Интер - Милан, 06. мај, 20.45

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Или сте заборавиле да отворите тема за дербито, или мене ме има фатено слепило. Ако има, нека спојат. И онака го пишував текстот за сајт па еве нека послужи за вовед:
Интер - Милан, најава

Интер ги загуби шансите за пласман во квалификациите за ЛШ, па единствената мотивација Неразурите ќе ја црпат од вечното ривалство. За Милан, Скудетото сеуште е достижно и Росонерите е под императив да победат и по секоја цена да ги освојат трите бода.​

Џиџи Буфон направи за него невообичаена грешка против Лече и му даде шанса на Милан повторно да влезе во трката. Тренерот Алегри е блиску до отказ и веројатно само Скудетото може да му ја зачува работата, додека останува отворено и прашањето за иднината на Страмачиони во Интер. Младиот тренер има ретка прилика да се докаже и во едно големо дерби и ако ја искористи, би можел да го положи испитот.

Натпреварот се игра во недела во 20.45, во ист термин со останатите поради регуларност. „Во последните 15 минути се чувствувавме како да сме во театар, чекајќи го крајот на операта“ - рече Алегри за моментот од голот на Лече против Јувентус па до крајот.

Ова е петто дерби за Алегри и зачудувачки, Страмачиони е петтиот тренер на Интер против кој ќе игра. Интер ја подигна играта и ќе беше ова спектакуларно дерби доколку Неразурите победеа во Парма, но грешките во одбраната го исфрлија Интер од резултатските калкулации.

Интер доминираше во Дербито на Мадонина за време на Манчини и Мурињо, но загуби три од последните четири натпревари од кога Алегри е на клупата на Милан. Единствениот исклучок беше победата од 1-0 со Раниери во јануари.

Во Интер недостигаат Киву и Кастињос а сезоната заврши и за Дејан Станковиќ. Се очекува Страмачиони да излезе со 4-3-2-1 формација, поставувајќи ги Алварез и Снајдер зад Милито.

Кај Милан повредени се Сидорф, Пато, Емануелсон, Флавио Рома и Инзаги. Одбраната на Милан би можела да има проблеми затоа што и Тиаго Силва и Абате не се најподготвени а младиот 19 годишен десен бек Матиа Ди Скиљио би можел да го одигра своето прво дерби.

Да се внимава на: Златан Ибрахимовиќ. Тој е еден од двајцата поранешни фудбалери на Интер во дресот на Милан, кој ќе стартува (вториот веројатно ќе биде Мунтари). Има постигнато 4 гола на дерби натпреварите, по два за обата тима. Ибра ја освојуваше титулата во сите сезони поминати во Италија и сеуште има шанси да го задржи перфектниот скор.

Статистика: Во сите 77 дерби натпревари кои Интер ги одиграл како „домаќин“, Неразурите имаат 27 победи, 23 пати се радувале Росонерите и 27 пати натпреварот завршил без победник. Покажани се 6 црвени картони на последните 6 натпревари, по 3 за двата тима.

Можни состави:

Интер: Цезар, Маикон, Лусио, Самуел, Нагатомо, Камбиасо, Гуарин, Оби, Алварез, Снајдер, Милито.

Милан: Абиати, Ди Скиљио, Неста, Мексес, Антонини, Ночерино, Амброзини, Мунтари, Боатенг, Ибрахимовиќ, Касано.

Натпреварот започнува утре во 20.45.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Анкета? ах Ио, ио..

Очекувам највеќе 2 гола и според мене нема да заврши нерешено затоа што победа им е потреба на Милан. Интер да има ја пушти на Милан, а другата година обратно и така квит ќе бидат, повеќе им е потребна победа сега на Милан. Сепак, нека победи подобриот
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Попара батиња Интерисри...попара!

Forza Milan!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Стави анкета, Милан ќе победи. :D
INTER-MILAN ore 20:45
Inter (4-3-1-2): Julio Cesar; Maicon, Lucio, Samuel, Nagatomo; Guarin, Cambiasso, Zanetti; Sneijder;Zarate, Milito.
A disp.: Castellazzi, Ranocchia, Obi, Duncan, Alvarez, Forlan, Pazzini. All.: Stramaccioni
Squalificati: nessuno
Indisponibili: Castaignos, Chivu, Poli, Stankovic
Milan (4-3-1-2): Abbiati; Abate, Nesta, Mexes, Antonini; Nocerino, Van Bommel, Muntari; Boateng; Ibrahimovic, Cassano.
A disp: Amelia, Yepes, Mesbah, Bonera, Ambrosini, Emanuelson, Robinho, Maxi Lopez. All.: Allegri
Squalificati: nessuno
Indisponibili: Inzaghi, Roma, Pato, Thiago Silva
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.497
Поени од реакции
87.417
Ај јас да кажам. Би сакал да победи Интер, сите знаеме зошто :icon_mrgr:, но мене уште од сега ми е јасно кој ќе биде победникот. Очекувам Милан да го реши натпреварот уште во првото полувреме.
П.С. Ставете анкета
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Милан... не за друго, да биди интересно италјанското до крај... И се чека втор кикс на Јуве.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Немој многу Ио-Шмио туку земи сработи нешто на сајтот :D:cool:
Ќе стави Syn анкета.
Ејјјј кога видов известување претпоставив дека ќе кажеш да напишам нешто на сајтот хахаххахаха аииии чоече ххахахахах

Он топик:
Јувентус треба да оди во Серија Б, искрено
 
М

Мартин`

Гостин
Кец во два (1-0;1:2) стрелци на головите Снејдер, Ван Бомел и Робињо и еден кикс на Јувентус нерешено :cool:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
Ејјјј кога видов известување претпоставив дека ќе кажеш да напишам нешто на сајтот хахаххахаха аииии чоече ххахахахах

Он топик:
Јувентус треба да оди во Серија Б, искрено
На кое маде стана утрово!?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
90% Сум сигурен дека ќе тепа Милан, лесно без залагање, ама мислам дека ќе биде залудно.
Само со лесно нека е.. Forza Bil..:D Inter :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.783
Поени од реакции
49.654
Очекувам Интер да се тргне од голот и Милан да тепа 2-0 пошто ми е најнесомнителен резултат.

За возврат може да размислиме околу враќањето на заложникот Суљо :D
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Лани Јунајтед тепа последна утакмица,и се поредиле играчите се фатиле за рачиња со надеж дека Челзи кикснал со Виган и оп се отвара видео бим 8-1,исто ќе се деси и со шифоњерчињава,осеќам:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom