Вроден инстинкт или..?

  • Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување
V

Vollstandig

Гостин
Често пати се случува било кој од нас да види ситуација во која животно прави нешто необично, па викаме со тоа “инстиктот“ го тера. Ако размислиме подлабоко, и ги земиме за пример птиците, кои за размножување прават една мини-градежна фирма. Значи, откако птица ќе се испили од јајце, порасни, не оди на часови по размножување и градење седело, али сепак знае да го изгради, да го исплети, знае дека треба да лежи на јајцата и да држи топло, знае дека треба да ги храни малите...итн. Е сеа обично тоа го викаат ИНСТИКОТ дека ги терал птиците да градат седело и да го обават целиот чин на давање потомство. Кога тоа би било инстикт, значи би бил стекнат со тек на еволуцијата, па тогаш на кој начин се размножиле птиците додека го стекнале инстиктот? Значи фактички од самото создавање на птиците, веќе и градењето на седело и целиот чин со размножување бил “запишан“ во нивните глави, а ако тоа се одвивало со еволуцијата па “научиле“ да градат седело, тие тогаш сеуште би еволуирале, значи не би имале потреба да запрат со еволуцијата, па наместо седело денес би граделе можеби и мини-куќи:)
Значи од некаде овој код, информација е фактички “запишана“ во нивните гени и истата ја прават со генерации, не-еволуирајќи, туку истото се повторува постојано, додека кај човекот е различно, ако порано живеел во куќи од камен, денес живее и во облакодери кои порано биле незамисливи.

Единствено човекот го нема тој вистински инстикт, како што го имаат животните, или пак со текот на “социјализацијата“ и живеењето во станбената џунгла, го изгубил инстиктот, па можеме да видиме тазе-мајки, со еден тон енциклопедии, еден тон “советници“ околу неа, што и како во врска со детето да постапи...али факт е дека таа еволуција само кај нас работи, луѓето.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
315
Поени од реакции
910
chovekot mora da go ima negde toj instkikt skrien u nekoe dnk vnatre ama ne go upotrebuva, porano koj bil majmun go upotrebuval moze, ama deneska ima kompjuteri internet inema potreba. mozda ako nekoja se porodi u shuma ce nema izbor i ce mora da go koristi toj inskit da izleze sam na povrsina. mislam prasanjevo ti nema nekoja smisla isto ko da prasues zosto ne upotrebuvaat ploci lugevo deneska koga ima cedinja :cautious:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
И ние иаме вродени инстинкти и тие се водени од подсвеста. Како на пример, кога сме во опасност, потсвеста (мозокот) дава наредба да се лачи адреналин кој ќе влезе во крвотокот па срцето пумпа побрзо низ мозокот и мускулите. Со тоа нашата свест, мисла и импулси се поостри и побрзи а нашата сила покачена.
Тоа е еден од вродените инстинкти, друго е плачењето, уште од раѓање знаеме како да плачеме.
После одбивноста кон горкиот вкус е вроден инстинкт.

Фората е што човекот нема толку голема потреба од инстинкти бидејки има проширена свест поголема од животите. Ако дејството што го правиш е инстиктивно, потсвеста го презема. Ако не, свеста го фаќа воланот и го учи патот за следниот пат кога ќе дојдеш до истото движење или дејство да може подсвеста да го преземе како нејзина активност (ова е оној “аутопилот“ кој ни се дешава коа се движиме по позната патека, возиме точак, одиме пеш (не е ко свесно да ги мрдаш нозете за секој чекор), дишиме, мрдаме итн) за свеста да е слободна за нови по сложени ствари кои бараат рационално размислување.

/thread
 
Многу интересно размислување. Фактички, ние со нашата свест ја “тренираме“ потсвеста за утре да имаме инсикт, кој од самото раѓање ќе функционира како auto-start програма на компјутерот која ги превзема сите битни задачи.
Разликата кај човекот и животните,е што човекот се раѓа со минимални инстикти додека преку животот ги учи и ги прилагодува по негова волја. На фудбалер му требаат едни “инстикти“ додека на свирачот сосем други. Кај животните е сосем обратно, ако тие со нивната свест успеале да го научат она што денес го користат за преживување, сигурно би постоела и некоја еволуција кај нив, но не постои. Истиот принцип, истиот инстикт на живеење го имаат одамна,за разлика од луѓето. За само пред 1000 години, имале минимална технологија за која денешната изгледа научна фантастика.Еволуцијата оди напред, али изгледа само за човекот:)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Многу интересно размислување. Фактички, ние со нашата свест ја “тренираме“ потсвеста за утре да имаме инсикт, кој од самото раѓање ќе функционира како auto-start програма на компјутерот која ги превзема сите битни задачи.
Разликата кај човекот и животните,е што човекот се раѓа со минимални инстикти додека преку животот ги учи и ги прилагодува по негова волја. На фудбалер му требаат едни “инстикти“ додека на свирачот сосем други. Кај животните е сосем обратно, ако тие со нивната свест успеале да го научат она што денес го користат за преживување, сигурно би постоела и некоја еволуција кај нив, но не постои. Истиот принцип, истиот инстикт на живеење го имаат одамна.
Не е само размислување, факт е.
Само што корекција, човекот не еволуирал ни малку веќе богзнае колку години (видливо, и колку што иаме информации), а оние нови инстинкти што ги ствара не се пренесуваат преку потомок.
Животните (освен мајмунот) немаат можност за апстрактна мисла, т.е. имаат многу слаба свест, па затоа им е тешко да ствараат нови инстинкти.
Исто така никој не знаеш “зошто“ нешто/некој еволуира. Еволуцијата е навидум рандом, барем од тоа колку што знаеме за неа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Не е само размислување, факт е.
Само што корекција, човекот не еволуирал ни малку веќе богзнае колку години (видливо, и колку што иаме информации), а оние нови инстинкти што ги ствара не се пренесуваат преку потомок.
Животните (освен мајмунот) немаат можност за апстрактна мисла, т.е. имаат многу слаба свест, па затоа им е тешко да ствараат нови инстинкти.
Исто така никој не знаеш “зошто“ нешто/некој еволуира. Еволуцијата е навидум рандом, барем од тоа колку што знаеме за неа.
И ние иаме вродени инстинкти и тие се водени од подсвеста. Како на пример, кога сме во опасност, потсвеста (мозокот) дава наредба да се лачи адреналин кој ќе влезе во крвотокот па срцето пумпа побрзо низ мозокот и мускулите. Со тоа нашата свест, мисла и импулси се поостри и побрзи а нашата сила покачена.
Тоа е еден од вродените инстинкти, друго е плачењето, уште од раѓање знаеме како да плачеме.
После одбивноста кон горкиот вкус е вроден инстинкт.

Фората е што човекот нема толку голема потреба од инстинкти бидејки има проширена свест поголема од животите. Ако дејството што го правиш е инстиктивно, потсвеста го презема. Ако не, свеста го фаќа воланот и го учи патот за следниот пат кога ќе дојдеш до истото движење или дејство да може подсвеста да го преземе како нејзина активност (ова е оној “аутопилот“ кој ни се дешава коа се движиме по позната патека, возиме точак, одиме пеш (не е ко свесно да ги мрдаш нозете за секој чекор), дишиме, мрдаме итн) за свеста да е слободна за нови по сложени ствари кои бараат рационално размислување.
Ова за тебе е факт:confused:.

Имаш доказ? Мозокот е подсвест?
Горки вкус како горко кафе или како бадем? Вкусот не се учи? Кога паѓаш зашто прво поставуваш раце, а не глава, тоа е свесно или инстиктивно?

човекот не еволуирал ни малку веќе богзнае колку години
уште еден факт?

нови инстинкти што ги ствара
кои се тие нови инстикти?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Интересна дискусија...., но најнапред да се дефинираат поимите за кои се зборува.
Еве јас ќе пробам тоа да го сторам еноставо, а вие корегирајте ме
Инстикт - биолошка предиспозиција
Свест - психички настан кој може да го опишеме
Разум - способност на логично мислење
Животните кога прават нешто, тоа е последица на биолошката предиспозиција и развојот низ еволуцијата.
Човекот исто има инстикти, бидејќи и тој е природно суштество, но кај него доминираат свеста и разумот.
Во ова е разликата...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ова за тебе е факт:confused:
Имаш доказ? Мозокот е подсвест?
Горки вкус како горко кафе или како бадем? Вкусот не се учи? Кога паѓаш зашто прво поставуваш раце, а не глава, тоа е свесно или инстиктивно?
уште еден факт?
кои се тие нови инстикти?
Првото мислење е факт, второто не.
Мозокот фигуративно може да се подели на 2 работни дела. Свест и подсвест.
Велам фигуративно пошто свеста е сеуште неразбран феномен за човекот.
Свеста е онаа која ти ги контролира сложените акции и чим се научат најчесто се оставаат како работа на потсвеста за свеста да е слободна за нови предизвици. Затоа луѓето, колку и да се паметни, прават грешки, бидејки подсвеста не носи толку добри заклучоци како свеста при акции кои барат аналитичко решавање на проблемот.
Не знам шо не ти е јасно.
Кога паѓаш ги ставаш рацете пред телото потсвесно. Свеста приметува дека ќе се удриш и бидејки потсвеста е побрза од свеста, ја префрла оваа информација кај неа. Потсвеста инстантно ти ги придвижува рацете пред фацата за да не се плеснеш.
Горко како горко. Вкусот се учи со тек на време, али не е наследен.
Кои се тие нови инстинкти? Не знам дали се праиш глуп или си.

Рачунај дека коа бебето се раѓа нема видено рингла. Што прави у тој случај ако види дека има рингла? Ја допира за да ја истражи (пример) и се изгорува од неа, осеќајки болка. Мозокот му се програмира да НЕ им дава на рацете да ја пипаат ринглата. Тоа останува врежано во неговата свест (свесно знае дека ако допре таму ќе го боли) и во неговата потсвест (коа ќе готви нешто коа ќе биде постар, афтоматски ќе праи маневри и движења кои ќе вклучуваат избегнување на допирање на ринглата).

Сеа сфати? Или да ти нацртам.
--- надополнето: 25 април 2012 во 09:36 ---
Интересна дискусија...., но најнапред да се дефинираат поимите за кои се зборува.
Еве јас ќе пробам тоа да го сторам еноставо, а вие корегирајте ме
Инстикт - биолошка предиспозиција
Свест - психички настан кој може да го опишеме
Разум - способност на логично мислење
Животните кога прават нешто, тоа е последица на биолошката предиспозиција и развојот низ еволуцијата.
Човекот исто има инстикти, бидејќи и тој е природно суштество, но кај него доминираат свеста и разумот.
Во ова е разликата...
Јас вака би ги кажал:
Инстинкт - биолошки стимуланс која не е резултат од висока когнитивна мозочна активност или процесирање (затоа ги двојам од подсвеста). Тој инстинкт сме го добиле од нашите предци по пат на еволуција која е сеуште голем прашалник за тоа КАКО и КОГА се случува.
Свест - психички настан врската меѓу надворешниот свет и мозокот која процесира нови искуства, анализира итн итн итн
Разум - разум нема потреба да стои тука со овие декларирања, разумот е способност за решавање на проблеми според одредени морални и лични вредности и е склон на грешки колку и да мислиме дека знае да го прави правилниот избор. Некогаш самите се лажеме дека чекорот кои сме го направиле е точниот за да не се каеме подоцна ако изборот направен е грешен. Али тоа е многу подлабока и друга тема.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....човекот не е единственото суштество кое ги надминало своите инстикти....одредени животни исто така често се водат од интелегенцијата....учат нови работи и ги пренесуваат на новите генерации на ист начин на кој тоа го прави човекот

За сите со просечно познавање на англискиот јазик (ова не ја вклучува Калиопи) еве неколку линкови

http://www.ted.com/talks/joshua_klein_on_the_intelligence_of_crows.html

http://vimeo.com/5999701

http://www.youtube.com/watch?v=BGPGknpq3e0

http://www.youtube.com/watch?v=G0wYaXYwP-w

http://www.youtube.com/watch?v=3dWw9GLcOeA

http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=QqLU-o7N7Kw&NR=1

http://www.pbs.org/wnet/nature/episodes/ravens/video-raven-intelligence/1549/
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Како на пример, кога сме во опасност, потсвеста (мозокот) дава наредба да се лачи адреналин кој ќе влезе во крвотокот па срцето пумпа побрзо низ мозокот и мускулите.
Кога си во некоја опасност, на пример ако на улица од нигде никаде ти излезе лав :) не може да се докаже дали свесната перцепција на тој лав му дава команда на мозокот да лачи адреналин и да го спреми телото за акција, па да чувствуваш страв и да почнеш да бегаш (или да се укопаш во место), или лачењето на адреналин ти дава команда да чувствуваш страв.

Овие ситуации се случуваат многу брзо за да може да се докаже која е прва :)

Mислењата меѓу научниците се поделени, дали се раѓаме со инстинкти или секое однесување ни е научено.
Фактот дека сите бебиња животни може да преживеат сами, не им е потребна мајка или некој да се грижи за нив, се потпираат на своите инстинкти за да преживеат, наспроти тоа дека на бебињата луѓе кои ако некој не им пружи грижа до некои 2 години - ќе умрат, е доказ дека инстинктите за преживување кај луѓето не се толку развиени.
 
Таа теорија за страв (првин очите гледаат, праќаат директно во потсвеста команда за лачење адреналин, свеста врска нема шо се дешава па затоа коа ќе го види приливот на адреналин ќе сфати деке треба да се плаши) трае(ше) долго време али мислам дека сега се поби со некои најнови истражувања. Само не ми текнува што беше новиот заклучок.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Не е само размислување, факт е.
Велам фигуративно пошто свеста е сеуште неразбран феномен за човекот.
(y)

Кои се тие нови инстинкти? Не знам дали се праиш глуп или си.

Рачунај дека коа бебето се раѓа нема видено рингла. Што прави у тој случај ако види дека има рингла? Ја допира за да ја истражи (пример) и се изгорува од неа, осеќајки болка. Мозокот му се програмира да НЕ им дава на рацете да ја пипаат ринглата. Тоа останува врежано во неговата свест (свесно знае дека ако допре таму ќе го боли) и во неговата потсвест (коа ќе готви нешто коа ќе биде постар, афтоматски ќе праи маневри и движења кои ќе вклучуваат избегнување на допирање на ринглата).
Кучето ми се изгоре на скара као мало, сега стои три метра подалеку и маневрира околу скарата. Јас на пример се немам изгорено на рингла ко мал, ама пак ми е врежано во свест ама и подсвест автоматски да праам маневри и движења кои ќе вклучуваат избегнување на допирање на ринглата. Глуп сум, објасни ми како мојот пес развил нови инстикти со исто темпо како и бебето а како јас сум развил без да ги искусам.

После одбивноста кон горкиот вкус е вроден инстинкт.
Горко како горко. Вкусот се учи со тек на време, али не е наследен.
Е сега ме збуни многу. Вкусот ни е вроден инстикт или не?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.243
Поени од реакции
23.816
Кога си во некоја опасност, на пример ако на улица од нигде никаде ти излезе лав :) не може да се докаже дали свесната перцепција на тој лав му дава команда на мозокот да лачи адреналин и да го спреми телото за акција, па да чувствуваш страв и да почнеш да бегаш (или да се укопаш во место), или лачењето на адреналин ти дава команда да чувствуваш страв.

Овие ситуации се случуваат многу брзо за да може да се докаже која е прва :)

Mислењата меѓу научниците се поделени, дали се раѓаме со инстинкти или секое однесување ни е научено.
Фактот дека сите бебиња животни може да преживеат сами, не им е потребна мајка или некој да се грижи за нив, се потпираат на своите инстинкти за да преживеат, наспроти тоа дека на бебињата луѓе кои ако некој не им пружи грижа до некои 2 години - ќе умрат, е доказ дека инстинктите за преживување кај луѓето не се толку развиени.
што не е точно!
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Кучето ми се изгоре на скара као мало, сега стои три метра подалеку и маневрира околу скарата. Јас на пример се немам изгорено на рингла ко мал, ама пак ми е врежано во свест ама и подсвест автоматски да праам маневри и движења кои ќе вклучуваат избегнување на допирање на ринглата. Глуп сум, објасни ми како мојот пес развил нови инстикти со исто темпо како и бебето а како јас сум развил без да ги искусам.

Е сега ме збуни многу. Вкусот ни е вроден инстикт или не?
првиот дел од цитатот со палчето - првиот дел е факт дечко, факт е дека и ние иаме инстинкти само што се многу слаби
eве ти и голема листа од човечки инстинкти
Код:
SUSTENANCE
 
1. eat and drink; seek food and water
2. seek sweet and fatty (nutritious) foods
3. avoid eating smelly or bitter things
4. be cautious about novel foods
5. seek better resources than presently available
6. seek neighborhoods that are green and flowery
SEX
 
7. be interested in girls or boys (usually of opposite sex)
8. seek sexual contact and excitement; "do the deed" - but in private and
not with your children or parents
9. love children and the cute (female more than male)
10. compete for resources (wealth, fame, etc.)
11. pair up; find longterm partners (female more than male)
12. compete for the best (and, for males, the most) partners (eg, show off, dress up)
13. be aggressive, use force to gain advantage (male more than female)
DEFENSE
 
14. blink; flinch; flee
15. frown; snarl; attack for advantage (male more than female)
16. keep yourself alive; ensure your genetic survival
17. protect your own family
18. grades of importance: own children > spouse > siblings > clan, etc
19. obtain and defend resources: jobs, land, property,
hunting rights, sex partners, etc. (male more than female)
SOCIALITY
 
20. bond with your group, hangout with your family
21. try to reduce conflict within your group (female more than male)
22. compete for leadership in groups
23. imitate others: beliefs, knowledge and skills
24. be wary of and dislike `outsiders'
25. teach youngsters (female more than male)
26. smile; laugh; mope; frown; strut; cry
27. celebrate; share gifts (esp food); hug; grieve
28. display emotions: anger, happiness, disgust, sadness, fear, surprise
KNOW/LEARN
 
29. be curious about stuff, make sense of things
30. learn about your surroundings
31. play with toys (objects, pets, tools, machines, etc)
32. explore new places, find more efficient methods
33. be more adventurous - especially when young
TALK
 
34. learn new words and more effective speech (especially the young)
35. chitchat; commiserate; boast; scold; make jokes; entertain
36. organize others' behavior; lead your fellows (male more than female)
37. tell and listen to stories
38. make music, make artistic objects
Глуп си стварно. Си развил избегнување од ринглата пошо си видел друг како се изгорел. Се вика “учење од туѓи грешки“.
А не ми е јасно шо не ти е јасно што песот научил нови ствари. Животните имаат многу неразвиена свест али ја имаат.

Не знам како може 1000 пати да треба да ти повторам нешто за да го сфатиш.
Да не те опоменувам пак! - Магде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom