Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
официјално соопштено, што е вистина незнам

http://www.plusinfo.mk/vest/40196/Prvo-gi-ubile-momchinjata-a-potoa-povozrasniot-ribar

а што па рибарот?многу да не фатил дента?
WoW! Кое откритие! Си го шинале гзот од работа еј!
МВР нека си го напика вгз "профилот" на убиецот и нека признаат дека се неспособни и дека поима немаат од ништо освен дека најверојатно се пукало од три оружја поради, пронајдените чаури, а не тука да продаваат муда за бубрези и да ја залажуваат јавноста со некакви профили.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
бла бла бла бла
Оди и кажи го Гандиевскиот говор во Радишани, каде што 100% се сигурни дека се Албанци. Врати им ги камењата во џеб. Ништо не си разбрала што сум ти напишал. НИШТО!! Врати се назад, прочитај неколку пати, па пак дојди да ми објаснуваш мене што е војна, а што е мир и што се факти, а што се шпекулации.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
А бе оваа за нас пишува?
Удобно легнати во топлите фотељи, папочно поврзани со својот монитор, „тастатура – револуционерите“ истураат отровни стрели кон Албанците без никакви материјални докази. За жал, сето тоа премиерот Никола Груевски го гледаше три дена во молк, се до денеска кога изрази сочувство до семејствата, но не даде никакви насоки за спречување на ескалација на тензиите.
Да биде пострашно, нашите „тастатура – револуционери“ си земаат за право да користат една крајно манипулативна алатка креирана во диктаторските режими: Имено, тие зборуваат од името на целиот македонски народ! Ја користат конструкцијата „македонскиот народ вака...“, „македонскиот народ онака...“. Небаре нам ни требаат портпароли за да го изразиме сопствениот став.

Тие „тастатура – револуционери“ ги стопија копчињата штракајќи на нив шпекулации, обвинувајќи ги медиумите за сокривање на вистината затоа што овој пат медиумите решија да го положат тестот на професионалноста без да изнесуваат непроверени податоци. Тие „тастатура – револуционери“ во името на целата македонска јавност повикуваат на насилство, на линч на меѓуетничка база и на немири. При тоа немаат никакви факти, никакви докази, туку само ја манифестираат некритичноста на својот ум и си ги газат дипломите, магистратурите и докторатите.

Еден „тастатура револуционер“ е „спремен да гине за својата Македонија“, но спремноста му ја снемува кога ќе го зезне конекцијата и кога ќе му снема интернет како „муниција“. Тој само потпалува, а ги обвинува останатите зашто не можат да постигнат да ги изгаснат неговите жарчиња.

Тој одбива да сфати дека тормозењето што секојдневно овде го прават ѕверови, рекетари, убијци, насилници – не познава етничка припадност. Дека дури и да се докаже дека сторителите се Албанци, тоа нема никогаш да им ги врати на семејствата загубените луѓе, со кои биле роднини, пријатели, браќа, сестри, братучеди, соседи...

http://www.plusinfo.mk/mislenje/495/Tastatura--revolucioneri
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ја само да кажам, кој не дојде утре од неоправдани причини или пак има нешто против овој протест, па... нека си се утепа поштено :)
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Оди и кажи го Гандиевскиот говор во Радишани, каде што 100% се сигурни дека се Албанци. Врати им ги камењата во џеб. Ништо не си разбрала што сум ти напишал. НИШТО!! Врати се назад, прочитај неколку пати, па пак дојди да ми објаснуваш мене што е војна, а што е мир и што се факти, а што се шпекулации.
да се потрудеше да ми го прочиташ постот, немаше да го цитираш со Бла бла, нити да вратиш за две минути.
неам намера да ти враќам веќе.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Нема потреба од плукање на сопствената држава. Дебилно е и самосожалувачки!
Озбилно зошто да се напаѓа државава? Еве гледам колку толку се трудат да го најдат убиецот...И гледам сите сме за да се најде и да си добие што заслужил, нема потреба за гнев безвезе
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
130
Поени од реакции
54
1. Како поминуваат страните, така дискусијата во темава станува се полоша и полоша. Од дискусија за случајот на последните 20 страни премина во членови кои се плукаат меѓусебно, и се обвинува кој стигне (зашто жената која зборува се обдукцијата се насмеала?!). Што к*р е битно дали се насмеала или не? Класичен witch hunt.
2. Следно, криви биле институциите на државава затоа што можно е да избегале преку граница сторителите. (поглупава мисла од оваа немам прочитано одамна). Ако убиството се случило околу 19 часот, а телата се пронајдени околу 22:30, како се институциите виновни ако луѓе преминувале на граничните премини во тие 3 и пол саати? Или битно ви е некој да е крив? Па одма се фарба целава работа политички - како можел премиерот да не каже ништо одма.... демек ако кажеше, нешто различно ќе се случеше до сега. Ај ве молам get real.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.429
Пак ќе ти кажам, никаде не спомнав мижење. Нити повик за мир, кај и да го најде тоа. Читај повнимателно.
Во случај да НЕ МЕ РАЗБРА, ќе ти повторам со други зборови; Затоа што НЕ се знае официјално кои се напаѓачите, врати си ги камењата во џеб и воздржи се од било какви обвинувања што тангираат вери, националности, покраини, што и да е.
Затоа што тоа е тензија што не резултира со ништо.
Непродуктивна е.
Целиот овој начин на размислување со вакви претпоставки, колку и да се (не)издржани, се не-по-треб-ни.
Тоа нема да ги врати децата и нема магично да ги натера убијците на покајување и самоволно предавање.
Само отвара втор фронт, втор проблем во моментот кога е најмалку потребен, кога полицијата и сите други органи посветени на безбедноста треба да се фокусираат токму на убиството. Наместо тоа, ќе треба патролната кола да ја испратат во с.Горна Џумаја каде што Петко заклучил дека комшијата Сафет е потенцијална опасност за него, нели, затоа што човек бил кој што МОЖЕБИ ја делел верата/националноста со оној кој МОЖЕБИ е крив за убиствава.
Значи, многу непотребни хипотези, во многу погрешно време. Колкава и да е шансата да се точни, сега не им е местото ни времето да се поставуваат.

Потребна е ладна глава, што е тешка да се најде во голема маса. Ти НЕМА да и помогнеш на полицијата да ги најде убијците со претпоставкиве, ме разбираш? Само правиш врева кај што веќе е премногу гласно.
Дадено им е до знаење на сите дека убијците се бараат и дека никој нема да се смири додека не се најдат.
И тоа е доволно. Остави ги варварските територијални инстинкти позади, и протестирај против слаба безбедност/нечовечност/штоидае.
Протестирај против она што го имаш како информација, а тоа е дека некој е способен да убие петорица.
Не нагаѓај беспотребно дали е Албанец, Македонец, маж, жена, католик или муслиман. Од тоа во моментов нема ништо добро да произлезе, како што реков, може само полошо.

Ама ајде, си се фатил за орото да се бунтуваш против хипотези.

Прва хипотеза, инспирирана од дискусијата на темава, без намера да навреди никој:
Убијците се Албанци.
и што сега? EVE VO PRAVO BEVME UAA UAAAA!!!!!1 океј, претпоставката ти била на место. big fucking deal. Се осеќаш попаметен сега?:)

Втора претпоставка:
убијците не се Албанци, еве Македонци нека бидат, убиството се случило од икс причини што не засегаат ништо меѓуетничко, ништо политичко, ништо поопшто.
Нека биде некоја лична причина што неможеме ни да ја претпоставиме од зад компјутер. Некој нерасчистен долг, било што.

И тогаш? Ќе си го свиткаш хамерот на кој што пишува UMRETE *внеси било што* MAKEDONIJA E NASA OVA NEMA DA POMINE TAKA!!!!1

И твојата претпоставка за напаѓачите да се испостави како точна, нема апсолутно. никаков. бенефит од фактот што ти си погодил одредено време пред да излезе тоа црно на бело, ме разбираш? Тоа пробувам да ти објаснам.

Стојам позади тоа дека мирен протест против објективен проблем што не засега одредена група на луѓе (верски, национално, блабла..) е зрел пристап. Толку можеме да направиме ние, што не сме на извршна столица или со полициска значка во џебот.
Хипотези како твоиве не само што не носат придобивка, туку можат да бидат сами по себе проблем во момент кога е најмалку потребен.
Абре не убија од мавање само затоа што сме Каури и пак истата песна на безрбетни розови глупости.
После секој напад ова го рецитираш?
Колку пари добиваш?
Срам некаков имаш? Јок, вероватно.
 
B

Beck's

Гостин
Засега познато е дека се пукало од три оружја и три агли .

I sto uspeh gledaat vo ova otkrietije, se pukalo od 3 agli, ja slobodno mozam da kazam deka se pukalo od 2 agli iako ne sum strucnjak vraboten u MVR:facepalm:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
WoW! Кое откритие! Си го шинале гзот од работа еј!
МВР нека си го напика вгз "профилот" на убиецот и нека признаат дека се неспособни и дека поима немаат од ништо освен дека најверојатно се пукало од три оружја поради, пронајдените чаури, а не тука да продаваат муда за бубрези и да ја залажуваат јавноста со некакви профили.
Eве ја од сигурни извори ќе ти кажам дека тоталка грешиш и дека МВР се ангажирани и работат како никогаш до сега.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
5
moe mislenje deka izvrsitelite se opasni psihopati i shizofrenici sigurno vakvo nesto ne im e prvpat posle toa oruzje so koe sto gi ubija decava i covekot so golema razorna mok koj bi mozel da go poseduva osven paravoeni ili voeni formacii i sl i drugo decava se sigurno prateni od kaj znaea tie deka toj den vo tolku cas ke bidat na ezeroto ne veruvam deka e slucajnost ama na kogo tie nevini dusi mu zgresile za vaka da zavrsat?policijata sve treba da istrazi i minatoto i zakani i ako imalo nekoj raspravii posle se cudam kako nema otisoci ili od stapalkite od ubijcite ili od gumite na kolite ne mozam da vervam kako vo ova drzava zivotot ne vredit nisto?znaci kako narod nemame nikakva zastita od drzavava a odgovornite morat da ja kazat vistinata ma koja i da e i kakva i da e ako imaat barem malku sovest i zal .
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Госпожа Мирослава од ПлусИнфо не сум тастатура-револуционер утре ќе ме видите на протестот на кој ќе побараме брзо разрешување на случајот, откривање на целата вистина колку и да е болна и да кажеме СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА. Оваа држава ја изградија нашите дедовци и татковци и имаме право слободно и без страв да живееме.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
да се потрудеше да ми го прочиташ постот, немаше да го цитираш со Бла бла, нити да вратиш за две минути.
неам намера да ти враќам веќе.
Добро е, што нема да ми вратиш, затоа и ќе ти одговорам.
Не им викам на татковците на децата да почекаме што ќе каже истрагата, затоа што нему не му се чека. Не му викам чекај може не се Албанци, зошто за него се Албанци. Ако отидеш и да му го речеш тоа, он ќе си рече, што чекам јас, овие ме лажат мене, дај да си ја барам јас одмаздата.

Но доколку не го лажеш и му кажеш дека све води накај тоа, но дека можеби е наместено да изгледа така, чекај да видиме што точно се крие позади ова можеби ќе ги стави камењата во џеб.

Повикување на мир на ваков начин притоа наоѓајќи смешни тези, прво се полна од мафијашка пресметка, па биле сведоци, па после споредување со сериски убијци. Тоа е све мачкање очи. И би ти препорачал, ако не сакаш да долеваш масло на огнот за да не мора да се повторуваат сите импликации кои покажуаат дека се Албански извршители повторно и повторно, би те замолил да престанеш со тој инфатилен став „дај да замижиме во име на мирот“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom