Крводарителство

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Локација
The World, The Universe
Го пребарав форумот и не наидов на ваква тема, ако случајно има - се извинувам, оставам на модераторите. Би сакал да зборувате за физичкиот дел од крводарителството, мислам дека моралниот го знаеме - добро е, спасуваме живот, хумани сме. Што се случува со организмот кога даваме крв? Дали е добро, штетно, дали е потребно секој да даде крв или тоа се прави само од лична желба?
Имам разбрано т.е. слушнато дека кога ќе дадеш крв - се здебелуваш. Би сакал да знам и дали има врска крвната група со честотата на дарување крв. Дали одделни групи имаат предиспозиции да даваат крв повеќе отколку другите. Поздрав, давајте крв и коментари !
 
Јас досега имам 7 пати давано крв ..... од јадење се дебелиш брачко а не од давање крв , коа ќе даеш крв имаш тој ден нешто покачен апитит ама не се дебелиш .... напротив здраво било за регенерирање на крвни зрнца
А да и нема везе шо крвна група си , после 3 месеци мојш пак да даваш
 
од јадење се дебелиш брачко а не од давање крв , коа ќе даеш крв имаш тој ден нешто покачен апитит ама не се дебелиш

Разбирам, но имам слушнато дека организмот после давање крв е спремен да консумира и складира повеќе од потребно. Дали е тоа драстично или не? Неколку другари спортисти, одбиваат да дадат крв оти ќе се здебелеле... :/ Тоа ме заинтересира
 
Ти кажав имаш зголемен апетит само првиот ден и си како поспан , утредента се е најнормално
 
Штета што неможам да давам крв, а баш би сакал да сум крводарител :(
 
...Што се случува со организмот кога даваме крв? Поздрав, давајте крв и коментари !
Во моментот истекува крв од вената во кесичката и се намалува волуменот на крв во телото. Се намалува притисокот. Организмот тоа го препознава и веднаш почнува да ја задржува водата за да го надомести изгубениот волумен. Но ти не даваш само вода, туку и црвени крвни клетки, крвни плочки и бели крвни клетки. Затоа во следните денови и недели го зголемува нивното производство за да ги надомести изгубените.
Дали е добро, штетно
Се разбира дека не е некоја одлична состојба за организмот, сепак тоа е стрес за организмот. Но ако е здрав организам, со доволно хемоглобин, доволна телесна маса и нормални витални функции не претставува проблем. Дури и крводарувањето може да е позитивно за организмот и се користи тераписки кога од различни причини има зголемени црвени крвни клетки.

дали е потребно секој да даде крв или тоа се прави само од лична желба?

Апсолутно не е потребно секој да дава крв. Си има граници колку проценти од населението треба дадат крв. Тука се води сметка за просечните потреби, за можностите за чување. Апсолутно, крводарувањето треба да е бесплатно, односно неплатено и без бенефиции, зашто во спротивно се зголемуваат ризиците за несигурна крв. Во некои земји каде свеста за донирање на крв не е доволна има плаќање на крвта или давање на крв само за роднини. Таму е золемен ризикот за инфекции и несигурна крв, уценување.
Имам разбрано т.е. слушнато дека кога ќе дадеш крв - се здебелуваш.
Не знам од каде оваа корелација.

Би сакал да знам и дали има врска крвната група со честотата на дарување крв. Дали одделни групи имаат предиспозиции да даваат крв повеќе отколку другите.
Дали крвната група сама по себе доведува до почесто давање крв? Апсолутно не.
Но заради дистрибуцијата на крвните групи, некои се поретки, затоа редовен крводарител би требало да дава почесто заради можниот недостиг.
Еве на пример од кои крвни групи им треба повеќе крводарители. (тие со жолтото)
Capture.PNG
http://www.itm.org.mk/Default.aspx
 
Незнам за вас ама јас еднаш имам дадено крв во животот,мислам во средно дека беше и знам дека тие што даваа крв тогаш беа ослободувани на 2 дена од школо.Но кога ќе се присетам подобро ќе беше воопшто да не давав крв тој ден,оти после тоа следеше мачнина,па главоболка и паметам дека утредента дури и грип фатив кој беше проследен со трески,загноени крајници,диареа и тн...што резултираше со губење на килограмите,во секој случај тоа беше многу лошо искуство за мене.Инаку важам за доста цврста особа што се однесува до физичкиот дел,исто имам и доста добар имунитет,па од тука зачудувачки фактот како можеа неколкуте грама крв што ги дадов дента,толку лошо да се одразат врз моето здравје.Сега незнам каква улога игра тука расположението,можеби не сум се осеќал баш најдобро тој ден,но сепак можеби тоа е знак дека крводарителството не е работа за мене:).
 
Може не ти било од тоа што си давал крв, познавам многу луѓе кои што даваат крв и никој ми се нема пожалено од тоа што го велиш, али се е можно, може таков ти е организмот.
 
Може не ти било од тоа што си давал крв, познавам многу луѓе кои што даваат крв и никој ми се нема пожалено од тоа што го велиш, али се е можно, може таков ти е организмот.
А можно е да ми зеле крв повеќе отколку што треба,и од тука последиците по моето здравје,мислам се е можно во оваа наша држава:LOL:
 
Разбирам, но имам слушнато дека организмот после давање крв е спремен да консумира и складира повеќе од потребно. Дали е тоа драстично или не? Неколку другари спортисти, одбиваат да дадат крв оти ќе се здебелеле... :/ Тоа ме заинтересира

Е како не веќе :) Ова е многу глупо оградување и избегнување на дарувањето крв. Кажи си нејќам да дарувам и крај, не вакви глупости. Цел живот се бавам со пливање и сум донирала 3-4 пати па никакви падови во форма не сум осетила.
 
lingur - благодарам за исцрпниот одговор !
Би сакал да дознаам, што е препорачливо, а што не да се прави, јаде, пие во наредните неколку мигови, денови, недели после давањето крв.
 
јас досега сум давал 9 пати,здравје боже до нова година 10ти пат,и никакви проблеми не сум имал со здравјето ниту со губење или додавање тежина.Ама пак од друга страна уште не можам да ја надминам фобијата од игли,ко ќе ми ја ставаат ја вртам главата и не гледам
 
Може не ти било од тоа што си давал крв, познавам многу луѓе кои што даваат крв и никој ми се нема пожалено од тоа што го велиш, али се е можно, може таков ти е организмот.
Samurai Jack, зошто ти не можеш да даваш крв ? :/
 
А можно е да ми зеле крв повеќе отколку што треба,и од тука последиците по моето здравје,мислам се е можно во оваа наша држава:LOL:

Не може тоа така, 200 гр. ти зимаат толку собира и кесата, али кај нас тука се е можно :pos:
--- надополнето: 22 април 2012 во 23:35 ---
Samurai Jack, зошто ти не можеш да даваш крв ? :/

Имав како мал шум на срцето, тоа е дека едната комора од срцето не пумпа доволно крв и ако давам може да престане да пумпа и да дојде до срцев удар. Сеа бев на преглед пред 1 месец и ми вика дека уште малце се слушало тоа шумот :(
 
Жалам Samurai - ти посакувам во најдобар ред и што е можно поскоро да го снема проблемот. Иначе, зошто би престанало да пумпа срцето? Ради недостаток на крв ? Или нешто друго за време на давањето крв - стрес, напнатост... ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom