Какво однесување кај вас предизвикува контра ефект?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу често кога говориме за врски, пуштања, машко-женски односи, брак, состаноци итн., неизбежно се јавува муабетот: “Не знам зашто се однесува така, само предизвикува контра ефект.“ И тука на форумов често имам забележно постови во кои се говори за однесувања на партнерите кои придонеле кон јавување на контра ефект, иако целта на другиот било да постигне нешто.

Е сега, прашањето ми е: Какво однесување може да предизвика контра ефект кај вас?
И дали некое однесување кое било прифатливо за време на излагањата, состаноците, во врска истото би предизвикало контра ефект?

На пример: Обично велат луѓето дека љубомората е здрава и дека покажува дека личноста се грижи. Но, опсесивната љубомора може да предизвика контра ефект и партнерот воопшто да не помисли дека станува збор за грижа, туку за опседнатост.

Значи, кои постапки најчесто придонесуваат за постигнување погрешен впечаток, контра ефект и дали има однесувања кои се прифатливи на пример на почеток на врската, но подоцна истото тоа однесување да има сосема друг резултат?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Љубомората и недовербата се клучен фактор кој влијае на сите негативности во врската. И се што е поврзано со нив чинам води до контра ефекти во секојдневното измачување на паровите. Го нареков измачување од причина ако постојат тоа не е врска тоа е распарвија.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.669
Поени од реакции
35.321
- ‘‘Ако денес дојдам да излеземе со твоите пријатели, утре ти ќе дојдеш да излеземе со моите пријатели‘‘
- ‘‘Ако ме сакаш, ќе правиш се за да ми е мене убаво‘‘
Овие реченици се знак на уценување и изнудување. Ваквото однесување, било да е од едната страна, било да е од другата страна, може да предизвика многу фрустрации и негативни емоции кои може да бидат фатални за врската, бракот и сл.
- Критиките и сарказмот исто така можат да бидат позитивно нешто, но ако еден од партнерите постојано го критикува другиот, без разлика дали е оправдано или не, се создава „наелектризирана“ атмосфера која со текот на времето има се поголемо разорно дејство. Критиките и сарказмот може да бидат сфатени како понижување, недостаток на почит и предизвикуваат чести расправии. Лицето кон кое е насочена критиката има помала самодоверба и со текот на времето започнува да чувствува одбивност кон својот партнер, а тоа најчесто води до крај на врската/бракот.
- Љубомората во врската е како солта во храната. Малата доза ја зачинува, но преголемата го уништува задоволството и под одредени околности може да биде опасна по ‘‘живот‘‘.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Дефинитивно наметнувањето на заштитнички став према мене, демек, ти си женско, јас ќе те бранам.
Можам и сама да се бранам, гони се у три лепе сега.
 
С

Сатори

Гостин
Посесивноста ми е секогаш на прво место. Немам проблем со доза на љубомора, напротив, слатко ми е, но правење на сцени, прашување каде сум, со кого и до кога планирам да се задржам, не. Ако треба јас ќе те информирам за тоа каде сум. Мразам некој да ми го зема времето што ми е планирано само за себе или постојано да ми зборува за една иста работа, ако не си правник и не си ми пријател (зошто само со нив можам да ја разглобувам една тема по илјада пати, зошто, да интересно ни е) подобро да не ми повторуваш еден ист муабет, после вториот пат веќе ќе стане досадно. Не сакам премногу емоции во јавност, било каков тип на зависност кон мене, прекумерно фалење или кудење, за тоа си ги имам пријателите, совршено си ја вршат работата.

Не дај Боже некој да се обиде нешто да ми забрани, после пацифизирањето кое што е најчесто резултат на тоа дека не можам да се замарам, ќе направам се што е во моја моќ да ти докажам дека можам да правам ама баш што сакам, text book контра-ефект. Исто повеќе сакам да бркам, наместо да ме бркаат, штом почне некој да ми се „пушта“ инстантно губам интерес.

И се тоа горе наведено е за свежи или wanna be релации. Во врска, работите кои ми сметаат се премногу сериозни за да ги пишувам јавно на форум, а и јас сум многу поблага кога навистина се грижам.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Љубомората и недовербата се клучен фактор кој влијае на сите негативности во врската. И се што е поврзано со нив чинам води до контра ефекти во секојдневното измачување на паровите. Го нареков измачување од причина ако постојат тоа не е врска тоа е распарвија.

А што мислиш ти, зашто се појавуваат овие фактори?
И која е границата од нормална љубомора до опсесивна љубомора?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Значи, кои постапки најчесто придонесуваат за постигнување погрешен впечаток, контра ефект и дали има однесувања кои се прифатливи на пример на почеток на врската, но подоцна истото тоа однесување да има сосема друг резултат?
Би потврдила дека нештата кои предизвикуваат контра ефекти, од почетокот на врската, подоцна имаат само тенденција на пораст.

Инаку не би навлегувала во детализирање што ми предизвикува контра ефекти, а веројатно и немам целосни податоци, секогаш има веројатност да се појават нови предизвикувачи на контра ефекти, непознати до тогаш :D...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
А што мислиш ти, зашто се појавуваат овие фактори?
И која е границата од нормална љубомора до опсесивна љубомора?
Се појавуваат од монотоност во врската, од досадија, од ненапредок и недоразбирање. Некои ликови се фрустрираат на својата незаситена фантазија дека неговиот партнер има желба да го изневери.

Нормална љубомора и опсесивна љубомора.... Хмм тука мислам дека нормалната е оправдана а опсесивната е неоправдана, и опсесивната не се појавува со тек на време тоа си е од самиот карактер кај ликот, односно од раѓање.
Јас на сум љубоморен и не ја оправдувам љубомората таа карактеристика има лошо влијание на врската без разлика во колкави количини ја има.
Пс. Ако некој/а сака да те изневери или ти да изневериш, тоа и ќе биде. Залудно е да бидеш љубоморен и да се нервираш себеси.
--- надополнето: 25 април 2012 во 16:25 ---
Ова не е ефект ова е трагедија, доколку типот имал барем малку достоинство за себе немаше да се понижува пред народот за некоја си......
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Би потврдила дека нештата кои предизвикуваат контра ефекти, од почетокот на врската, подоцна имаат само тенденција на пораст...
Тоа да... но, мене прашањето ми беше, дали нештата кои на почетокот на врскатата му годат на човек (на пример внимание или слично), може со текот на времето да почнат да предизвикуваат контра ефекти?

Секој човек има одредени критериуми според кој се води и за некои работи знае уште од самиот старт дека ќе предизвикаат контра ефекти, но што кога работите кои на почетокот ни годеле, подоцна почнат да предизвикуваат контра ефект? Дали е ова сценарио можно?

А што мислиш ти, зашто се појавуваат овие фактори?
Не мора секогаш да има причина. Има луѓе кои по природа се недоверливи, несигурни и сл. Во голем дел, љубомората е предизвикана од сопствената несигурност, според мене.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Тоа да... но, мене прашањето ми беше, дали нештата кои на почетокот на врскатата му годат на човек (на пример внимание или слично), може со текот на времето да почнат да предизвикуваат контра ефекти?

Секој човек има одредени критериуми според кој се води и за некои работи знае уште од самиот старт дека ќе предизвикаат контра ефекти, но што кога работите кои на почетокот ни годеле, подоцна почнат да предизвикуваат контра ефект? Дали е ова сценарио можно?
Секако дека е можно. Пример во врските каде еден од партнерите е изразен контрол фрик, на почеток на врската во оној ентузијастичен период, кога се‘ е ново и убаво, другиот партнер ќе го перцепира како шармантна заљубеност и изразена грижа таквото однесување, а кога ќе настане риалити чек-от нема да го дели првобитниот впечаток и занес.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Неквалитетен ремет. Дегутантно до самиот крај. Исто и правењето експерт врз шпекулации и површни информации. Идиотско понашање. Немање на базични познавања на логичко размислување и фурање (наметнување на своето по секоја цена. Дури и погубна за околината.
туу бе темава била Љ и С.
Избрзано, Саци.... избрзано.

Значи посесивност. И само посесивност.На љубомората никој не е имун. Но може да се контролира. Исто и непочитување на основните правила на врска - варање.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Мене страшно ми сметаат посесивни мажи...и ми се има случено да на почетокот таа посесивност ја имам сватено како внимание, за што покасно се покажа како посесивност, па што е најтрагично ме убедуваше дека сето тоа е од голема грижа за мене...свашта...како и да е се што е во границите на нормалата е слатко. После таа лекција, посесивните ги приметувам од километар :)
--- надополнето: 25 април 2012 во 17:10 ---
Исто така не сакам машки што се фалат постојано и ситни души. Бегам од такви
 
L

Ligeia

Гостин
Значи, кои постапки најчесто придонесуваат за постигнување погрешен впечаток, контра ефект и дали има однесувања кои се прифатливи на пример на почеток на врската, но подоцна истото тоа однесување да има сосема друг резултат?
Ова само за љубомора се важи?! :P Девојко,највеќе што ме вади од такт се неисчистени чевли и неиспеглана кошула или блуза без раб.Поголем контра ефект и погрешна постапка при излегување на састанак со мене нема,барем јас колку што си се знам.:DОсобено добивам напади на хистерија ако забележам гурелка во очи,се онесвежам од парфем врз пот,но нечиста чевла(освен во врнежлив период или зимно време)за мене е најпотресна слика и тогаш сум на mute додека мојот дејт ми се обраќа или не дај боже драматизира.Цела моторика ми откажува.:D

Тема љубомора...хм...никогаш не сум била љубоморна или сум била но мнооогу малку,затоа што ја сметам како знак на слабост и големо понижување кон себе си (не од типот дека со тој што сум не ми значи) туку родена сум со магична способност да бидам практикувач на комперзијата која е прекрасна работа.Во превод,убаво ми е кога на тој што го љубам му е убаво.и е задоволен а ако не ми обраќа внимание многу успешно сама си се занимавам,но тешко ако ми стане интересно затоа што после се чека на моето внимание.:) Повеќе би се налутила околу квалитетот на времето кое го поминува со мене отколку колку време поминува со мене.Тежок индивидуалиста сум,не сакам претерани испади а исто така не сакам и многу да се бара од мене.Никогаш не погазувам она што го ветувам па верувам дека секогаш може да се разговара на мирен начин за секаков вид на емоции.Досега ми успевало.Ова кај мене важи и на почеток и на крај.Значи конверзација и само конверзација.Ако ја нема тогаш сме во out.(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom