Се жалите нешто со протестите... па јас не знам со кој памет? Прво, со кој памет правите протести, вие децата, кои појма немате зошто протестирате? Сите знаеме дека телевизиите лажат, ама не лажат снимките кај што се гледаат нападни појави, некои со прикриени лица, кои си го бараат убаво да си го добијат? Кај сто пати сте замолени од мустаклијана да не правите нереди за да не ангажира полиција и за вас, кај па вие паметните токму сега најдовте да и одите контра на тоа барање. Се знае кога е право време за протести. Тогаш кога ќе заврши истрагата, кога ќе се кажат (ако се кажат) убијците, па ако не сте/сме задоволни од изречената казна, може да излеземе цела држава да протестираме. Сега, апсолутно нема логика!
Па и полицијата ви била крива. Не сте дознале досега дека полицајците работаат како што им се кажува? Не сте дознале дека најчесто се осеќаат омаловажувани, затоа што смеат да реагираат само во најкрајни лоши испади и притоа повторно да внимаваат како? Не сте дознале дека често јадат суспензии ако реагираат спротивно на нареденото? И всушност, почитувате вие полицајци и тоа што го претставуваат тие, за да имате лице да зборите против нив? А и сето тоа на страна, ако сте западнале во раце на понервозни полицајци, мислите дека не е во ред што не ве пуштиле на Битпазар да се испотепате или испоубиете? Ах бре, барем да знаев кај испопаѓал паметот од луѓево, па да појдев да го потсоберам и да им го вратам.
Во секој случај огромна грешка беа детските групи. И било кој друг да бил, никој нема право да демолира нешто што сам не го купил и платил, никој нема право од така што му текнало да се групира и да бара друга група за тепање и нема право да се буни ако бил спречен да го направи истото!
Секој неоснован револт се искажува дома... земете кршете инвентар по вашите домови, па може така ќе сте посмирени и тука и на улица.
Тука не мислам на убиствата, затоа што ем не сте лично засегнати ем не знаете кој е виновникот за да имате кон кого да сте изреволтирани и во случај да ве погодила таа трагедија.
Како и да е, мене лично уште ми е чудно зошто се така уплашени и нејасни лицата на луѓето кои треба да го решат овој громорозен настан. Не ми дава надеж дека се` е во ред збунетата и стресена фаца на Гордана. Затоа често се мислам дека ова е нешто ван нашите можности за сфаќање и којзнае со што ќе се прикрие. Само се надевам дека со што и да се одлучат да прикријат, да не биде тоа нешто што ќе ја оцрни државава. Ако имаат мозок луѓето кои ни ја водат и чуваат, сега е време да го искористат, ама сите по ред!