Драги мои христијански верници, и сите вие кои верувате дека Бог се занимава со молерско фарбарски услуги, имам едно да ви кажам.
Арно ви прават. Навистина арно ви прават. Порано мислев дека заслужувате сожалување, но реално заслужувате само презир. Вие го имате направено најстрашниот грев, гревот против интелектот, и за тој грев сте осудени. Се ви зедоа. Наскоро ќе ви ги земат и водата и воздухот. И водата и воздухот не ги заслужувате.
Ако луѓето од средниот век имаат алиби, затоа што беа држани во темницата на неписменоста, вие немате никакво оправдување. Сите информации ви се на два клика од вас, а вие се тетеравите по танката линија помеѓу тупата религиозност и суеверието. Но не е повеќе ниту жално, смешно е.