Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 44.969
- Поени од реакции
- 83.302
Хронологија на настаните:
- пред 5 дена:
„Сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи. Се надеваме дека разумот ќе надвладе и ќе ја прекинете ова ѓаволска игра. Децидно и јасно сме истакнале дека не се согласуваме поточно, муслиманите на градот Скопје и на целата држава, не се согласуваат на локацијата на срушената Бурмали Џамија повторно да се изгради Офицерскиот Дом, кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор“, се вели во соопштението од ИВЗ.
- пред 4 дена:
- пред 1 ден:
Ограбени две цркви во Тетовско
Црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае и црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало ограбени се изминатото деноноќие.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, вчера засега непознати сторители го скршиле катинарот од влезната врата на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае, по што одзеле 1.000 денари од касата и иконите, и без да нанесат други оштетувања избегале во непознат правец.
Во текот на ноќта, исто така непознати сторители провалиле и во црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало, на патот за месноста Бањиче и одзеле околу 4.000 денари.
- Тие го оштетиле и лимениот покрив од помошниот објект, крстилницата веднаш до црквата, не не успеале да влезат во него, рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид на двете места и работи на откривање на сторителите.

- пред 2 дена:Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа
Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE2FC66601E3EC4BB33D9925ABCFE99C
Ограбени три цркви во тетовско и кичевско
Мета на крадците биле две цркви во селото Непроштено, тетовско и една во селото Тајмиште во близина на Кичево. Освен што украле пари, разбојниците ги уништиле и влезните врати во храмовите, соопштува полицијата.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90310
Ограбени три цркви во тетовско
Во тетовската полиција се пријавени тешки кражби извршени во црквата во с. Отуње и во две цркви во Џепчиште.
Непознат сторител насилно влегол преку влезната врата во црквата Св. Ѓорѓија во с. Отуње при што одзел 600 денари оставени во дрвена кутија за доброволен прилог.
Во вториот случај непознат сторител го погодел алат го откорнал дрвениот прозорец од олтарот на црквата Св. Атанасије и отаму влегол внатре и украл 200 денари.
Во Џепчиште крадец влегол и во црквата Св. Богородица и оттаму одзел незначителен износ на пари.
Тетовската полицијата трага по сторителите.