Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Гледам дека сте Православен Христијанин. Кажете ми со кој личен духовен опит ја верифициравте Библијата и вашата вера и како изгледа тоа?
Da ne sakash i kaj notar da se zaveri?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Гледам дека сте Православен Христијанин. Кажете ми со кој личен духовен опит ја верифициравте Библијата и вашата вера и како изгледа тоа?
Ќути таму.. ти не го знаеш Микикецот....
... тој самиот овде ни призна дека секоја вечер контактирал со горниот.... имал директна широкопојасна врска со ... горе...:D
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Уживајте во чудото што се случува секоја година на секоја Велика Сабота кога во храмот се моли Ерусалимскиот Православен Патријарх. Тогаш од небото слегува Светиот Оган и за неколку минути ги нема карактеристиките на вистински оган и неможе ништо да изгори. ;)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

1. Не се симнува никаков оган од небото, туку се работи само за свеќи кои што се „самозапалуваат“. Ова мора да се разјасни затоа што некој може ќе си помисли дека вистински оган се симнува од небото.

2. За разлика од водачите на црквата св. Димитрија, патријархот во Ерусалим не дозволува инспекторен конзерваторски тим да влезе и да го прегледа свеќите пред тие да се сапозапалат.

3. Многу е лесно да направиш свеќа што ќе се самозапалува. Само треба да ги имаш потребните хемиски соединенија. На пример, познато е дека белиот фосфор се самозапалува на собна температура, па затоа истиот не ни можете да го најдете во слободна состојба, туку најчесто се растворува во јаглерод дисулфид (CS2). Впрочем студентите на хемија прават нешто слично на тоа во 1ва или 2ра година. На парче ткаенина истураат бел фосфор растворен во јаглерод дисулфид (CS2) и чекаат CS2 да испари. Кога CS2 ќе испари, белиот фосфор се самозапалува и ја пали ткаенината.

4. Случајно или не, еден мој пријател го посети Ерусалим и ми донесе од тие свеќи кои што ги продаваат пред храмот. Тие се завиткани во факел, 33 на број (колку што имал години Исус) и пишува на нив Ерусалим. И погоди што направив? :) Ги запалив и мафтав (се „миев“) со раката во огнот ИСТО ТОЛКУ време колку што и луѓето на јутјуб клипчињата мафтаат со рацете околу огнот. Ниту јас не добив изгореница. Следното што го пробав беше запалив од нашите жолти свеќи и тој оган го движев по раката ИСТО ТОЛКУ време и ниту јас не добив изгореница :)
Луѓето мислат дека ако ја стават раката внатре во пламенот дека таму е најжешко. Но не е така. Најжешкиот дел од пламенот е над него. Ви препорачувам да го направите тој експеримент и самите дома, бидејќи се што ви треба е запалка и свеќа (свеќи) Колку повеќе свеќи имате, толку пламенот ќе биде поголем и толку повнатре ќе можете да ја ставите раката - таму каде што не е многу жешко. Значи колку повеќе свеќи, толку поголем пламен, толку помалку топло ќе биде во внатрешноста на пламенот, толку повеќе време ќе можете да ја држите раката внатре.

И уште нешто, ако тој оган навистина е благодатен и ако навистина не предизвикува изгореници, тогаш зошто луѓето мафтаат со раката само максимум 5-6 секунди? И зошто воопшто мафтаат? Зошто едноставно не ја стават раката во огнот и мирно да ја држат? :) На тој начин топлината ќе се фокусира само на едно место на кожата и ќе предизвика изгореница, па затоа и мафтаат, за топлината да се преместува рамномерно низ кожата и да не ја изгори.

5. Кога еден ден ќе се појави антихристот и кога тој ќе направи посензационално чудо со кое што ќе симне вистински оган од небото и тоа ПРЕД луѓето, многу луѓе ќе му се клањаат со челата до земјата, а најсклони на таа измама ќе бидат оние кои денес се импресионирани и фрапирани (да не речам хипнотизирани) од самозапалувачките свеќи во Ерусалим.

"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. " (Откровение 13:11-14, Библијата)
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
1.Ти гледаш дека и на видеото се гледа како слегува Светиот Оган? Не објаснувам повеќе.
2. И на првото видео монахот ти објасни дека влегуваат претставници од други деноминации, плус израелска полиција која не би направила никаков пропуст за спречи било какво верување врзано за Христа.
3. Свеќите не се самозапалуваат туку слегува Огнот и ги запалува, како и кандилата што се пред храмот, едно по едно. понатаму гледаш и сам дека верниците си ги палат еден од друг свеќите.
4. Твојот пријател кој бил во Ерусалим (случајно или не) го видел Светиот Оган? Бил за Велика Сабота таму, кое е неговото искуство ако бил? Ти можеш да направиш еден аплоуд со видео каде ќе си ја ставиш косата во огнот и нема да се запали?
5. Антихристот нема да направи никакво чудо и вистински оган нема да слезе од небото, туку тоа ќе биде обмана со кортистење на магии и технологија каде ќе прикажува како божем ангели ќе се симнуваат и други чуда.
Огнот не е 5-6 секунди туку минути (од 10-15) не гори никого и ништо. Но, нема што повеќе да објаснувам, еве уште едно, па ако сте и понатаму тврдоглави ќе ви ставам уште едно, и уште едно. ;)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Олтарот е стопати инспектиран, и од османлиски паши, и од заптии и од војници, правени се „дубари“ за да не „успее“наводната измама, а сум читал и дека еден паша наредил да се заменат фитилите од кандилата со несогорлив материјал... Е, арно ама.... секоја година, чудото се повторува...
ако сакат
е научно објаснување, она со фосфорот е веќе демоде и е сто пати разобличено... само, ако искрено барате, обидете се да не ги прилагодувате фактите за да ви се „вклопи“ во науката....
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Огнот не е 5-6 секунди туку минути (од 10-15) не гори никого и ништо. Но, нема што повеќе да објаснувам, еве уште едно, па ако сте и понатаму тврдоглави ќе ви ставам уште едно, и уште едно. ;)
Јас сум слеп или треба вера да се види што што треба да се види. Имаше нешто малку светлина дали беше сонце или нешто друго тешко се гледаше снимката беше лоша и после од една дупка извади запалена свеќе тој во бело. После луѓето поминуваа со раце низ пламенот а секој кој запалил свеќа знае дека тоа не гори и боли. Пробај да го држиш прстот повеќе од 10 секунди над или во оган од свеќа тоа е друг муабет.
Инаку ова на ништо не личи Дури Саи Баба Сатиа правеше подобри трикови и „чуда“.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На запалени свеќи ли се палите....
.. со такви детски трикови на Дејвид Коперфилд му беше испод чест да се занимава, тој си проаѓаше низ ѕидови, левитираше, на американците им го скри кипот на слободата...
...а и Клаудија Шифер ја легна...:D
 
B

Black Guard

Гостин
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. " (Откровение 13:11-14, Библијата)
Раната од меч....дали е од битката со михаил ил гаврила за мојсеевото тело??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Раната од меч....дали е од битката со михаил ил гаврила за мојсеевото тело??
Не, ова е пророштво за иднината, знаци по кои верниците ќе ги познаат дејствата и измамите на антихристот.

Внимавајте, Христовите апостоли не користеле икони. Православните користат икони и измислуваат чуда со нив. И антихристот ќе го прави истото и ќе си направи чудотворна икона со својот лик.

Не постои извештај, ниту во Библијата, ниту во секуларните списи, дека Христовите апостоли или раните христијани „симнувале оган од небото“ дента пред Велигден.
Православните го измислија ова непроверено ткн. „чудо“, а како што видовме и антихристот ќе прави слично чудо со тоа што и тој ќе симнува оган и тоа пред очите не луѓето. Ззначи многу пософистициран трик од овој на патријархот, а можеби и вистинско чудо.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.588
Поени од реакции
1.134
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. " (Откровение 13:11-14, Библијата)
Не, ова е пророштво за иднината, знаци по кои верниците ќе ги познаат дејствата и измамите на антихристот.
За кого зборуваш дека е антихрист?
Ѕверот од морето што излегува или тој од земјата.//
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не, ова е пророштво за иднината, знаци по кои верниците ќе ги познаат дејствата и измамите на антихристот.

Внимавајте, Христовите апостоли не користеле икони. Православните користат икони и измислуваат чуда со нив. И антихристот ќе го прави истото и ќе си направи чудотворна икона со својот лик.

Не постои извештај, ниту во Библијата, ниту во секуларните списи, дека Христовите апостоли или раните христијани „симнувале оган од небото“ дента пред Велигден.
Православните го измислија ова непроверено ткн. „чудо“, а како што видовме и антихристот ќе прави слично чудо со тоа што и тој ќе симнува оган и тоа пред очите не луѓето. Ззначи многу пософистициран трик од овој на патријархот, а можеби и вистинско чудо.
Добро, значи не ви се вклопува во „науката“, па сега де е трик, де измама... внимавајте, Чорбаџија, како што им рече Гамалиил на членовите на Синедрионот, да не станете богоборци, не препознавајќи ги знаците...
Христос воскресна!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Добро, значи не ви се вклопува во „науката“, па сега де е трик, де измама... внимавајте, Чорбаџија, како што им рече Гамалиил на членовите на Синедрионот, да не станете богоборци, не препознавајќи ги знаците...
Христос воскресна!
За да препознаеш знак, треба некој претходно да ти го кажал знакот. Не може некој, па ни Бог, да очекува од тебе да препознаеш некој знак, кој тој не ти го покажал претходно.
Христос никаде не рекол дека Неговите следбеници ќе бидат препознаени по некакви си трикови со икони, фрески или огани (читај: самозапаливи свеќи). Во Светото Писмо овие знаци (икони, симнување оган од небото) се поврзани единствено со ѓаволот, со антихристот. (Откровение 13:13-15, Библијата)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Душички, знаци си чекаат. Свеќи кои сами се палат, оган од небото.

Чекајте си, идат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom