Нема потреба да ти паѓа системот ниту да правиш апдејт ако несакаш. Зошто ти се сите апликации од маркетот ќе си ги избереш најдобрите и готово. Може да се јавуваш, да праќаш пораки, да сликаш, да снимаш, да сурфаш, да играш, можеш геолокација да користиш, да го модификуваш системот како душа ти сака.
Друже, можеш да правиш се што демек можеш и со ајфон, знаеме. Да е цената проблем, ќе сфатам, ама има 3Gs-и кои се продаваат за 130-150 евра, така да стварно не гледам зашто би земал Андроид пред Ајфонов.
Да речеме дека апликациите се плаќаат таму, а овде имаш катаљон бесплатни, па ајде...ама еден џејлбрејк и таман си. За модификување на системот, веќе кажав, тоа се прави само ако системот не ти одговара. Кај Ајфонот тоа е еднакво на купување Ферари, па ај после школката да ја менуваш на колата.
Е сеа онтопик: Друже, чим имаш 3Gs, не знам зашто си запнал за 4ка. Екранот би бил единственото друго нешто што ептен ти прави разлика за да ја платиш таа цена. Освен ако не планираш игри да гејмаш цело време. Мој предлог, земи си iPad 3 за тие пари.