Не е ли догма тврдењето дека свеста е независна од физичкото постоење на мозокот???
Што ако некој каже дека постои свест, ум, тело и над ум, и надсвест, и подсвест и воведе уште каталион поими согласно со неговите верувања? Дали ќе го земеш неговиот став за валиден, само и само затоа што секој има право на свое мислење? Правото на мислење не ја потврдува валидноста на истото. Со оглед на тоа дека многу луѓе имаат контрадикторни ставови, тоа укажува на тоа дека човечкиот фактор на верување не е релевантен за тоа што е вистинито што не. Покрај популарниот мит кој е промовиран од верувачите во паранормалноста на свеста, науката не се базира на догми. Науката е метод за осознавање на природните појави, благодарение на кој ти и јас имаме компјутери, технологија итн...Значи валидноста на научните знаења може да се испита, за разлика од догмите на спиритуалците кои тврдат со сигурност дека постојат работи за кои нема валидна евиденција, а сакаат да ги бутнат како универзална вистина. Не иде баш така друже, постоењето на чакри, кундалини енергија и астрална проекција, рептили, илуминати, сиви...е исто така догма, промовирана од сите кои веруваат во тоа. Кој до сега успеал да докаже дека кралицата на Англија е гуштер? Никој..Но сепак сите му верувате на Ајк...Зашто?? Не не критикувајте нас скептиците зашто сме скептични за такви тврдења, укажете ни што ве натерало вас да верувате во тие работи? Харизмата на Ајк, или доказите кои Ајк ги нуди??
Давањето на одреден линк од Википедија, ја поставува илузијата, за лажна дилема.
http://en.wikipedia.org/wiki/False_dilemma
Илузијата остава впечаток, дека надвор таму, постои дебата за природата на свеста помеѓу научниците. Артиклот дава само спротиставени мислења на различни луѓе...Истиот артикл кој ти ми го даде...
To address the question of the hard problem, or how and why physical processes give rise to experience, Dennett states that the phenomenon of having experience is nothing more than the performance of functions or the production of behavior, which can also be referred to as the easy problems of consciousness.[18] He states that consciousness itself is driven simply by these functions, and to strip them away would wipe out any ability to identify thoughts, feelings, and consciousness altogether. So, unlike Chalmers and other dualists, Dennett says that the easy problems and the hard problem cannot be separated from each other. To him, the hard problem of experience is included among—not separate from—the easy problems, and therefore they can only be explained together as a cohesive unit
Еве ти на пример друг артикл од Википедиа
http://en.wikipedia.org/wiki/Consciousness_Explained
Ако го прочита добро артиклот кој ти ми го прати, ќе ти стане јасно дека науката сеуште бара точна предиспозиција и класификација врз основа на која префронталниот кортекс ги донесува одлуките. Затоа што човечкиот фактор е многу комплексен, создаден од многу генетско околински фактори, тешко е да се најде шема врз основа на која мозокот(свеста) функционира.
Тоа не е поврзано со тоа каква е природата на свеста. Свест е само збор кој се употребува како концепт во неуробиологијата и науката за да се изрази комплексниот механизам на одлуки и однесување на одреден организам во околината, и не е поврзан со концептот кој истиот збор го имал 100 па до 10 000 години од сега. Зашто на пример твоето догматско верување, никогаш нема да ти дозволи да го смениш својот став околу тоа што е свеста, и дека истата е резултат на активностите на мозокот. Ако го споредиш верувањето за дуалноста на свеста и телото и емпириските пронајдоци кои ја покажуваат свеста како резултат на процесите во мозокот, ќе приметиш дека доказите лежат од страната со мозокот, а страната со дуалноста нема понудено никакви докази за своето тврдење.
http://www.grc.org/programs.aspx?year=2012&program=neurcog
Сега по вештачки начин е склопена комплексна ДНК. Вируси се одамна направени по вештачки начин. Што укажува тоа? Животот е резултат на комплексна функција на бази од гени. Но, вие никогаш нема да го прифатите тоа...Тоа не ги пружа емотивните задоволства кои ги пружа спиритуализмот. Јбг, таков е животот, луѓето сакаат да веруваат во лаги.