Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Povikajte gi Albancite na sozivot , ali stvarno so dobra namera , utre ke gi imate .
Не се повикани само еднаш.. Иначе интересен си ми, знаеш?
Да ги повикам на соживот истите оние што трчаа преку границата и од Албанија во Западна Македонија колеа, грабаа, пустеа и штуреа па се враќаа назад. Од кој да барам соживот?
Од терористи, што пукаа на цивили што денес се прчат во Сообрание и Влада, од тие истите што палеа и уништуваа вековни куќи и храмови само затоа што не се од нивни народ изградени. Другар си се зафркнал.. Ве знам како дишете, што ви се намерите и на кој начин го правите тоа што сакате да го добиете. Затоа мир и толеранција оди продавај му на некој друг.
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Која младина на ВМРО и СДСМ, по се што се случи младината е десеткувана ниту се ангажира за партија ни ништо. Младината на СДСМ се откажа после 6 изборни порази, а младината на ВМРО се откажува во моментов поради предавството од врвот на партијата кое е спротивно од идеалите на ВМРО - да се зачува и ослободи Македонија од душманите што не е случај како и тпа што секаде се функционерите на ВМРО покрај опозиционерите вршат притисок, пресија и влеваат страв и несигурност и кај своите членови. Единствено ни останува да бидеме силни и храбри и со оглед на тоа што не функционираат силите за безбедност и органите на правдата ќе треба истата, а со цел за наша заштита да ги земеме во свои раце. Не ги напаѓам ни СДСМ ни ВМРО, само сакам да кажам дека не треба да чекаме некој да ни даде нешто зашто тоа нема да се случи, и сметам дека ако самите (Македонци) не направиме нешто за себе, тоа Албанците, Турците и остало сигурно нема да го сторат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Еве да ти кажам зашто гледам не си информиран.
1, како прво не ја сапалија црквата муслиманите туку христијани кои се во мал број за да ја подгреат ситоацијата и на сите од лабуништа ни е јасно кој го стори тоа
2, Никој не ги спречуваше пожарникарите да си ја вршат работата незнам од каде таа информација излезе али нема врска единствено е точно што се извикуваа пароли против македонците т.е. христијаните зашто тогаш беше актуално тоа со вевчанскиот карневал.
Инаку ова го знам затоа што живеам на едно 50 метри од таа црква и се се гледа дури и од балкон затоа што е отворено местото а не на лице место да присуствуваш
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:33 ---

Еве да ти кажам зашто гледам не си информиран.
1, како прво не ја сапалија црквата муслиманите туку христијани кои се во мал број за да ја подгреат ситоацијата и на сите од лабуништа ни е јасно кој го стори тоа
2, Никој не ги спречуваше пожарникарите да си ја вршат работата незнам од каде таа информација излезе али нема врска единствено е точно што се извикуваа пароли против македонците т.е. христијаните зашто тогаш беше актуално тоа со вевчанскиот карневал.
Инаку ова го знам затоа што живеам на едно 50 метри од таа црква и се се гледа дури и од балкон затоа што е отворено местото а не на лице место да присуствуваш
Пароли против Македонците?А, што сте вие во Лабуништа извини да те прашам?Денес што се правите поголеми Албанци и од Албанците, поголеми Турци и од Турците тоа е ваш комплекс, а не наш.Играте на иста мапа како што играа Србите муслимани и со арапски пари формираа бошњачка нација.

Со исти тие арапски пари некој во Македонија со сила и пропаганда се обидува да создаде торбешка нација и да се воведе графа Торбеш на попис:facepalm:.Вие многу убаво знаете дека носите македонска крв, дека отсекогаш мајчин јазик ви бил македонскиот и дека на вашите свадби отсекогаш се свирела македонска музика, дека вашите претходни генерации пред 2 века биле Македонци христијани, а сега ова што го правите само ја покажува вашата ниска душа, почит спрема вашите генерации, семејства што биле пред 2-3 века.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Која младина на ВМРО и СДСМ, по се што се случи младината е десеткувана ниту се ангажира за партија ни ништо. Младината на СДСМ се откажа после 6 изборни порази, а младината на ВМРО се откажува во моментов поради предавството од врвот на партијата кое е спротивно од идеалите на ВМРО - да се зачува и ослободи Македонија од душманите што не е случај како и тпа што секаде се функционерите на ВМРО покрај опозиционерите вршат притисок, пресија и влеваат страв и несигурност и кај своите членови. Единствено ни останува да бидеме силни и храбри и со оглед на тоа што не функционираат силите за безбедност и органите на правдата ќе треба истата, а со цел за наша заштита да ги земеме во свои раце. Не ги напаѓам ни СДСМ ни ВМРО, само сакам да кажам дека не треба да чекаме некој да ни даде нешто зашто тоа нема да се случи, и сметам дека ако самите (Македонци) не направиме нешто за себе, тоа Албанците, Турците и остало сигурно нема да го сторат.
држава и народ сме со ситуација слична на Израелците,ако сакаме да опстанеме треба само да ги копираме во сите сфери на живот - гледаме колку успешно им се спротивставуваат на милиони Муслимани околу нив,заколнати непријатели итн

штета што немаме таков менталитет и никогаш нема да видиме силна држава и достоинствен народ овде.........
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
На истото место каде ја нашле колата на оние кои ја ограбија Про Кредит банка.
Само се потврдува тоа што сите го знаеме. Убијците избегале во Косово, што значи дека се Албанци.
И немој некој да рекол убијците се убијци, а не Македонци, Албанци, Турци итн.
Навионалноста не се гледа ако убиството било со некои причина но кога УБИЈЦИТЕ УБИЛЕ САМО РАДИ РАЗЛИЧНА НАЦИОНАЛНОСТ ИЛИ ВЕРА, тогаш можам да кажам дека убијците се Албанци!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Дури и самиот Господ да се симне и да ми каже не се Албанци нема да му верувам, не па на продадени новинарски души или па некој друг..
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Луѓе, што ви е толку чудно!Нормално неможе полиција да открие убиство за 2 дена, но полицијата веќе знае кој ги убил децата, ама намерно се одовлекува као демек полицијата сеуште трага по убијците со цел народот тотално да се олади за случајот за да нема контра реакција.Убијците ќе се кажат после 2 недели кога народот тотално ќе го боли курот за случајот како и секогаш.Плус сега иде 1 мај, па ќе се купуваат цели фрижидери храна како незнам што се слави.Очекувајте убијците да се кажат после 1 мај кога народот воопшто нема да има интерес за случајот.Веќе се повеќе и повеќе се губи интерес за случајот, страстите се смирија, идат мајски попусти во Солун се е во ред.

Латас кажа да не генерализираме и јас не генерализирам.Смирен сум и добро ми е.

Сега ќе се избаци Дивајн со паролата “Еден за сите, сите за еден“:cool:
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Сега на КОД кажаа дека колата била пронајдена во близина на Блаце. Значи точна ми била претпоставката дека колата е пронајдена натака

Пет лица убиени кај Смиљковско езеро
Да, и кажа едната мајка дека син и и кажал дека прво ќе идел во обложувалница па после на езеро. Истото ова го кажа и З.Божиновски на својот профил пред недела дена, кога рече дека имало засилена патрола пред неколку обложувалници низ скопје и дека дечкиве биле видени таму со авто.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Плус

ИВЗ со предупредувачко писмо до Владата


петок, 20 април 2012, 21:32



Во дописот се бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради



Исламската верска заедница испрати предупредувачко писмо до Владата во кое бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради.

Во текстот, потпишан од Реисот Сулејман ефенди Реџепи не се согласува повторно да се изгради, како што вели „милитантниот споменик на српскиот окупатор“ на локацијата на поранешната Бурмали Џамија.

„Со овој наш писмен допис сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за
меѓуетничките и меѓу кофесионалните односи.

Се надеваме дека разумот ќе надвладее и ќе ја прекинете оваа ѓаволска игра.“- се вели во дел од писмото на Реисот до Владата, министерството за транспорт, Градот Скопје и општина Центар.

Писмото на ИВЗ е реакција откако министерот за транспорт Јанакиевски потврди дека се издадени сите дозволи потребни за обнова на објектот.

Инвеститор е грчкиот бизнисмен Кондоминас кој пред една година ја купи парцелата и за Офицерски и соседната за Хотел на плоштадот. Со купувањето на земјиштето тој презеде обврска по изградбата на објектите, дел од Офицерски да го врати на државата за во него да биде сместена градската куќа и матичната служба.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4979

:гомце::гомце::tapp:

До кога бре со овие закани и уцени?

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА СИТЕ ОСМАНЛИСКИ ЏАМИИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗГРАДЕНИ ВРЗ ТЕМЕЛИТЕ НА ЦРКВИ!? НЕМА ЛИ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР ДА ГО ИЗНЕСЕ ОВА ЈАВНО? ДО КОГА ЌЕ СЕ МОЛЧИ ЗА ОВА??
 

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
31
Дајете линк од код не бев во можност да ја гледам емисијата.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Темата е затворена за петкратното убиство и колумната на Дарко Јаневски ја пренесувам овде. Мислам дека е вредна за внимание

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4171292517&id=13&prilog=0&setIzdanie=22557


Нарачателите на Смиљковци



Искуството покажува дека на Балканот такви посериозни нешта секогаш се случуваат со помош на странски служби, кои се непријателски расположени кон одредена држава или, во најмала рака, играат двојна улога - најпрвин потпалуваат, па потоа ја продаваат својата љубов како рака што спасува. Но таа странска улога може да успее само доколку има плодна почва, а кај нас тоа е една од ретките работи што не ни недостига



По петкратното убиство кај Смиљковци, сите побрзаа со барање да не шират шпекулации за наводната етничка димензија на злосторството. Истото го побара и Руфи Османи од Гостивар, кој порача дека е потребно настанот да се третира како цивилен, а не етнички криминал. Иако и барањето на Османи претставува однапред фрлање прашина в очи (што ако се покаже дека вистинската димензија на убиството навистина имала етнички мотиви), ваквите пораки можат целосно да се оправдаат. Во запалива атмосфера доволно е и многу помалку за да се предизвикаат крвави конфликти меѓу Македонците и Албанците. Веројатно не случајно, дента по убиството, на секој час низ Скопје се ширеа гласини за нови убиства, најпрвин на едно лице во населбата Бутел, па потоа на друго во еден од автобусите на ЈСП.
Сето тоа требаше да го зголеми бесот кај Македонците, а потоа, којзнае што сѐ можеше да се случи.
Една од претпоставките за случајот води токму кон тоа: дека целта на злосторството е да се предизвика неконтролиран меѓунационален конфликт во кој на убиството на деца би се возвратило со иста мера. Не треба многу да се мудрува за да се заклучи дека потоа лесно би се добила слика на Скопје во крв до колена и на етничко чистење на цели делови од главниот град. Како низа би следувале Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар. Од таков развој на настаните, до седница на Советот за безбедност на ОН на која би се донела некаква резолуција за „ФИРОМ“, која нема премногу да ни се допадне и која би имала свои рефлексии и на соседните држави, вклучувајќи го тука и спорот за името со Грција, патот е и премногу кус.

Но, од друга страна, се чини дека во ваква ситуација, медиумите како најекспонирани во можното ширење шпекулации за етничката димензија на злосторството, се најмал проблем. Многу поголем е уверувањето кај Македонците дека зад убиството сосема сигурно стојат Албанци. Како што на другата, албанска страна, веќе со години се гради гранитно уверување дека дури и кога има невреме на Шар Планина, не пак нешто посериозно, за тоа се виновни Македонците и нивната желба да ги тероризираат кутрите и мирни жители на државата од албанска националност.

