Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа

Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE2FC66601E3EC4BB33D9925ABCFE99C

Ограбени три цркви во тетовско и кичевско

Мета на крадците биле две цркви во селото Непроштено, тетовско и една во селото Тајмиште во близина на Кичево. Освен што украле пари, разбојниците ги уништиле и влезните врати во храмовите, соопштува полицијата.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90310
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
24 април 2012 - 11:49 AM
АИ ја осуди дискриминацијата на муслиманите во Европа

Амнести Интернешенал(АИ) во извештајот објавен во вторник ја осуди „дискриминацијата" на муслиманите во европските земји како Франција и Белгија, како и политичката експлоатација на „предрасудите".

Во извештајот фокусиран на Франција, Белгија, Холандија, Шпанија и Швајцарија, Амнести Интернешенал ги повикува европските влади „да направат повеќе во соочувањето со негативните стереотипи за муслиманите, разгорувајќи ја дискриминацијата, првенствено во образованието и бизнис заедницата".

„Наместо да ги осудат тие предрасуди, политичките партии ги охрабруваат во трката за изборни гласови", оцени Марко Перолини од АИ.

„Одбиваат да ги запослат муслиманките, а муслиманските девојки не можат да одат во училиште само затоа што носат традиционална облека како марамата", вели Перолини. Тој додаде дека мажите можат да бидат отпуштени заради носењето брада, која се поврзува со исламот.

Во Франција, Белгија и Холандија на работодавците им е допуштена, со што се крши европското право, дискриминација на муслиманите под изговор дека „религиозните или културните симболи ќе ги иритираат колегите или клиентите", заклучува организацијата за заштита на човековите права.

Европското законодавство на тоа подрачје „се чини неефикасно бидејќи забележуваме сè повисока стапка на невработеност меѓу муслиманите, посебно кај муслиманките со странско потекло", констатира Перолини.

Во извештајот насловен „Избор и предрасуди:дискриминација на муслиманите во Европа", објавен по два дена од историскиот резултат на крајната десница во Франција, АИ инсистира на фактот дека „носењето симболи, верска или културна облека, е дел од правото на слобода на изразот". /крај/хн/ст

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина
или во делови без договор со Мakfax.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Шест цркви за три дена!

Ограбени три цркви во тетовско

Во тетовската полиција се пријавени тешки кражби извршени во црквата во с. Отуње и во две цркви во Џепчиште.
Непознат сторител насилно влегол преку влезната врата во црквата Св. Ѓорѓија во с. Отуње при што одзел 600 денари оставени во дрвена кутија за доброволен прилог.
Во вториот случај непознат сторител го погодел алат го откорнал дрвениот прозорец од олтарот на црквата Св. Атанасије и отаму влегол внатре и украл 200 денари.
Во Џепчиште крадец влегол и во црквата Св. Богородица и оттаму одзел незначителен износ на пари.
Тетовската полицијата трага по сторителите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Хронологија на настаните:

- пред 6 дена:
„Сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи. Се надеваме дека разумот ќе надвладе и ќе ја прекинете ова ѓаволска игра. Децидно и јасно сме истакнале дека не се согласуваме поточно, муслиманите на градот Скопје и на целата држава, не се согласуваат на локацијата на срушената Бурмали Џамија повторно да се изгради Офицерскиот Дом, кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор“, се вели во соопштението од ИВЗ.

