А бе кога реков јас дека Албанците немаат страшно голема бројка на националисти? Кога?
За последен пат: РЕКОВ ДЕКА УШТЕ НИШТО НЕ ЗНАЕМЕ! Не е хумано да започнуваме граѓанска војна. Едноставно не е.
И не мораш да сочувствуваш. Јас не морам да живеам тука, едноставно не сакам да се селам. И баш затоа НЕ ДОЗВОЛУВАМ некој кој живеел па се преселил затоа што не сакал комшијата да му биде Албанец (не мислам на оние кои заради притисок се раселија) да ме декларира мене како неродољуб, како кукавица, да ме мажи за Албанец и таму што ли уште не..... Кукавички е да излезеш да му ја исчукаш на некој главата само затоа што можеби некој од негова националност извршил грозоморно убиство. Не е работата да излезат во толпа и да направат беља. Тука на кратко кога пишуваш се поинаку излегува ама поентата е јасна.
Нема потреба од инциденти, посебно кога ништо не се знае.
И уште еднаш, МОЖЕБИ НЕКОЈ ТОА ГО САКА, А НИЕ ИГРАМЕ НА НЕГОВАТА МУЗИКА:
Душо, се согласувам со тебе со алтруистичкиот дел во моево битие.
Ама во реалноста, колку и да сакам, не можам да се согласам.
Нема Македонци националисти, а Албанци националисти исто така - нема. Тие само се кријат позади маската на националисти. Кај нив е прашањето од религиозна, а не национална природа. Само што, полесно им е да извикуваат ,,Илирида,, ,,Голема Албанија,, отколку вистински да си ги кажат мотивите.
Да бидеме реални, голем дел од нив не пуштиле малото прсте да им згазне во Албанија, за нив поголема татковина е Косово. За најголемиот дел од нив Албанија е мајка која не ја запознале. Во поново време на екскурзија во средно ги носат.
Цел им е исламизација, а не албанизација
И дури и да поверувам дека тоа што го прават - го прават од национални побуди - тогаш, ние можеме вода да им носиме. Ние сме бројни на глас, а двајца без тројца на дело - но сепак, да повторам, како тоа им смета Македонецот христијанин, а Македонецот муслиман го сметаат за ,,еден од нивните,,?
Религијата и нацијата не се иста работа - затоа Албанија, како земја, никогаш овие сираци нема да ги прифати како свои. Доволни и се внатрешно-религиозните проблеми, не и требаат уште некои затуцани верски фанатици да си ги прими во својот двор.