150 евра плата ли е?

Плата од 150 евра доволна ли е за нормален живот?


  • Вкупно гласачи
    169
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не по дифолт, али 90% да.
Ботом лајн, да не си трошиме време и ти и јас, ти сметаш дека 150 евра плата е доволно за нормален живот?
Ако одговорот е потврден тогаш нема што повеке да дискутирам со тебе.
Нигде не спомнав дека 150 евра е доволна плата напротив дека не можеш ни основните потреби да ги задоволиш а не па нешто повеќе.
--- надополнето: 30 април 2012 во 15:56 ---
Нигде не спомнав дека 150 евра е доволна плата напротив дека не можеш ни основните потреби да ги задоволиш а не па нешто повеќе.
А инаку друже од вакви ставови како твоите дека 90% од македонските бизнисмени се криминалци не може да тргне државата напред ,ако некој на запад отвори компанија тој е супер граганин кај нас ако некој отвори компанијатој одма е или транзициски богаташ или партиска книшка или слично и после се чудиме зошто македонските бизнисмени не инвестирале во Македонија. Не дека се сите бизнисмени душички ама далеку од умот е да кажуваш дека 90% се такви . И плус немаш кредибилитет да збориш за тоа зошто како што кажа сам не ти се работадавците македонци па да можеш да судиш какви се, нормлано чим работиш за странци нив ќе ги фалиш а нашите ќе ги кудиш.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Гледам мешате баби и жаби, некои упорно тврдат дека во Македонија скоро сите биле сиромашни, а други пак тврдат дека мнозинството живееле солидно(автомобили, одмори, кафани, кафичи, гардероби, мобилни и.т.н.) ........... видете се зависи во каква средина/околина живеете, се движите, работите ........... постојат средини каде што навистина е ретко човек да види кола испод 15/20 илјади евра, трошма куќарка и сл. но тоа се средини/маала каде што живеат поситуирани луѓе и нормално се добива впечаток дека сите се богаташи, од друга страна пак постојат и средини каде што ретко е пак да видиш убава/нова куќа, нова кола и сл. тоа се средини каде грото од населението е посиромашно и затоа се добива впечаток дека сите се сиромашни, значи зависи од тоа каква средина земате да ја анализирате !
Е сега што се однесува до одењето во Грчка, ако не сте знаеле и не сте чуле, секое лето во Грција на летување одат околу половина милион Македонци, а од 2 милиони жители, половина милион му доаѓа 25%, а не 2% .......... е сега што се однесува до автомобилите, смешно е така да се размислува, да се разбереме автомобилот денеска не е луксуз, туку основна потреба/алатка, исто како и компјутерот/интернетот, мобилниот и сл. е сега да возиш автомобил во МКД од 50 или 100 илјади евра, па еве нека е и од 20/30/40 илјади евра, ај да речеме дека е луксуз се слагам, но не ми е јасно како може некој да каже дека автомобил од 10-15 илјади евра бил луксуз ............... е сега што се однесува до одење по кафани, кафичи и сл. тоа си е веќе до личен вкус, има луѓе и кои солидно заработуваат, па ете не се кафански типови, значи тоа си е веќе лично право дали ќе јадеш и пиеш по ресторанти, кафани, кафичи или пак по дома ............. мобилниот телефон исто така е потреба, а не луксуз, но мобилниот се користи за потреби, а не за заебанции и зборење на празно .......... е сега што се однесува до имотот(куќа/стан), ако имаш пари гради, проширувај, реновирај, ако немаш пари ништо ... тоа е тоа !
Е сега пиењето алкохол(прекумерно) како и коцкањето се крајно негативни работи и претеризам, како на финансиско ниво, така и на здравствена база !
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Нигде не спомнав дека 150 евра е доволна плата напротив дека не можеш ни основните потреби да ги задоволиш а не па нешто повеќе.
--- надополнето: 30 април 2012 во 15:56 ---

А инаку друже од вакви ставови како твоите дека 90% од македонските бизнисмени се криминалци не може да тргне државата напред ,ако некој на запад отвори компанија тој е супер граганин кај нас ако некој отвори компанијатој одма е или транзициски богаташ или партиска книшка или слично и после се чудиме зошто македонските бизнисмени не инвестирале во Македонија. Не дека се сите бизнисмени душички ама далеку од умот е да кажуваш дека 90% се такви . И плус немаш кредибилитет да збориш за тоа зошто како што кажа сам не ти се работадавците македонци па да можеш да судиш какви се, нормлано чим работиш за странци нив ќе ги фалиш а нашите ќе ги кудиш.
Државата не може да тргне баш од тие криминалци, а не од ставови какви што се моите. Ставови како ставови, ги кажуваме, кој ке ги прочита ке ги прочита, кој не, нема, и на крај никому ништо нема да направат тие ставови. Али ајдуците ја доведоа државата на степен каков што е.
И потполно имам кредибилитет да зборам за македонските работодавачи, затоа што предходно сум имал и такви.
А странциве ако се за фалење ке ги фалам, ако се за кудење ке ги кудам, не сум венчан за нив па да ги величам до небо.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Епа ебати таквиот живот ебати.
Кафето било луксуз :facepalm::facepalm::facepalm:
А во западна европа со 10-пати поголеми плати се мисли два пати дали да седне да пие кафе на центар, што кај нас не е случај, зависи начинот на мислење!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Што дискутирате дали идење на кафе е луксуз темата е дали е 150 евра плата.

150 евра е плата ако работиш скоро ништо како да оставаш флаери по сандачиња преку вечер па да ти се фати како втора работа и додатен приход или пак да ти е како келнер толкава а останатото од бакшиши.Али 150 евра да зимаш во индустрија или каква било работа каде треба да си по 8 саати дневно на работно место НЕ Е ПЛАТА
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Па не ни вреди бе да отварате дискусија дали се доволни 150евра месечно макар и за преживување.
 
M

Moon Child

Гостин
Види луксуз ти е релативна работа за некој што има приходи од 500 евра па нагоре кафе на ул.Макекедонија и не е некој луксуз ама за некој што зема 150-200 евра плата да луксуз е да пие кафе на ул.Македонија ,затоа што едно кафе да пие таму му е околу 90 денари плус превоз да стигне да центар ако е со кола рачунај плус 90 денари минимум за бензин, плус ако не сака да му ја дигне пајак колата плус минимум 70 денари паркинг, значи со кола да идеш до центар и да пиеш кафе на ул.Македонија ќе те чини 180 денари(90денари кафе, 90 денари гориво) а ако плаќаш и парикинг задоволството може да достигне цена и од 250 денари , а најеконмичната варијанта да пиеш кафе од 90 денари во град е 2 пати по 25 денари да платиш за приватен автобус значи 140 денари. И да за плата од 150 евра некој да плаќа 1,5 евро за кафе и 1,5 евро за бензин без притоа да плати паркинг да луксуз е за неговиот стандард.
И сето тоа е потреба или луксуз? Тешко тебе ако го сметаш за луксуз. Како што кажав, тоа покажува на кое дереџе е македонскиот народ.
Абе девојче е она, неа ја частат :pos:
Не си интересен.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
А во западна европа со 10-пати поголеми плати се мисли два пати дали да седне да пие кафе на центар, што кај нас не е случај, зависи начинот на мислење!
Е друже, ама ти дали го знаеш Македонскиот феномен ......... две децении нож до коска(како што викаат некои) ..... 30% невработеност, 30% сиромаштија ........... а навистина ретко гледам низ градов Застави, Југовци, Лади ........ се градат нови куќи и згради на секое ќоше, кафаните/кафичите(во Центар) се полни и тоа 102,3%, шопинзи пак пројди низ Рамстор, ГТЦ, Веро ............ летно време пола и више Скопје е ван Скопје, а и ван Македонија ............ мобилките на уво, гардеробичка, автомобилче ........ незнам како е во Радовиш, Пробиштип и во Берово, Делчево .... но во Скопјево е турбо, барем во поголемиов дел од СК.(урбан дел) ............. сиромаштија има, но дека мнозинството биле сиромашни многу не верувам во тоа, со оглед на тоа што секојдневно го гледам/приметувам со мои очи .......... многумина работат на црно, не пријавуваат приходи, во државава имаме 50% сива економија друже ........ а што се однесува до луксузирање, јас работам скоро 5 год. па во овие пет години имам купено само компјутер(600е) и еден мобилен(од 7 илјади) и тоа уште пред 3-4 години, на кафе не сум седнал од питај-бога, последен пат во Грција сум бил со семејството во 1999 год. а во Охрид последен пат сум бил пред 2 год., кафе си пијам или по дома или на работа, е сега цигари пушам, но алкохол и коцка ЈОК ........ се си зависи од особата друже, не секој сака и има време да ѕвизди цел ден-ноќ по кафичиња, кафанчиња и сл.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Едно е факт дека богатите се луксузираат и нормално тоа е револт кај секој човек бидејќи тие сметаат дека се над законот но ако се влоши состојбата во Македонија и чашата се прелие тие први ќе бидат на удар сепак се си има крај.

Ова ко да сме ко Глембаеви у театар

Гадафи беше цар и тоа 40 години но не остави ништо за другите генерации сите му ги сотреја нека биде тоа за лектира.

Сепак егоизмот и потребата од уште се всадени во општество на капитализам.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И сето тоа е потреба или луксуз? Тешко тебе ако го сметаш за луксуз. Како што кажав, тоа покажува на кое дереџе е македонскиот народ.

Не си интересен.
Како прво од Велес си не си од Скопје кога ќе осетиш на своја кожа да дадеш 90 денари за кафе во центарот на Скопје едно литро гориво 90 денари да потрошиш до центар и уште паркинг да платиш 70 денари ќе ме сфатиш што зборам. Лесно е во Велес за пола саат пешки стигаш од еден до друг крај на градот и кафето сигурно не вие од 90 денари па нагоре, и сигурно не плаќате паркинг од 70 зошто се ви е блиску ниту трошите гориво да поминете 5 км во еден и 5км во друг правец да стигнеш до центар. Или најефтина варијанта кафе 90 во центар и автобус пкус 50 денари 140. Така да не ми објаснувај што како е во Скопје.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Е друже, ама ти дали го знаеш Македонскиот феномен ......... две децении нож до коска(како што викаат некои) ..... 30% невработеност, 30% сиромаштија ........... а навистина ретко гледам низ градов Застави, Југовци, Лади ........ се градат нови куќи и згради на секое ќоше, кафаните/кафичите(во Центар) се полни и тоа 102,3%, шопинзи пак пројди низ Рамстор, ГТЦ, Веро ............ летно време пола и више Скопје е ван Скопје, а и ван Македонија ............ мобилките на уво, гардеробичка, автомобилче ........ незнам како е во Радовиш, Пробиштип и во Берово, Делчево .... но во Скопјево е турбо, барем во поголемиов дел од СК.(урбан дел) ............. сиромаштија има, но дека мнозинството биле сиромашни многу не верувам во тоа, со оглед на тоа што секојдневно го гледам/приметувам со мои очи .......... многумина работат на црно, не пријавуваат приходи, во државава имаме 50% сива економија друже ........ а што се однесува до луксузирање, јас работам скоро 5 год. па во овие пет години имам купено само компјутер(600е) и еден мобилен(од 7 илјади) и тоа уште пред 3-4 години, на кафе не сум седнал од питај-бога, последен пат во Грција сум бил со семејството во 1999 год. а во Охрид последен пат сум бил пред 2 год., кафе си пијам или по дома или на работа, е сега цигари пушам, но алкохол и коцка ЈОК ........ се си зависи од особата друже, не секој сака и има време да ѕвизди цел ден-ноќ по кафичиња, кафанчиња и сл.
Тоа што го набраоја со мобилките, Веро итн е така пошто на македонецот једини луксуз (ако може така да се нарече) со тие плати му преостанува тоа, за друго не може да си дозволи, факт.

Додека на запад имаат поголеми палти луѓето, но западот знае и како да ти ги "земе" у смисла, поголем избор на културни програми, екскурзии низ Европа, евтини техники, и ред други ствари каде што под дејство на рекламата граѓанинот ќе купи нешто што не му треба!

Сакав да кажам дека 150 евра во никој случај не можеш да ги наречеш плата, туку поприлега "социјална помош"
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Едно е факт дека богатите се луксузираат и нормално тоа е револт кај секој човек бидејќи тие сметаат дека се над законот но ако се влоши состојбата во Македонија и чашата се прелие тие први ќе бидат на удар сепак се си има крај.

Ова ко да сме ко Глембаеви у театар

Гадафи беше цар и тоа 40 години но не остави ништо за другите генерации сите му ги сотреја нека биде тоа за лектира.

Сепак егоизмот и потребата од уште се всадени во општество на капитализам.
Остај го ти Гадафи со преку 50 милијарди богатство, како прво што е тоа и кој е тоа богат човек ............ ако некој вози кола од 10-15 илјади евра е богаташ ? Ако некој живее во нормална и нова куќа е богаташ ? Ако некој работи и заработува(солидно) за просечен живот е богаташ ?
Ако некој работи во канцеларија сигурно е богаташ ?
Друже богаташи се оние што имаат големи фирми, компании, фабрики или пак оние што ја водат државата, како и тесен круг околу нив, немислам и не би рекол дека богаташ е секој доктор, хирург, инженер, професор, економист, правник и.т.н. Ако некој работи, заработува солидно и живее солидно тоа не значи дека спие на пари по дома и е пун ко шеик !
 
M

Moon Child

Гостин
Како прво од Велес си не си од Скопје кога ќе осетиш на своја кожа да дадеш 90 денари за кафе во центарот на Скопје едно литро гориво 90 денари да потрошиш до центар и уште паркинг да платиш 70 денари ќе ме сфатиш што зборам. Лесно е во Велес за пола саат пешки стигаш од еден до друг крај на градот и кафето сигурно не вие од 90 денари па нагоре, и сигурно не плаќате паркинг од 70 зошто се ви е блиску ниту трошите гориво да поминете 5 км во еден и 5км во друг правец да стигнеш до центар. Или најефтина варијанта кафе 90 во центар и автобус пкус 50 денари 140. Така да не ми објаснувај што како е во Скопје.
Да, кафето во Велес е поефтино, ама прашај ме колку е платата во Велес? Знаеш дека има луѓе по конфекциите што работат за 6000 денари, и тоа и таму за да влезеш врски ти бараат (been there done that)? По трафики за 5000 работат, по кафичи до 7000 најмногу, останатото се е таксисти што се избркани од фабриките па од немај каде такси земале да возат, и тоа стартот со такси е 30 денари. И ти мене ќе ми кажуваш мене каде е полошо? Ако сакаш да се смениме, дојди ти овде во овој пропаднат индустриски град живеј, јас ќе дојдам во Скопје, ќе работам келнерка, ама ќе зимам дупло плата од она што го земав во Велес, за истата работа.
Ако тебе ти се доста 150 евра плата мене не ми се. Ако ти кафето го сметаш за луксуз јас не го сметам. Ако бензинот го сметаш за луксуз јас го сметам за потреба. Ако ти се помируваш со оваа ситуација и велиш ќути има и полошо, пробуваш да се прилагодиш, јас не планирам. Ако треба ќе ринтам како коњ цел живот ама никогаш нема да се задоволам со 150 евра плата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom