На гугл веќе е нов тренер на Рома, нормално не верувам во тоа, ама сигурно дека има нешто, се шпекулира дека Енрике донел одлука да не продолжи со Рома, плус Боаш изјавил дека веќе знае кој тим ќе го тренира наредната сезона, па така да некој работи се поклопуват ...
-како и да е мене поважно ми е ова лето како ќе се засилиме, посебно во одбраната со крилни и централни бекови .. знаеме дека во филозофијата и тактиката на Енрике, најсалаба страна е одбраната, затоа ни требаат многу квалитетни дефанзивци, оваа мана во тактиката на Енрике кога ќе се спои со и онака лошите дефанзивци кои се на располагање се причините што оваа година Рома изгледаше булшит во одбрана, плус Бурдисо го немавме цела година у Хуан пола година, а Кјаер разочара .. сите тие работи се поклопија и го направија Енрике "лош" тренер, а многу заборавија дека Рома ова лето купи 13 играчи од кои 7-8 играат во прв тим редовно, плус заедно никој немат играно, плус повеќето се млади и неискусни, не само на Сериа А воопшто земено во играње фудбал ... знам дека и Енрике за некој работи бил директен кривец, ама не толку много како што го направија поголем дел од фановите на Рома, се навикнаа да го окривуваат за се, на средбата со Наполи Енрике им беше крив што Кавани и Зунига постигнаа евро голови, а не Кјаер кој го беше страв да му тргне на Кавани и да проба да му ја земе топката, нормално ќе го биде страв, бидејќи во таков случај може да биде поминат доколку се доблизи на него премногу, затоа реши да го чека и да проба да го маркира, но доколку Кјаер не е комплетен дефанзивец, не значи дека и Кавани не е комплетен напаѓач, човекот знаеше дека неможе да го помине Кјаер, ама затоа упати убаво изработен школски шут .. затоа не сакам Кјаер да остане во Рома, НЕ за тие 7мил кои треба да се платат, доколку го дадат уште една година на позајмица, тогаш може, и затоа сакам квалитетни и комплетни дефанзивци ..
-можевме ние оваа година да го донесеме ограничени италијански тренери(Дел Нери,Донадони,Козми или да го вратевме Раниери) кои знаат добро да ја постават одбраната, ама што натаму со нив ?? такви неможат да видат голем клуб и да освојуваат титули, додека Енрике е тренер со големи амбиции и квалитети, има добра замисла за играње на фудбал, има харизма за биде голем тренер и води голем тим!!
--- надополнето: 2 мај 2012 во 16:31 ---
Сепак многу не му се нервирам, бидејќи знам дека имаме добра иднина !!
1. Roma 22-4-0 95-23 70p
2. Lazio 19-5-2 93-20 62p
3. Palermo 18-4-4 60-31 58p
4. Catania 15-1-10 48-39 46p
5. Napoli 13-6-7 41-38 45p
-Значи последните неколку години на младинците на Рома им нема рамни, сега влегуваме во завршницата од Примавера првенството, а очекувам повторно да бидеме шампиони, а како за потсетување Купот е веќе наш !!!