Абе види, нека не те засегаат „миротворците“, на крајот на краиштата, со ваквото нивно иритирачко однесување, само ги палат страстите на луѓето и ги тераат со сила во конфликт. Знаеш навикнати се на оние стандардните говори за мир, кои палат ако си изел ќотек или слично, но не разбираат дека станува збор за ладнокрвна егзекуција со јасна порака. И кога јас се обидувам да им кажам дека ја палат само работата непотребно меѓу нас и предизвикуваат само дополнителни мотиви за конфликт, ми враќаат дека јас сакам војна. Дебилна работа, толку им сече. Јас што бев против тој неорганизиран протест вчера, сега ми е криво што не отидов, баш ради овие јадења гомна да се смирам, што ми дава за право да помислам дека некои структури ќе се обидат да го заташкаат сето ова.
Знам дека се чита форумов и се следи и од безбедносни структури , и сакам да им порачам дека со тоа што ги пуштаат овие „миротворци“ (ако воопшто ги пуштаат), прават уште позапалена ситуација. Нека ги зауздаат малце, пошто стварно го иритираат засегнатиот народ уште повеќе и го провоцираат на случувања какви што се вчера, кои на никој не им оди во прилог. Случувањата и така и така излегуваат од контрола, а доколку некој наумил да направи војна, тогаш сигурно канализираниот бес на форумов, нема да биде причина за тоа, туку ќе биде нова ваква егзекуција.