Неколку претпоставки се испоставија како точни.
1. Албанци се - без разлика дали се радикални исламисти или не.
2. Сепак постоеле(постојат) терористички организации во регионот на границата со Косово, ко што процуре некоја информација на македонскиве медиуми. Друг битен факт - МВР лажеше.
3. Затоа цело време имаше специјалци по улиците на Скопје, а и дел од граничната полиција што го обезбедува тој дел беше мобилизирана.
4. Надворешни сценарија (српско и грчко) се покажаа како невистинити.
Во секој случај, МВР треба да се запраша дали има контрола над селата во линијата Гостивар-Тетово-Скопје-Куманово. Не ме чуди и поврзаност на луѓе од Косово во ова. Дефинитивно затаила ДБК или пак не сериозно ги сватила “шпекулациите“ за терористи во Липково. Можеби да се спроведеше тогаш истрага и да беа фатени, немаше да се случи масакрот. Очекувам сериозно да се зафатат со сузбивање на терористиве во корен, за да не дојде до одново убивање на невини цивили.
Инаку тоа дали се баш тие убиците може многу лесно да се открие. Ке се споредат биолошките и балистички траги и веднаш можат да знаат кој учествувал.