Се зависи од тоа што ќе биде со Флечер следната сезона затоа што вирусот кој го има е стварно сериозен и сеуште не е потвредено кога се враќа, дали би се вратил или не. Тоа е полемиката на САФ. Исто, оваа сезона се покажа дека не можеме да се потпреме цела сезона на Андо и Клеверли поради нивната склоност кон повреди...Керик влегува во тие години каде што не ќе може скоро секој меч да го игра на константно ниво така да ќе треба да се ротира со него, додека не можеме да се потпреме цела сезона на Гигси и Сколс. Е сега тука е Погба кој ако остане ќе има поголема минутажа следната сезона, но нема да биде стандарден тоа е јасно. Петручи ќе добива шанса како што добиваше Погба оваа сезона, така да и на нив двајца не ќе можеме целосно да се потпреме. По крилата ги имаме Јанг, Нани, Валенсија и Парк...Е сега зошто не поврзуваат со Кагава, Хазард и Гаитан. Сите 3ца можат да играат и бочно и во средина. САФ сака играчи кои се универзални и можат да играат на повеќе позиции и затоа им го има фрлено окото. Е сега ако се доведат сите 3ца според мене Парк ќе лета зошто реално нема да се изнаигра и се виде оваа сезона дека е бледо издание од минатите сезони...Значи според мене клуч околу тоа колку играчи ќе се доведат зависи од тоа дали Флеч ќе се врати и ако се врати колку би можел да придонесе во иднина. Не е лошо да имаме повеќе играчи, напротив тоа ќе биде голем плус за нас затоа што во ПЛ се бараат многу ротации за играчите да го дадат својот максимум...Еве прост пример со одбраната и нападот...И да се повреди некој одма имаме адекватна замена. Останува да видиме за 1 месец со што ќе не изненади стариот зошто вакви трансфери секогаш договара на крајот од Мај или почетокот на Јуни...