Ok, но има и други страни на паричката... Што ако е манипулативна кучка и со калкулирањето со невиноста има совршен параван за сите нејзини потфрлувања како идна сопруга?! Не ја бива во кревет, не ја бива за готвење и сите останати активности како домаќинка, не е внимателна мајка на твоите деца, ти ја мрази цела фамилија и друштво, ама еј, ти си гордиот сопственик на - парче пробиена мембрана... И не ти текнало дека зад цела таа драма на чедност, може и да ја крие сопствената асексуалност или фригидност, бидејќи очувана 30 год. девица звучи некако, во најмала рака, сомнително? И прв, не значи неминовно и последен, а бракот и не е семоќен во однос на очувањето на неговата светост (или што и да е тоа...)...
Така да целата среќа на врските и браковите не е мерлива само на овој начин, а тоа што и кој е прав маж и жена, е премногу субјективно.
Јас почитувам постоење еден единствен партнер, да се разбереме, ама во случај кога на девојката и‘ е прв дечко или прв со кој била интимна и стапиле во брак. Ама, таа не го уценувала со брак за да бидат интимни ни манипулирала со невиноста, едноставно биднало. Ама, вакви случаи, јас лично познавам само 2 пара и толку.