leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Нема врска ова со граматика. Намерно не насанкале со таа информација. Она што треба да се направи е контрола на штетата, и да се спречи во иднина да се случуваат такви работи. Единствено што ние Македонците правиме е што меѓу себе си докажуваме колку сме морално исправни, а како сите не мразат. Клетата ЕУ и клетиот НАТО. Така политика не се води. Медиумите се сегмент, и тоа многу важен од политиката.
Тоа дека таа битка не може да се добие е непотребен дефетизам.
Ама нема врска, ќе има лајкови за тебе...
Со што уште не пробавме да ги придобиеме ЕУ и Нато, јас мислам дека сите стратегии ги исцрпија резултатот остана како што го знаеме. Која политика треба да се води? Токму тие медиуми се нивна продолжена рака, нивниот јазик. Ако они решиле да пласираат таков тип на информации никој нема да ги спречи, не особено една земја како Македонија. Не е тоа непотребен дефетизам, тоа е реалноста. Повели убеди ме со стратегија и примери како ние ќе ги „победиме“.
Ова со лајковиве ти е шала како за трето одделение, можеш ти и подобро, не паѓај толку ниско.