Балканските армии се вооружуваат поради страв од војна

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин

„Џејн дифенс-интелеџенс“ пишува дека Балканот е еден од најтешко вооружените региони во Европа, а најверојатно така ќе остане и во иднина, бидејќи ова е клучно место каде што се прекршуваат копјата на геостратегиските интереси и интернационалниот баланс на светска моќ

ДРЖАВИТЕ ОД РЕГИОНОТ ГИ ПОЛНАТ ВОЕНИТЕ АРСЕНАЛИ
Стравот од некаков можен конфликт и уште повеќе традицијата се мотивите поради кои армиите од регионот, и покрај големата економска криза, трошат многу пари на вооружување на своите армии, посочуваат експертите. Процените на меѓународните институции велат дека во земјите од овој дел на Европа, Грција, Турција, Србија, Албанија, Бугарија, Романија и Македонија, има околу 3.000 борбени авиони и хеликоптери, 10.000 тенка, 20.000 најразлични оклопни возила, стотина воени брода, триесетина подморници и илјадници парчиња ракети и артилериски гранати...
Овие бројки, кои најверојатно не се комплетни, бидејќи вооруженоста на армиите во регионот е воена тајна, ги добивме од министерствата за одбрана, од нивните интернет-страници, но и од светските специјализирани магазини и реномирани интернет-портали.

- Армиите секогаш имаат многу повеќе и многу поопасно оружје од она што ѝ го презентираат на јавноста - вели на оваа тема светски реномираниот магазин „Џејн дифенс-интелеџенс“.

Грција и Турција во постојан конфликт

Статијата објаснува дека Балканот е еден од најтешко вооружените региони во Европа, а најверојатно така ќе остане и во иднина, бидејќи ова е клучно место каде што се прекршуваат копјата на геостратегиските интереси и интернационалниот баланс на светска моќ.

- Во овој регион се пресекуваат интересите на Русија, Блискиот Исток, САД и на земјите од Западна Европа, слично на оние од 1989 година, кога почна колапсот на ерата на Советскиот Сојуз - заклучува магазинот.

Мирослав Лазански, белградски воен аналитичар, вели дека трендот на вооружувањето на армиите во регионот е различен за различните области на Балканот.

- Грција и Турција се пред судир со години за Кипар, потоа судирот за епиконтиненталниот појас, односно границата во Егејско Море, каде што Грција зазема острови што се оддалечени на само 12 километри од турскиот брег, па турските бродови не можат ниту да излезат од пристаниште. Судирот меѓу нив е и поради предвидувањата дека во Егејското Море има нафта и гас - анализира Лазански.

Поранешните ју-републики го обновуваат арсеналот

За поранешните југословенски републики аналитичарот смета дека само го обновуваат оружјето.
- Што се однесува до вооружувањето на поранешните југословенски републики, тука добро сте забележале дека набавките се мошне слични. Тоа обично се објаснува со потребата од учество во најразлични мировни операции, но всушност армиите мораат да купуваат нова опрема, бидејќи сегашната е мошне застарена - резимира Лазански.

Пензионираниот генерал на авијацијата на СФРЈ, Црногорецот Благое Граховац, вели дека овој тренд на трошење големи пари на вооружување е од страв, а тоа мора да се прекине еднаш засекогаш и да се зголеми довербата меѓу балканските држави.

- Своевремено, во 2002 година, заедно со неколку колеги од регионот подготвивме теоретски план што требаше да прерасне во иницијатива, со кој замисливме да се формира заедничка балканска армија - раскажува генералот.

Планот, според Граховац, подразбирал формирање заедничка воена сила, која, доколку би профункционирала, би заштедила многу од непотребно потрошените пари и би ја зголемила довербата меѓу државите.
- Оваа заедничка воена сила според планот би била во рамките на НАТО и командувана од него, со што ваквите децениски проблеми со еден потег би биле комплетно надминати - резимира генералот.

