнето: 6 мај 2012 во 19:38 ---
КОД
 
Голема игра се крие зад ова грозоморно убиство. Најважното прашање е кој е нарачателот?

Тоа нашите политичари со сигурност го знаат, Прашањето е друго:
Дали имат смелост и политичка мок, тоа да го кажат?
Затоашто, нашите политичари се фатиле во оро со ѓаволот. Оној кој пукаше и уби Македонски синови, оној кој зацрни Македонски мајки. Тоа не смеме никогаш да го заборавиме!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom