Па правеа пред проблеми Грците пред година две во Албанија, мислам дека ги чкртаа и кршеа таблите напишани на албански јазик. И слични инциденти. Инаку најчудно е што грчкото и македонското малцинство како две најголеми во Албанија меѓусебно се подржуваат во врска со пописот во Албанија.
Па нормално дека ќе се поддржуваат, во Албанија не е признаено ниту едно малцинство, а малцинствата во Албанија(сите заедно) формираат бројка од близу еден милион: Македонци, Грци, Власи и.т.н.
Македонија не смее во никој случај да ги заборави и да се откаже од своето малцинство во соседна Албанија, како што тука кај нас Албанците имаат секакви права, исто такви права треба да имаат и Македонците, Грците, Власите... во Албанија, нели сите се залагаме за Демократија и човекови права !
Но се плашам дека поради репресиите на Албанската држава кои траат цел век, едноставно голем процент од Македонците во Албанија се асимилирани, а и тие што сеуште не се целосно асимилирани, во блиска иднина ќе бидат асимилирани на тој начин што Албанската држава не им дава право да го изучуваат Македонскиот јазик, па дури и ги казнува поради тоа !