Турската армија силна колку целиот Балкан
Турција е посебна приказна. Ова е земја што најмногу издвојува за вооружување според магазинот http://www.globalfirepower.com, дури 5 отсто од бруто-домашниот производ, или двојно повеќе од другите. Со 500.000 редовни војници и речиси 5.000 тенка, Турција има воена сила колку сите балкански земји заедно. Двојно е посилна од Грција и нема намера да штеди.
Тие постепено ќе ги заменат авионите „Ф-16“ и „Ф-4“ што сега ги користи турската армија. До крајот на годинава Турција треба да избере меѓу американскиот „Ф-35/ЈСФ“ и неговиот европски конкурент „еурофајтер“.
Бугарија го кастри советското оружје
Армијата на Бугарија главно е преокупирана со намалување на својот воен арсенал бидејќи ги следи стандардите на НАТО. По зачленувањето во Алијансата, источниот сосед ги намали речиси за 50 отсто државните трошоци за вооружување на армијата. Речиси симултано, пренесува http://www.worldsecuritynetwork.com, производствените капацитети на одбранбената наменска индустрија на оваа земја од советски се преориентираат кон НАТО-стандардите. Војската на оваа земја поседува 12.900 американски теренски возила произведени во погоните на „Дајмлер-Крајслер груп“. Таа располага со 12 хеликоптери „кобра“, 6 други помали хеликоптери „еурокоптер АС 565МБ“, http://www.eurocopter.com/site/en/ref/home.html неколку транспортни авиони „спартанец“.
Грција - лидер во набавките на оружје
Грција, се чини, е регионален лидер во набавките на оружје. Оваа земја можеби е на работ на банкрот, но строгите мерки на штедење што Брисел ги бара од Атина не се однесуваат на одбраната. Специјалниот интернет-портал http://www.strategycenter.net ја набројува листата на желби на министерот за одбрана на оваа земја за годинава, а тоа се: 60 воени авиони „еурофајтер“, вредни 3,9 милијарди евра, дузина француски фрегати што чинат повеќе од 4 милијарди евра, патролни бродови за 400 милиони евра. Толкава е сумата за неопходната модернизација на грчката морнарица. Меѓу поимпозантните сопствености на хеленската армија се тешките германски тенкови „леопард 2хел“, модел на компанијата „Краус-Мафеи Вегман“. Ова оклопно возило е проценето како еден од најквалификуваните тенкови што може буквално недопрени да преживеат битка во урбана средина. Грците исто така поседуваат и неколку германски подморници „У214“, вредни 2 милијарди евра. Минатата година нашиот јужен сосед купи 415 оклопни борбени транспортери „БМП3“ од руско производство и нови 1.200 руски тенка од моделот „Т-90“, зделка што беше склучена само за рускиот гасовод да мине низ оваа држава. Хеленското воздухопловство на свое располагање има 80 американски борбени авиони од моделот „Ф-16“, произведени од можеби најдобрата компанија во светската одбранбена индустрија „Локхид Мартин“.
Армиите на Македонија и на Албанија најскромно вооружени
Македонија, пак, како што најави претходниот министер за одбрана Зоран Коњановски, планираше до 2015 година да купи стотина оклопни транспортери, уште неколку нови хеликоптери и беспилотни летала, но за жал ваквите најави не се остварија и не се во агендата на неговиот наследник Фатмир Бесими.
Македонската армија за годинава на располагање има буџет од вкупно 300 милиони евра. Новото раководство ќе троши пари за да го спроведе проектот „Армија на иднината“. Овој план предвидува македонската армија да создаде воини по опремата и подготвеноста слични на оние од научнофантастичните филмови. Македонската армија располага со педесетина оклопни возила составени од тенковите „Т-55“ и германските хермелини. Македонскиот воздухопловен ВИНГ има 20 хеликоптери, од кои најголемо внимание јавноста секогаш насочува кон борбените воздухоплови произведени во Украина „Ми-24“. Дел од овие хеликоптери неодамна беа модернизирани и дигитализирани во Израел, под проект со кодно име „Александар“.
За Албанија нема никакви податоци, но армијата на оваа земја е толку очајно опремена, што официјалниот буџет од 236 милиони евра годишно може да биде употребен само за одржување на постојниот воен арсенал, составен главно од кинески „калашникови“ и десетина стари „Т-34“ тенка, стои во една анализа на „Нешнел дифенс“.
Моќта на поранешната ЈНА наследена од Србија
Од земјите што настанаа со распаѓањето на поранешната СФРЈ, единствено Србија остана легитимен наследник на воениот авторитет на ЈНА во регионот, се вели во анализата на http://www.worldsecuritynetwork.com. И покрај конфликтот со НАТО поради војната во Косово, српската војска денеска е една од најмногубројните и подобро обучените во регионот, единствено со исклучок на Турција.
Оваа земја не увезува оружје, туку напротив, има сопствена производствена линија на оклопни тенкови, односно на „М84“, своевидната југословенска варијанта на советскиот тенк „Т-72“. Српската одбранбена индустрија во изминативе две години остварила извозен пораст од 250 милиони евра годишно. Како што информира весникот, Шутановац се надевал дека Србија ќе потпише договор вреден 400 милиони долари за модернизација на 249 тенка „М-84“, кои поранешна Југославија ги извезувала во Кувајт во 1991 година. Под палката на сегашниот српски министер за одбрана се изврши модернизација и на стотината борбени авиони „МИГ-29“. Во план за оваа и за наредната година се набавки на значителни количества руски борбени авиони „Су-27“.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
го читав денес во Нова Македонија - за СЕ пиши освен за наредните набавки на балканските армии..........нејасно е како овие земји се плашат од војна,а освен Србија и Македонија се во НАТО
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Знаат ли овие колку се 24 000 тенкови.Нема шанси да имаат 24 К Грците гарант им е грешка

А во Бугарија гледам се перат пари на дебело имаат и поголем од Србија буџет а во се заостануваат многу.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
За Балканот нај опасна земја е Турција, треба сите балканци да се соединат и да се пазат од овие вистински душмани..
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
ништо чудно да се истепаат Србите и Косоварите
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
За буџет од 300 милиони, имаме катастрофално наоружување. Да не е грешка, да не се помалку парите? А иначе Грција има 1700 тенка
 
M

.:makedonec:.

Па добро може да се рече дека 90 % од податоците се точни, али има и по некое преувеличување како на пример ... од дека бе србите ''stotina borbeni avioni Mig-29'' , па ја како што знам они 14 имаа ама им бутнаа американците 6 за време на војната 1999 а исто така 4 од преостанатите 8 веќе не се во употреба оти не се модернизирани и застареле ... што значи сума сумарум - 4 - авиони Миг-29 од дека 100 ??? :D ...
исто така од дека грците 24 000 тенка...:pos: ... па 24 000 тенка Русија нема бе која е земја со највеќе тенкови во светот 23 300 имаат русите, а грција демек незнам кој е па ќе има скоро цела илјадарка повеќе од русите ...:tapp: :D
--- надополнето: 18 април 2012 во 18:09 ---
ништо чудно да се истепаат Србите и Косоварите

сакаш да кажеш ќе бидат истепани балистите на САП Косово ... неможе да се тепаат, некој ќе биде тепан само, а не ми е верно да бидат тоа србите оти било кога да покушаат балистите да ја окупираат Северна Митровица одма ќе пратат од Ниш и Крагуевац некоја тура по 4-5 батаљона војска тоа србиштата...(y)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
За Балканот нај опасна земја е Турција, треба сите балканци да се соединат и да се пазат од овие вистински душмани..
Да Турција е моќна земја, има онолку моќ(воена) колку повеќето балкански земји заедно, меѓутоа друже Турција има голема територија преку 700 илјади км2, значи има поголема територија од целиот балкански полуостров, плус Турција има многу непријатели, Балканските народи(скоро сите) и се непријатели, Арапите и се непријатели, Персијците(Иранците) и се непријатели, Курдите(кои се исто така персиски народ) и се заколнати непријатели на Турција, Русите исто така историски и се непријатели на Турција, Евреите(Израел) исто така се непријатели на Турција, Ерменците и се исто така историски непријател на Турција(со право) и.т.н. така да друже Турција без САД ќе биде Стамболски пашалук !
Што ако има Турција пола или еден милион армија, неколку илјади тенкови, стотици авиони, бродови и.т.н. кога од сите страни е заобиколена со непријатели, едино Азербејџанците(исто така Турски народ) и се пријатели на Турција и нешто Чеченците во поблискиот регион околу неа, останатите не ја сакаат исто така и ние Македонците многу не ја мирисаме Турција, нема врска тоа што гледаме(тепаме време) со Турските серии(Полат-Молат...), факт е дека не сме пријатели !
Така да Турција е силна, но во случај на војна може да го изеде подебелиот крај, бидејќи има многу непријатели околу неа, кои имаат нерасчистени сметки со неа од минатото, а плус и Европјаните воопшто не ја сакаат, едино Америка(САД), ако не се САД го обраа бостанот, инаку во Турција Курдите се 25-35% ако не сте знаеле, а сеуште немаат никакви права, тоа е недемократски од Турската држава !
 
S

Shellshock nam67

Гостин
За Балканот нај опасна земја е Турција, треба сите балканци да се соединат и да се пазат од овие вистински душмани..
абе ние многу зијан од нив немаме ама Хеласите може да го јадат секое време :LOL:
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Да Турција е моќна земја, има онолку моќ(воена) колку повеќето балкански земји заедно, меѓутоа друже Турција има голема територија преку 700 илјади км2, значи има поголема територија од целиот балкански полуостров, плус Турција има многу непријатели, Балканските народи(скоро сите) и се непријатели, Арапите и се непријатели, Персијците(Иранците) и се непријатели, Курдите(кои се исто така персиски народ) и се заколнати непријатели на Турција, Русите исто така историски и се непријатели на Турција, Евреите(Израел) исто така се непријатели на Турција, Ерменците и се исто така историски непријател на Турција(со право) и.т.н. така да друже Турција без САД ќе биде Стамболски пашалук !
Што ако има Турција пола или еден милион армија, неколку илјади тенкови, стотици авиони, бродови и.т.н. кога од сите страни е заобиколена со непријатели, едино Азербејџанците(исто така Турски народ) и се пријатели на Турција и нешто Чеченците во поблискиот регион околу неа, останатите не ја сакаат исто така и ние Македонците многу не ја мирисаме Турција, нема врска тоа што гледаме(тепаме време) со Турските серии(Полат-Молат...), факт е дека не сме пријатели !
Така да Турција е силна, но во случај на војна може да го изеде подебелиот крај, бидејќи има многу непријатели околу неа, кои имаат нерасчистени сметки со неа од минатото, а плус и Европјаните воопшто не ја сакаат, едино Америка(САД), ако не се САД го обраа бостанот, инаку во Турција Курдите се 25-35% ако не сте знаеле, а сеуште немаат никакви права, тоа е недемократски од Турската држава !
Како и да е треба да се пазиме од овие крвопијците..:tapp: По бетер се дури и од израелците, а од друга страна турскиот премиер ќе се прави демократ пред светот, и Ердоган е хипократ како израелскиот премиер Нетанјаху..:гомце:
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Знаат ли овие колку се 24 000 тенкови.Нема шанси да имаат 24 К Грците гарант им е грешка

А во Бугарија гледам се перат пари на дебело имаат и поголем од Србија буџет а во се заостануваат многу.
не е баш така ;) , има работи кои не можеш да ги видиш зашто се прикажани само тенковите, ако знаеш колку пари потроши бугарија за блиндирана транспортна техника и логистика сега за секој војник има или тенк или бтр или блиндиран џип никаде не се вели дека Бугарија има:
900 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_army_Mercedes_G-Class.jpg
781 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_brt-60.jpg
812 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_mt-lb.jpg
506 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_2S1_Gvozdika.jpg
392 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_BM-21_GRAD.jpg и т.н
За против'здушна одбрана, и балистички ракети да не зборуваме! Топ сме на Балкан!
 
М

Мартин`

Гостин
не ебаштака ;) , имаработикои неможеш дагивидишзаштосе прикажанисамо тенковите, акознаешколку парипотрошибугаријазаблиндиранатранспортна техникаи логистикасега засекој војникимаилитенкилибтрилиблиндиранџип никаде несе велидека Бугарија има:
900 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_army_Mercedes_G-Class.jpg
781 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_brt-60.jpg
812 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_mt-lb.jpg
506 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_2S1_Gvozdika.jpg
392 такви http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bulgarian_BM-21_GRAD.jpg и т.н
Запротив'здушнаодбрана, ибалистички ракетида не зборуваме!Топ сме на Балкан!
Ете Бугарите по 20-30 ќе ни позајмат во случај на војна (уствари конфликт) и решен проблем :icon_mrgr:
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
сакаш да кажеш ќе бидат истепани балистите на САП Косово ... неможе да се тепаат, некој ќе биде тепан само, а не ми е верно да бидат тоа србите оти било кога да покушаат балистите да ја окупираат Северна Митровица одма ќе пратат од Ниш и Крагуевац некоја тура по 4-5 батаљона војска тоа србиштата...(y)
реков дека можно е да се истепаат ипак Србиве ќе издвојат победа според мене.[/quote]
 
Kajgana Shop

На врв Bottom