150 евра плата ли е?

Плата од 150 евра доволна ли е за нормален живот?


  • Вкупно гласачи
    169
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
150 евра плата ли е?


На секоја одговорна влада репер треба да и биде добробитта и задоволството на народот што ја избрал.

За 20 години самостојност досегашните македонски влади не ја поведоа државата по патот на развојот и напредокот. Се што знаат нашите властодржци е да се споредуваат едни со други, кога всушност и покрај тоа што се менуваат партиите на власт, непродуктивниот систем на раководење останува.

Тоа што граѓаните на Македонија веќе во неколку наврати и даваат предност на ДПМНЕ зборува за тоа колку на луѓето им е опротивен држалникот Црвенковски а не дека менаџирањето на визионерот Груевски е исправно.

Луѓе (политичари), зарем не ви е срам?
150 евра плата ли е?
Зарем не знаете подобро да ја менаџирате и да ја организирате државата?

Луѓе (граѓани), зарем не ви е јасно дека за тоа што ни се случува сме одговорни самите?
Ние избираме да бидеме политички активни, се зачленуваме во една од двете големи опции, потоа чекаме таа партија да не вработи или да ни даде и други бенефиции.
Зарем ако веќе сакате да бидете политички активни мора да се зачлените во една од двете големи партии? Нема ли други?

А зошто воопшто да се зачленувате по партии? Бидете слободни, размислувајте со своја глава - одлучувајте, споредувајте ги програмите на партиите, вашето досегашно искуство, на избори гласајте по убедување, не од потреба.

Ние заслужуваме подобро, секој заслужува подобро.


http://b-n-z-r.blogspot.com/
 
T

Tetro

Гостин
Кој ти е виновен што си смотан и не знаеш да се снајдеш :pos:

150 евра, за сметки и за по едно кафе дневно, а ако сакаш да јадеш нешто ќе си најдеш некоја занимација од која ќе ќариш "екстра"
 

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
150 евра плата ли е?


На секоја одговорна влада репер треба да и биде добробитта и задоволството на народот што ја избрал.

За 20 години самостојност досегашните македонски влади не ја поведоа државата по патот на развојот и напредокот. Се што знаат нашите властодржци е да се споредуваат едни со други, кога всушност и покрај тоа што се менуваат партиите на власт, непродуктивниот систем на раководење останува.

Тоа што граѓаните на Македонија веќе во неколку наврати и даваат предност на ДПМНЕ зборува за тоа колку на луѓето им е опротивен држалникот Црвенковски а не дека менаџирањето на визионерот Груевски е исправно.

Луѓе (политичари), зарем не ви е срам?
150 евра плата ли е?
Зарем не знаете подобро да ја менаџирате и да ја организирате државата?

Луѓе (граѓани), зарем не ви е јасно дека за тоа што ни се случува сме одговорни самите?
Ние избираме да бидеме политички активни, се зачленуваме во една од двете големи опции, потоа чекаме таа партија да не вработи или да ни даде и други бенефиции.
Зарем ако веќе сакате да бидете политички активни мора да се зачлените во една од двете големи партии? Нема ли други?

А зошто воопшто да се зачленувате по партии? Бидете слободни, размислувајте со своја глава - одлучувајте, споредувајте ги програмите на партиите, вашето досегашно искуство, на избори гласајте по убедување, не од потреба.

Ние заслужуваме подобро, секој заслужува подобро.


http://b-n-z-r.blogspot.com/
Со 150евра гз не можеш да избришеш. :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
150 евра плата ли е?
Да, ако ефективно работиш за 50 евра.
Ни еден работодавец не може да ме плати толку малку колку што јас можам малку да работам
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Кој сакаш да искочи на улица и да се залага за подобри услови во било која сфера во Македонија? Не можеш да очекуваш од бескичмењак што лиже гз у некоја политичка партија, лепи плакати, зима 300 евра плата и се слика со Грујо/Бранко, да го направи тоа. Да можеле подобро тие немале да бидат нечии марионети.
Така да гледај снајди се во државава. Ако не, барај чарето надвор-сигурно поквалитетно ќе живееш (ако имаш што да понудиш на пазарот за труд очигледно).
Или па стани си политичар, има доволно глупаци да ги дриблаш.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Не ме бендисува што има премногу политички моменти во воведот на темава иако темава е болна и опширна за дискусија ќе се воздржам од коментирање во таа насока....

Гледано од страна никој кој зема дирекно плата од буџетот не зема толку малку со тоа завршува муабетот дека оние на кои тие им исплаќаат се слабо платени па и не се бунат да речеме...

Спротивно на тоа сите кои земаат плата од приватен сектор најмногу што можат е да добијат одговор од своите газди (ако се луѓе (со морал и одговорност) ) дека “тоа е тоа пријатели, има премногу давачки а премалку заработка, ни за мене ни за вас нема повеќе бидеќи нема од кај да заработиме, високите цени на се не ни оставаат да после нашата работа остане повеќе за сите...“

А ако се газди што заработуваат на грбот на обичните работници ќе имаат по неколку страшни куќи, неколку супер автомобили а на работниците (ако вооптшо некој од нив се осмели да побара повишување) ќе му одговорат “Види момче, јас плаќам толку, ако сакаш повеќе оди најди на друго место работа а со самото тоа што ме праша за плата поголема можи слободно да си ја побараш уште сега оти енеа вратата и терај слободно...“

Низ пелагонијава владее анегдота за времето кога дојдоа првите грци со конфекции, дошол грк некој, зел под кирија некоја пропадната конфекција , подсредил малку и пушта оглас, се бараат толку и толку работнички, работни искуство пожелно ама не и морално, плата најмалку 10 евра дневница за 8 саати а за одговорните и повеќе... веќе следното утре, неколку конфекциски газди од вторит тип погоре спомнат иако тука најлути ривали и непријатели сега заедно му одат на гости на гркот... му викаат “а бе буљаш овие че ти работат за 20-30 денари саат од сабајле до вечер , какви 10 евра на ден, за нив и 5 се многу...“

И така Македончето си пасело си пасело ... (к-15)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Скоро и сите толку даваат 150 евра ... :) а за во помалите градови дури и помалце ... тоа не е плата една сметка за струја и вода и колку за на работа да имаш да јадеш и то. :(
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ако некој член од семејството зема 5000 евра зошто да не се доволни тие 150... :P
 
V

Vollstandig

Гостин
Муабетот е за 150 евра, или околу 9.000 денари? ДА ПЛАТА Е! НЕКОЈ СОНУВА ДА ЈА ЗЕМЕ ТАА. Поголемиот дел од граѓаните во република тиква македонија, работат во конфекции и други приватни фабичишта каде ја утврдија минималната плата од 8.050 денари, што секако не им одговараше на работодавците, па после земањето на платата, мораат да вратат 2.500 денари на работодавецот, што фиктивно на книга има 8.050 денари плата а реално зема околу 6.000 денари зависно од прекувремените саати кои им се платени од 30 до 50 денари.

Како оди принципот во македонија кога отвора странска фирма фабрика овде?
Обично имаат предвидено дека платата што треба да им ја дава е околу 300 евра (според некои научно фантастични пресметки на владата, за просечна плата во мк). Истите тие наши кодоши се први во редот на газдата, каде го советуваат зошто да плаќа поголема плата кога има овци што ќе работат и за 5.000 денари.Нормално со провизија.
--- надополнето: 29 април 2012 во 16:24 ---
Ако некој член од семејството зема 5000 евра зошто да не се доволни тие 150... :P
Тогаш ти нема ни да помислиш да одиш на работа за 150 евра, освен ако работиш како семкар:)
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Не ме бендисува што има премногу политички моменти во воведот на темава иако темава е болна и опширна за дискусија ќе се воздржам од коментирање во таа насока....
Па како да нема политички моменти во темава, кога политиката и политичарите се генератори на сите овие состојби?

Нашите актуелни политичари не држат во заложништво, не` купуваат со ветувања, во подобар случај со вработување.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Ni za kruvi nema da mi ostane puu
 

Kajgana Shop

На врв Bottom