- пред 5 дена:
Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа
Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.​
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.​
Ограбени три цркви во тетовско и кичевско
Мета на крадците биле две цркви во селото Непроштено, тетовско и една во селото Тајмиште во близина на Кичево. Освен што украле пари, разбојниците ги уништиле и влезните врати во храмовите, соопштува полицијата.​
- пред 3 дена:
Во тетовската полиција се пријавени тешки кражби извршени во црквата во с. Отуње и во две цркви во Џепчиште.
Непознат сторител насилно влегол преку влезната врата во црквата Св. Ѓорѓија во с. Отуње при што одзел 600 денари оставени во дрвена кутија за доброволен прилог.​
Во вториот случај непознат сторител го погодел алат го откорнал дрвениот прозорец од олтарот на црквата Св. Атанасије и отаму влегол внатре и украл 200 денари.​
Во Џепчиште крадец влегол и во црквата Св. Богородица и оттаму одзел незначителен износ на пари.​
Тетовската полицијата трага по сторителите.​
- пред 2 денa:
Ограбени две цркви во Тетовско
Црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае и црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало ограбени се изминатото деноноќие.​
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, вчера засега непознати сторители го скршиле катинарот од влезната врата на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае, по што одзеле 1.000 денари од касата и иконите, и без да нанесат други оштетувања избегале во непознат правец.​
Во текот на ноќта, исто така непознати сторители провалиле и во црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало, на патот за месноста Бањиче и одзеле околу 4.000 денари.​
- Тие го оштетиле и лимениот покрив од помошниот објект, крстилницата веднаш до црквата, не не успеале да влезат во него, рече Јосифовски.​
Полицијата извршила увид на двете места и работи на откривање на сторителите.​
- вчера:
Разбојници го ограбиле манастирот „Свети Илија“ во скопско и две цркви во Тетово и во Маврово, соопшти полицијата.
Манастирот „Свети Илија“ во скопското село Ракотинци бил ограбен во периодот од 10 до 26 април. Разбојникот украл неколку икони и избегал.​
Црквата „Пресвета Богородица“ во селото Леуново, на брегот на Мавровското езеро, била ограбена во периодот од 18 јануари до 26 април.​
Разбојникот зел копач, ја провалил вратата, влегол внатре и украл 6.000 денари.​
Третата кражба се случила синоќа во црквата „Свети Димитрија“ во Тетово. Разбојникот со тврд предмет го отворил катанецот од влезната врата, ја пребарал црквата и украл 900 денари.​
Полицијата трага по крадците​
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Фатен ограбувач на цркви, илегалец во Македонија
Приведениот е државјанин на Албанија и во Македонија престојувал непријавен. Другите двајца избегале
Три лица биле пресретнати од полицијата откако се обиделе да извршат кражба во црквата Свети Никола во тетовската населба Колтук. Претходно тие ја ограбиле и црквата Свети Димитрија на православните гробишта во Тетово. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски во полициската интервенција било фатено едно лице додека две од групата успеале да избегаат и полицијата трага по нив.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Самоубиствен и бомбашки напад во Нигерија – мета медиумите

Најмалку седуммина загинаа во самоубиствен напад со автомобил бомба вчера во нигерискиот главен град Абуџа. Цел на нападот биле канцелариите на највлијателниот и најголем дневен весник во земјата Дис Деј.
Речиси истовремено е фрлена бомба врз канцелариите на овој и на уште два други весници во градот Кадуна при што 26 луѓе се повредени. Одговорноста за обата напади ја презеде радикалната исламистичка секта Боко Харам, а нападите биле поради, како што наведе нивниот портпарол, погрешно информирање. Само ова година Боко Харам стои зад убиството на над 440 луѓе во Нигерија.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Денес, весник во државна сопственост на Египет - Ал Ахрам објави мислење од Амр Абдул Самеа, поддржувач на соборениот Хосни Мубарак, вест која е бомбастична: „Парламентот на Египет го разгледува донесување на закон со кој ќе им овозможи на мажите да имаат секс со своите сопруги по смртта“. Таа вест наскоро беше спомната на англискиот јазик на верзија на Ал-Арабија и веднаш почна да се шири на социјалните мрежи и сајтови. Попладнево се постави по вести и сајтови и остатокот од интернет како еден оган кој се шири. Таа вест има едно нешто како позадина: Факторот ,- "оние гадни муслимани" , и фактор битен за оние со болна смисла за хумор. Но едно нешто нема - факти кои се проверени. „Дејли Мејл“ го презеде и пријави како факт. Потоа Андреј Саливан, кој има високо влијателни блог, но е често лабав за проверка на фактите, даде поттик некритички да се земе. Пост Хафингтон исто така ја проследи.

Има секако еден проблем: Шансите за секој таков предлог на закон да се разгледува од страна на Египетскиот парламент за гласање е нула. И шанса за тоа некогаш да помине е помалку од тоа. Всушност, високо скептични сум дека некој дури и да се обидуваат да го унапреди ваквиот предлог закони преку парламентот на Египет. Спремен сум некој да ме негира по ова прашање. Можно е дека има еден или двајца пратениците целосно надвор од чекор со повеќето од парламентот. Можеби.

Доказите во моментов колку се?
Нула.

Постоеше еден Марокански свештеник пред неколку години , кој тогаш даде некаква си фетва(исламски правен акт) дека мажот останува женет во првите 6 часа по смртта на сопругата. Но, тој е далеку и далеку надвор од работ на исламските настани . Но, на каков раб е тој? Па тој, исто така повикуваше бремените жени да можат да пијат алкохол. Запомнете, алкохолот се смета за харам, забранет, од огромното мнозинство на муслиманските научници во светот(99,9%). Ставањето на неродено дете во ризик, за да се опиеш?
Важно е да се запамети дека структурата на муслимански свештеници е во голем број, како и кај протестантските христијански секти. Секој може да се се декларираат како проповедник. Треба да се обрне внимание на оние кои имаат голем број следбеници или кои имаат поврзаност со главните учења на Исламските институции. Проповедникот во Мароко е како проповедникот во Флорида кој поминал толку многу време и енергија во јавното палење на Куранот.

Приказните како оваа се потсетник за недостатоци на интернетот. Но, проверката на фактите и следењето на истите треба да биде полесно за тој кој бара. Зголемувањето на бројот на сајтови, интересни блог сајтови, како и општата ерозија на уредувачки стандарди, исто така е причина да се шири ѓубрето и глупоста побрзо отколку што некогаш би можеле да замислиме порано.

The Christian Science monitor
(Најпознат христијански сајт)
 
Донекаде точно но не сосема. Зошто? Затоа што земјите со доминантно муслиманско население се недемократски или евентуално во процес на транзиција.Затоа не е исто кога изјава ќе даде пастор од Флорида САД (каде што секој може да стане пастор) или пак оџа/имам од Саудиска Арабија каде што шета верска полиција и забранува жена да вози или некој да шета без бркови. Сакам да кажам многу потешко даваат изјави верски лица од муслимански земји и затоа истите имаат "тежина" за разлика од некој христијански свештеник од САД.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Ракетен напад на црква во Кенија

Властите во Кенија соопштија дека едно лице загинало а петнаесетмина се повредени во ракетен напад на црква во градот Набори, главниот град на источноафриканската земја. Претставници на тамошната организација на Црвениот крст велат дека петмина од повредените се во тешка состојба. За сега никој нема превземено одговорност за нападот. Полицијата смета дека напаѓачот бил од црквата која била нападната. Не е јасно дали постои поврзаност со тероризам.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Парламентот во Египет се подготвува да донесе контраверзен закон според кој на мажите би им било дозволено да имаат сексуални односи со своите жени до 6 часа по нивната смрт.

Овој предлог закон предизвикал огорчување на женските групи и Националниот совет на жените во Египет кои велат дека ова е маргинализација на положбата на жените во друштвата.

„Опрошталниот секс“ како популарно се нарекува овој предлог, прв пат бил на разгледување во 2001-та година кога мароканскиот свештеник предложил сексуалниот однос да остане легитимен дури и по смртта на мажите или жените.

Донесување на овој закон е во склоп со реформите кои ги спроведува парламентот на Египет а се планира и минималната старосна граница на девојките кои стапуваат во брак да се намалина 14 години.

Нигерија: 15 лица убиени за време на христијанска богослужба

Вооружени лица убиле најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени за време на христијанска богослужба во градот Кано, северниот дел на Нигерија, пренесува Ројтерс.

Според информации од безбедносните служби, вчерашниот напад го извеле вооружени лица кои пристигнале на мотори и фрлиле мали бомби од домашна изработка, а потоа отвориле и оган во просториите на универзитетот каде што се одржувала богослужбата. Сведоци на инцидентот велат дека имало најмалку 15 мртви.

„Јас избројав најмалку 15 мртви тела. Мислам дека сите беа префрлени во една од локалните болници“, изјавил за Ројтерс очевидец кој сакал да остане анонимен. Тој додал и дека многу луѓе биле повредени при нападот.

Се уште никој не презел одговорност за инцидентот кој се случува по серијата слични напади за кои одговорноста ја презеде екстремистичката група Боко Харам.

Оваа група ја презеде одговорноста за смртоносните напади од минатиот четврток во канцелариите на дневниот весник „This day“ во северниот град Кадуна и главниот град Абуџа.
Синоќешниот напад го осуди и официјален Ватикан.

„Последните терористички напади за време на христијанските религиозни обреди се страшни и треба најсилно да се осудат“, се вели во изјавата на портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.

Тој додава и дека луѓето треба да се охрабрат за да не западнат во маѓепсаниот круг на убиствена одмазда.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.970
Поени од реакции
83.306
Босанец планирал терористички напад во САД

Федералниот суд во Њујорк го прогласи за виновен 28-годишниот босански имигрант Адис Медунџанин по обвинение за обид за терористички напад во њујоршкото метро.

Медунџанин се товари за планирање на употреба на оружје за масовно уништување на територијата на САД, за давање поддршка на терористичка организација и за заговор за убиство на американски војници во Авганистан. Во такви случаи казната вообичаено е доживотен затвор.
Медунџанин, кој е американски државјанин и двајца негови соработници, Пакистанецот Наџибула Зази и Авганистанецот Зареин Ахмедзадаи, планирале да извршат самоубиствен терористички напад на денот на осумгодишнината од нападите на 11 септември 2001 година.
Според Обвинителството, тројцата поминале обука во камп на терористичката мрежа на Ал Каеда во Пакистан, пред да започнат подготовки на напад во метрото.
Зази и Ахмедзадаи признаа дека подготвувале терористички напад, додека Медунџанин негира дека учествувал во подготовките. Според Обвинителството, Босанецот требало да биде извршител на нападот.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Околу стотина затворени демонстранти​
После тепачка помеѓу германски неонаци и салафисти во Бон каде што имало и повеќе повредени со нож, германската полиција привела околу стотина демонстранти.​
Против еден 25 годишен демонстрант кој што повредил 3 полицајци од кои 2 тешко, јавното обвинителство поднело оптужба.​
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Парламентот во Египет се подготвува да донесе контраверзен закон според кој на мажите би им било дозволено да имаат сексуални односи со своите жени до 6 часа по нивната смрт.

Овој предлог закон предизвикал огорчување на женските групи и Националниот совет на жените во Египет кои велат дека ова е маргинализација на положбата на жените во друштвата.

„Опрошталниот секс“ како популарно се нарекува овој предлог, прв пат бил на разгледување во 2001-та година кога мароканскиот свештеник предложил сексуалниот однос да остане легитимен дури и по смртта на мажите или жените.

Донесување на овој закон е во склоп со реформите кои ги спроведува парламентот на Египет а се планира и минималната старосна граница на девојките кои стапуваат во брак да се намалина 14 години.

Лажната вест која се шири за закон за некрофилија во Египет

Денес, весник во државна сопственост на Египет - Ал Ахрам објави мислење од Амр Абдул Самеа, поддржувач на соборениот Хосни Мубарак, вест која е бомбастична: „Парламентот на Египет го разгледува донесување на закон со кој ќе им овозможи на мажите да имаат секс со своите сопруги по смртта“. Таа вест наскоро беше спомната на англискиот јазик на верзија на Ал-Арабија и веднаш почна да се шири на социјалните мрежи и сајтови. Попладнево се постави по вести и сајтови и остатокот од интернет како еден оган кој се шири. Таа вест има едно нешто како позадина: Факторот ,- "оние гадни муслимани" , и фактор битен за оние со болна смисла за хумор. Но едно нешто нема - факти кои се проверени. „Дејли Мејл“ го презеде и пријави како факт. Потоа Андреј Саливан, кој има високо влијателни блог, но е често лабав за проверка на фактите, даде поттик некритички да се земе. Пост Хафингтон исто така ја проследи.

Има секако еден проблем: Шансите за секој таков предлог на закон да се разгледува од страна на Египетскиот парламент за гласање е нула. И шанса за тоа некогаш да помине е помалку од тоа. Всушност, високо скептични сум дека некој дури и да се обидуваат да го унапреди ваквиот предлог закони преку парламентот на Египет. Спремен сум некој да ме негира по ова прашање. Можно е дека има еден или двајца пратениците целосно надвор од чекор со повеќето од парламентот. Можеби.

Доказите во моментов колку се?

Нула.

Постоеше еден Марокански свештеник пред неколку години , кој тогаш даде некаква си фетва(исламски правен акт) дека мажот останува женет во првите 6 часа по смртта на сопругата. Но, тој е далеку и далеку надвор од работ на исламските настани . Но, на каков раб е тој? Па тој, исто така повикуваше бремените жени да можат да пијат алкохол. Запомнете, алкохолот се смета за харам, забранет, од огромното мнозинство на муслиманските научници во светот(99,9%). Ставањето на неродено дете во ризик, за да се опиеш?

Важно е да се запамети дека структурата на муслимански свештеници е во голем број, како и кај протестантските христијански секти. Секој може да се се декларираат како проповедник. Треба да се обрне внимание на оние кои имаат голем број следбеници или кои имаат поврзаност со главните учења на Исламските институции. Проповедникот во Мароко е како проповедникот во Флорида кој поминал толку многу време и енергија во јавното палење на Куранот.

Приказните како оваа се потсетник за недостатоци на интернетот. Но, проверката на фактите и следењето на истите треба да биде полесно за тој кој бара. Зголемувањето на бројот на сајтови, интересни блог сајтови, како и општата ерозија на уредувачки стандарди, исто така е причина да се шири ѓубрето и глупоста побрзо отколку што некогаш би можеле да замислиме порано.

The Christian Science monitor
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom