Падот на Цариград во 1453 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Одвај успеав да ги прочитам сите мислења, темава е направена хаос :facepalm:

Прво погрешно нешто што го прочитав е тоа дека Василиј II се борел со Турците. Турци тогаш постоеле ама биле од онаа страна на Црното Море. Продираат на византиска територија после 1055 г. т.е по освојувањето на Багдад. Цезареја е освоена 1067 година, а по Манцикерт 1071 скоро и цела Мала Азија. Значи 50 години после Василиј. Дека по македонската династија немало способни владетели исто не е точно. Сите Комнени биле способни императори (добро освен лудакот Андроник), потоа Јован 3 Ватац императорот на Никеа, Михаил 8 Палеолог и др.

Добро кај успеавте да ги измешате Јован Кантакузин и Михаило Палеолог? 80 години е вториов постар од првиот. Главен противник на Кантакузин е Алексиј Апокавк регент на легитимниот цар Јован 5 Палеолог.

Зошто пропадна Византија? Низа причини внатрешни и надворешни.

1. Царскиот апсолутизам и централизам пропадна. Власта се повеќе ја држеа магнатски семејства желни само за богатење.
2. Пропадна тематското уредување и и одстапи место на пронијата. Мала Азија беше освоена и најголемиот извор на стратиоти згасна.
3. Византија ја изгуби борбата за поморска хегемонија од италијанските републики во прв ред Венеција. Особен удар за византиските трговци беше договорот на Алексиј Комнен со Венецијанците 1082 г. со кој и се даваа широки права на вен. трговци. После дојдоа Пиза...па Џенова и така натаму.
4. Притисокот на Турците-Селџуци од исток.
5. Честите анти-византиски коалиции од запад (особено војните со Норманите).
6. Четвртиот крстоносен поход 1204 г. По обединувањето 1261 г. Византија е второстепена држава.
7. Феудалната расцепканост на државата.
8. Неколкуте граѓански војни во 14. век уште толку го исцрпеа трулото царство.
9. Јакнењето на словенските балкански држави (Србија и Бугарија), што е директна последица на останативе 8 точки.
10. Апатијата од запад. Православната разединетост.
11. Немањето заеднички став во самата престолнина околу прашањето на унијата со Рим.
12. Издигнувањето на Турците-Османлии.

:гик:

За сите овие точки може да се дискутира и дискутира.
 
Прво погрешно нешто што го прочитав е тоа дека Василиј II се борел со Турците. Турци тогаш постоеле ама биле од онаа страна на Црното Море. Продираат на византиска територија после 1055 г. т.е по освојувањето на Багдад. ..
хммм...
добро, а кои биле тогаш ТУРЦИТЕ ВАРДАРИОТИ ОД ВРЕМЕТО НА ЈУСТИНИЈАН 2?
 
хммм...
добро, а кои биле тогаш ТУРЦИТЕ ВАРДАРИОТИ ОД ВРЕМЕТО НА ЈУСТИНИЈАН 2?

Колонисти, преселени од Азија. Има теории дека се унгарско племе, но во византиски извори ги викаат со архаизми персијци - турци(државата Унгарија често ја викаат Туркија). Теофило ги преселува и во Македонија. За иронија биле сојузници на Византија. Турците како организирана воена сила продираат во 11 век покрај источната граница на Византија. 1037 ја освојуваат Персија, 1055 Багдат и 1071 е решавачката битка кај Манцикерт. Потоа им се отворени вратите за колонизација на Мала Азија.
 
колку те разбирам, турците не се баш турци, а оние кои не се турци, всушност се турци....?
неисе.....според историјата, Турците Вардариоти им помогнале (после 7-8 векови) на другите Турци да ја освојат Македонија....
но, чудно е тоа што наведуваш, дошле по некој пат од непознато некаде.......
дали е баш така, или историјата е јанлаш?
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/j.1469-1809.2011.00701.x/abstract
п.с.
нели е поверајтно дека населението од исток на Византија прифатило ислам, и дека можеби било предводено од некоја централно азиска дружина, и дека тие го освоиле Цариград, но никако немало некоја турска инвазија.....спореди со денешните босанци и македонците муслимани...посебно, босанците....и верската војна во Босна...и Хрватска...ист народ, а разни вери...
 
Касно палам. Галата била во раце на Џеновјаните. Можела да заврши многу работа доколку помогнала во нападот против турските бродови што по копно го заобиколиле синџирот на Златниот рог т.е нападот на 23. април. Ама не помогнале. Византискиот напад пропаднал и потоа Турците влегле во Златниот Рог.

Мене многу ме чуди тоа синџирот, како функционирал.Не изледа нешто посебно голем и не оддава впечаток дека може да застане воен брод од преку 100 тони тежина.

3722414330_fbf7f5e5cf.jpg


Како било, Мехмед рекол зајеби ова и ги пренел бродовите преку копно. :D
 
Имало е две вериги
http://www.lib.utexas.edu/maps/historical/shepherd/constantinople_shepherd.jpg

1)Боспорската -до азиатскијат брег е построена около 1170 года при императоре Мануил I Комнине демотирана през 1204 и се озовава чак в Египет през 1291 г. http://theatron.byzantion.ru/topic.php?forum=12&topic=55

2) Вeригата през Златнија рог спомената за пр'в пат 717 г. до http://en.wikipedia.org/wiki/Galata_Tower_(old) во Галата . Зад неја са стоели корабите. Тја е била от 4 дела со специална система за пропускане на кораби - ето тука е нај добре описана на руски- http://theatron.byzantion.ru/topic.php?forum=12&topic=55

На 5 јули 1203 г. венецианците са ја преминали и са превзели градот откам по слабите стени откам заливот.
http://enoth.narod.ru/Crusades2/Zaborov05_12.htm

http://imperiobizantino.wordpress.com/

http://ocasodebizancio.blogspot.com/

Ето и за стените- http://maquetland.com/v2/index.php?page=vision&id=932

http://en.wikipedia.org/wiki/Walls_of_Constantinople

Кога прехв'рлели корабите по суша османлиите се омазали до уши во свинска мас, понеже требвало да смазат д'рвените трупи около корабите
http://chronologia.org/dcforum/DCForumID14/10722.html

http://www.unrv.com/forum/topic/3110-the-great-chain/page__st__15

Море от книги има, но освен дека е трагично за сите балкански народи jaз кога четох по темета се убедих дека Мехмед II e бил еден от нај отвратните и перверзни личноти во балканската историја ето с линк http://botinok.co.il/node/31087

http://www.istorianasveta.eu/m/news/view/Padaneto-na-Konstantinopol-8
http://www.istorianasveta.eu/m/news/view/Padaneto-na-Konstantinopol-9

А за филмот "Фетих 1453" дека го снимава во Tурција за да си прават исламистичката пропаганда не ми се и зборува. Очекувам продажните ни телевизионери да не залеат и со ова помиjа. Трејлорот начева со тоа како Mahoma им ветил на муслиманите дека ке го освоjaт Константнопол. Сите знаемe што зборуват исламистите - рекол дека на ред бил после и Рим, но тоа са го оставиле може би за наредните серии. Да молиме Бога , но и да си собереме добро умот во главите и дано Господ ни опази!
 
Добро би било на македонски да пишуваш, затоа што навистина имам проблеми да те разберам, а и другите членови исто така, не се сомневам.
Да се надополнам од погоре, синџирот сепак не е идеална пречка, пробиен е при опсадата во 1204, кога Константинопол е освоен од крстоносците.
Баш во моментов ја читам Walls of Constantinople - Osprey , ако сака некој линк по ПП.
 
Добро би било на македонски да пишуваш, затоа што навистина имам проблеми да те разберам, а и другите членови исто така, не се сомневам.
Да се надополнам од погоре, синџирот сепак не е идеална пречка, пробиен е при опсадата во 1204, кога Константинопол е освоен од крстоносците.
Баш во моментов ја читам Walls of Constantinople - Osprey , ако сака некој линк по ПП.

Градот 1204 и беше освоен баш од страната на Златниот рог. Прво ја освоија Галата, го откачија синџирот и влегоа во заливот. После ѕидот падна горе кај квартот Влахерна и крстоносците влегоа во градот. Крив е Алексиј 4 што ги донесе крстоносците пред градот, и буквално го остави на танца.

Сепак во туската опсада на Цариград 1453 Мехмед не им верувал на своите поморски сили и решил финалниот напад да биде извршен по копно.

Ако те интересира литература за паѓањето на Константинопол 1453 може да ти препорачам две книги:

Стивен Рансиман - Падот на Цариград (оваа ја имаш на македонски)
Доналд Никол - Бесмртни цар (за животот на Константин XI, српски превод, издание на Клио)

И овој руски документарец што зборува за пропаста на Империјата.

 
Падот на Цариград ја имам, ја добив како поклон за роденден. :)
Ќе ја побарам и другата.
 
Самракот на Византија од Иван Ѓуриќ претставува доста солиден труд, близок на оваа тема (за времето на Јован VIII Палеолог (1392-1448))
Преведен е на македонски. Авторот е еден од позначајните балкански византолози, од школата на Острогорски ( кој пак, е автор Историја на Византија, исто така преведена на македонски јазик).
 
Самракот на Византија од Иван Ѓуриќ претставува доста солиден труд, близок на оваа тема (за времето на Јован VIII Палеолог (1392-1448))
.

Сум ја сретнал во библиотека на српски, само од превише обврски сум заборавил на неа. Треба да се прочита. Ново е изданието на македонски, која издавачка?
Авторот е еден од позначајните балкански византолози, од школата на Острогорски ( кој пак, е автор Историја на Византија, исто така преведена на македонски јазик)..

Еј Острогорски ти е цар. Еден од најдобрите византолози воопшто. Колку само епски ги опишува настаните во Историја на Византија. И на најголем лаик по историја да му е мерак да чита. Не е за чабе толку преведуван. Само што е застарен. За општа историја на Византија добри се и Фјодор Успенски (иако и он е застарен) и бугаринот Димитар Ангелов. Историја на византиското царство на Успенски пред неколку години ја преведоа Србите. Капитално дело во 3 тома, 2500 страни историја. Историја на Византија од Ангелов е исто така добра, само што тешко се наоѓа кај нас. Еве stefantrayan1 ако има pdf нека даде. :)
 
Ако има некој добри пдф книги може на ПП да прати.
 
И овој руски документарец што зборува за пропаста на Империјата.


Рускиов документарец е фантастичен...неколку пати на ТВ Алфа го имаше....

Во целото игнорирање на турска филмска продукција, налетав на најскапиот турски филм ever (сега за сега)....не сум го гледал, ама ќе се потрудам да го побарам....
Со оглед на тоа како секој си го претставува главниот духовен водач како мудар, безгрешен, филозоф и (на тој начин) освојувач, отприлика знам што да очекувам.....мада некако неспоиво ми е со приказната од русинот погоре во кој збори за еден интересен детаљ од сексуалноста на големиот освојувач - некаков харем составен од млади момци :eek:
Еве трејлер за Fetih 1453....не е лошо да се знае како другата страна гледа на работите....

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom