Србија под опасност од бугарско вето

LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Супер, сакам многу "ја" и "Ју"
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сакате месец дена одмор од форумов?
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Бугарија нема никакво вето на Србија да и постави заради ова, или заради било што. Они исто како и Романците се обидуваат ако можат да ќарат нешто во оваа ситуација во која се наоѓа Србија (пред врата на ЕУ). Ако им успее ОК, ако не, никому ништо, ништо они не изгубиле. Тука се и лесно добивливите дневнополитички поени на моменталната власт во Софија. Поени кои ги добива скоро без никаков труд, скоро без ништо да вложи, само заради фактот што се нашле на власт во моментов кога се лесно податливи тие поени.
Со ова Бугарија ќе добие меѓу другото и некој вид осигурување дека состојбата на бугарското малцинство, нема да се влошува, туку ќе се подобрува. Тука има и некои други моменти околу ова (ќе го наречам мрчење), но нема да навлегувам понатаму.

Населението во Босилеград и Цариброд (Димитровград), е мнозинско шопско, а во Пирот нема врска, таму се малцинство ептен.

Што се Шопите, тоа е друго прашање кое бара поголема опсервација, која веќе ја има на подфорумот Историја, мислам.
Јас само ќе споменам случки од прва рака. Двајца различни Бугари ова ми го имаат кажано. Едниот беше од Варна, а другиот од некој друг приморски град беше.
Нешто им споменав за луѓе од Софија, во политички контекст беше дискусијата... NVM и двајцата одприлика беа со став дека тие од Софија не се Бугари, дека наводно после Софија па натаму се Бугарите, а од Софија па до западна граница живееле Шопи.
Нема многу да забегувам, но финалниот резултат е, дека Шопите се најблиски со Бугарите, иако имаат блискост и со Србите, а повеќе со Македонците (и кај нас има таканаречени шопски краишта, села, но во нив населението се чувствуваат денес како Македонци). Плус, луѓето од Цариброд и Босилеград одсекогаш оделе на образование и работа во Скопје, а не во Белград. Што мислите зошто? Не дека им е поблиску, не им е (барем на овие од Цариброд).

Од етнолошки аспект сум ја разгледувал оваа проблематика (пошто сум етнолог, по образование), има многу прикажување тука, од германските рударски племиња, кои биле населувани во овие предели во Среден Век, до разни други муабети.

Што е факт?

Факт е дека Шопите од Србија за себе велат дека се Шопи, а за Бугарите дека се Бугари. Но, се изјаснуваат како Бугари и шопскиот јазик од тој дел е многу сличен со сличните дијалекти во Крива Паланка, Ќустендил... Тие се поистоветуваат со Бугарите, но ја истакнуваат својата посебност, во рамките на бугарската нација, би можело да се каже.
Тие имаат двојазичност уште од времето на СФРЈ, уште од времето на Георги Димитров -Тито пријателството.
Таму одамна речиси се е двојазично, натписи на улици, фирми...
Стварно не знам како е денес, ама одамна имаат образование на Бугарски. Не изборно.
Отсекогаш биле лојални граѓани на Србија и помалку го имаат оној проклет синдром кој го имавме и ние до 90-ти, а тоа е поединци да се прават по големи Срби и од Србите.
Шопите никогаш не барале ништо посебно од Србија.

Таа територија реално, би требало да и припадне на Бугарија. После изгонувањето на Турците, Србите и Бугарите во 19 па и на почеток на 20-ти век, водеа неколку војнички за таа земја. Таа територија се шетала де кај Србија, де кај Бугарија. После Втора Светска војна е вака.

А исто така е факт дека Бугарија има право да зборува за права на малцинства, колку што Албанците можат да зборат за соживот. лицемерно е.
Во врска со образованието во Скопје, јас лично познавам еден господин лекар специјалист од Скопје кој е по потекло од Димитровград (првпат читам дека се викал порано Цариброд). Пријател на моите е. Постар човек веќе е, во своите шеесети. И од секогаш и во Југославија се декларираше Бугарин, никогаш Шоп нити Торлак, никако Србин ! И се школуваше во Скопје, се ожени во Скопје и тука живее.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Во врска со образованието во Скопје, јас лично познавам еден господин лекар специјалист од Скопје кој е по потекло од Димитровград (првпат читам дека се викал порано Цариброд). Пријател на моите е. Постар човек веќе е, во своите шеесети. И од секогаш и во Југославија се декларираше Бугарин, никогаш Шоп нити Торлак, никако Србин ! И се школуваше во Скопје, се ожени во Скопје и тука живее.
...Што е факт?


Факт е дека Шопите од Србија за себе велат дека се Шопи, а за Бугарите дека се Бугари. Но, се изјаснуваат како Бугари ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom