Па на некој начин и Реал беше у мизерија кога дојде Мурињо...
Две сезони без титула, шест сезони отпаѓање у осминафинале на ЛШ, многу собрани ѕвезди, недисциплина, измешани приоритети...
Точно е тоа дека од Реал се бара секогаш нешто повеќе... Но и Перез и фановите изгледа научија од грешките, од отпуштањето на Капело... И нив почна да ги засегааат резултатите а не играта со која е дојдено до нив, и трофеите.
Лани имаше свирежи на Бернабе, кога тимот водеше 2/3-0 по првото полувреме, и у второ дигаше рачна да одамрат играчите... Тотално идиотски потег од тие што свиреа, со оглед дека тој период Реал имаше наптревар на секои три дена и дека мораше да се здивне малку. Мислам дека и на почетокот на сезонава на еден наптревар, имаше нешто слично такво... но сето тоа се измени потоа, сега и публиката знае каква е ситауцијата, а и нема што повеќе да бара од тим кој го сруши рекордот на голови, од тим кој игра фантастичен фудбал за око, кој му носи резултати.
Мурињо не е глупав, знае дека неможе со Реал да игра како со Интер, но знае и дека неможе веднаш да наметне ултранапаѓачки стил и против посилните противници. Сето тоа го прави постепено, годинава успеа со пресингот, но за жал не успеа до крај со тоа. Дали поради заморот на играчите или поради друго, незнам... но факт е дека годинава, Реал игра страшен фудбал, најдобар заедно со Баерн сезонава.