Некаде во втората половина на осумдесеттите години на минатиот век, еден постар српски селанец на Косово беше пронајден во бессознание откако претходно му било раскинато дебелото црево со поширокиот дел од пивско шише. Сторителите никогаш не беа пронајдени, но никој жив на овој свет не можеше да ги убеди Србите дека зад насилниот криминал не стојат Албанци, кои со тоа испраќаат порака до Србите да си заминат од Косово. Како што никој жив не можеше да ги убеди Албанците дека тоа е српска ујдурма направена со цел да им се скусат нивните покраински права. Приближно половина деценија подоцна, во време на крвавите настани во БиХ, на сараевскиот пазар Маркале експлодираа гранати, кои убија 68 лица. За Босанците тоа беше злосторство извршено од Србите, за овие вторите тоа беше подметнување од службите на босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ со цел да се испровоцира меѓународна реакција против Босанските Срби, но и против Белград.

И во двата случаи, по извесно време, вистината веќе не ни беше битна. Ниту за Србите, ниту за Албанците, ниту пак за Босанците, а уште помалку за „светата“ меѓународна заедница, која во меѓувреме и на двете полиња го постигна тоа што го сакаше. Во секој случај, и при двата настани, спротивните страни се држеа до својата пропаганда, која на крајот резултираше со таков степен на омраза меѓу Србите и Албанците, односно Србите и босанските муслимани, што не беше возможно поинакво решавање на нивниот конфликт освен со војна во која најпрвин се вадеше ножот, а дури подоцна се поставуваше прашање. Точно е дека во сето тоа медиумската пропаганда ја имаше една од клучните улоги, но исто така е точно дека и во двата случаи вистината никогаш не беше релевантно утврдена што беше основа за сѐ што подоцна се случуваше.

Сегашната македонска власт ни оддалеку нема сличности со Милошевиќ, Изетбеговиќ или со косовските лидери на Албанците. Но, во нашиот случај, на полицијата ќе и треба време за да ги комплетира сознанијата. И битно е во тоа меѓувреме да не се случи нешто што и петкратното убиство ќе го фрли во сенка. Сепак, ова е трка со времето, зашто ако виновниците за злосторството не бидат откриени во разумен период, тогаш никакви воздржувања од шпекулации ниту ќе помогнат, ниту воопшто ќе бидат можни. Македонците направија стратегиска грешка во односот кон Албанците од државата во првата половина од деведесеттите години од минатиот век. Сега, понесени на крилјата од наводната победа во 2001 година, веќе цела деценија, истата грешка ја прават и самите Албанци. Според сите политички извори што им се на располагање на медиумите, Али Ахмети е еден од најконструктивните албански политичари во последните години, но и тој очигледно нема доволна почит кон државата што му го прости кривичното гонење за нешто што никаде во светот не се простува, за да го истакне нејзиното знаме во канцеларијата во која разговараше со американскиот амбасадор Пол Волерс, ден по убиството кај Смиљковци (настрана прашањето, зошто Волерс потрча кај Ахмети, а не на пример кај Груевски или кај Иванов). Ваков путер на главата, кај Мендух Тачи, Руфи Османи и кај другите албански пулени во Македонија има колку што може да се посака.

Се разбира, сето тоа ни оддалеку нема доволен капацитет за да ја „запали државата“. Искуството покажува дека на Балканот такви посериозни нешта секогаш се случуваат со помош на странски служби, кои се непријателски расположени кон одредена држава или, во најмала рака, играат двојна улога - најпрвин потпалуваат, па потоа ја продаваат својата љубов како рака што спасува. Но таа странска улога може да успее само доколку има плодна почва, а кај нас тоа е една од ретките работи што не ни недостига.

За да се спречат сите такви сценарија, доволно е да се откријат сите детали на злосторството, вклучувајќи ги тука и имињата на нарачателите. И ништо од сето тоа не смее да остане тајна за јавноста, па макар трагите воделе и до најтемните кабинети на Земјината топка. Само така, колку-толку би била задоволена правдата, но и, што е уште побитно, би се спречило во иднина страдањето на некои други деца.

Автор: Дарко Јаневски
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom