Пошто ја отворив темава, време е да пишам и еден завршен пост
Нема да кријам дека многу ми е мило што титулата конечно заврши во Аеродром
Фановите на МЗТ ја заслужија оваа титула, титула која многу одамна требаше да биде во витрините на клубот, но поради доминацијата на работнички во КФМ тоа не се случи...
Кој би рекол дека Грнчаров ќе биде првиот играч на МЗТ кој ќе ја подигне титулата
МЗт не почна како што требаше. Иако победуваа сепак тоа беа тешки победи, а во првиот круг имаа и по неколку порази од директните ривали.
Составот не изгледаше толку силен се до доаѓањето на Гечевски
Оттогаш ДОМИНАЦИЈА...
Реално ретко кој во лигава може да му се спортистави на играч од овој калибар. Се кладам дека кај и да отидеше во екипиве што учествуваа во суперлигава, таа екипа ќе освоеше.
МЗТ не само што убедливо го освои првенството и купот, туку покажаа дека се класа над своите противници. ФЕНИ имаше солидна екипа но недоволно. Пријатно изненадување беше Лилов, а солидна сезона имаше и Симоновски. Кире Николовски истотака беше на ниво, иако во финалните мечеви се очекуваше многу повеќе.
Сосема заслужено ФЕНИ се најде на втората позиција.
После овие две екипи, следуваат Торус и Лирија. И двата тима имаа солидни состави, и двете екипи беа незгодни противници за сите, но сепак Лирија немаше одговор за ФЕНИ, додека Торус немаше среќа против МЗТ.
Од новите правила за млади кошаркари, се најдоа по неколку таленти како Стајиќ, Горјан Марковски, Крстевски итн...
Сепак според мене ова беше тотално промашен проект, и се надевам дека во иднина ќе има некое правило кое ќе го ограничи бројот на странците, а не правило кое им наложува на екипите да имкаат младинец во првите 20 минути во екипата
Куманово истотака имаше солидна сезона. Плус пеколот во салата им донесе многу победи над големите фаворити. Штета што не го задржаа и Јелисиевиќ инаку очекував да влезат во плејофот...
Работнички беше погоден од повредата на Мираковски, потоа финансиски колапс, па завршија на 6-тата позиција, мислам дека нивни најслаб пласман досега...
Имаа солиден тим едно време, ама по одењето на Тасовски паднаа во вода сите надежи.
Вардар изигра добра сезона. Радуле и Штерјов ја носеа екипата засилена со многу млади играчи, а и тимот на Кожуф си ја оствари целта - опстанокот...
За Аба нема што да се трошат зборови...
Не сум сигурен колку се искористија придобивките од 4-тото место на ЕП во Литванија. Се зголеми рекламата за мечевите, салите беа полни, сите навивачки групи се преориентираа од мртвиот фудбал на кошарката. Но реално иако очекувавме голем квалитет на лигата, сепак освен израмнетост во квалитетот, не висдовме нешто особено...
Секако финалето помина со стандардни селски препукувања и плукања по противникот, нешто што мора да се искорени...
МКФ имаше двојни стандрди, како и секоја друга федерација имаше двојни аршини кога се работи за Албанските навивачки групи...
Ех да освоеше МЗТ титула пред десетина години сигурно вечерва ќе бев во Аеродром. Уште ми се вртат муабетите со другари од средно што ќе се случува во Аеродром ако МЗТ земе титула
Затоа се радувам што титулата отиде таму, пошто знам колку се залагаа за групата и за тимот, пошто знам дека со години го чекаа моментов
Можам да замислам што прават сега
Поминав доста време подржувајќи го МЗТ, може сум и меѓу ретките од форумов што како мало дете се радувал на претходната куп титула во 2000 година. Уште бев мал па си гледав од дома, и знам дека го искршив креветот од радост
Колку пати сум се карал со цело маало околу ривалтсвото на МЗТ и Работнички, и којзнае колку ремет сум изел низ тие години особено дур бев основно
Поминаа многу години, со тек на време поради преписките на навивачките групи, емоциите како да се избледеа, али сеуште ме радува секој успех на МЗТ, но не во толкав интензитет како порано кога бев ептен напален
Може јас сум бил малерот овие години
Фемили напредуваа бајаги во овие години и целосно ја заслужија титулата.
Уживајте момци, МЗТ е шампион, баталете ги злите јазици околу партиските муабети