Абе и без нашите шпекулации, во Радишани на големо се збори дека Албанци се извршители. Алоооо. Ваква изјава е замижување на ситуацијата, а не на фактите. Редоследот на настаните укажува убиство со етнички караткер (без разлика дали е или не е). И најверојатно тој што го нарачал убиството сакал да го прикаже како такво. Ако некој сака да фингира меѓуетнички конфликт, со повици на мир ќе го спречиш??? АЛООООООООО. Ако сака ќе има нова егзекуција и нова и нова. Со мижење нема да ги спречиме, туку ќе ги предизвикаме уште повеќе.
Пак ќе ти кажам, никаде не спомнав мижење. Нити повик за мир, кај и да го најде тоа. Читај повнимателно.
Во случај да НЕ МЕ РАЗБРА, ќе ти повторам со други зборови; Затоа што НЕ се знае официјално кои се напаѓачите, врати си ги камењата во џеб и воздржи се од било какви обвинувања што тангираат вери, националности, покраини, што и да е.
Затоа што тоа е тензија што не резултира со ништо.
Непродуктивна е.
Целиот овој начин на размислување со вакви претпоставки, колку и да се (не)издржани, се не-по-треб-ни.
Тоа
нема да ги врати децата и
нема магично да ги натера убијците на покајување и самоволно предавање.
Само отвара втор фронт, втор проблем во моментот кога е најмалку потребен, кога полицијата и сите други органи посветени на безбедноста треба да се фокусираат токму на убиството. Наместо тоа, ќе треба патролната кола да ја испратат во с.Горна Џумаја каде што Петко заклучил дека комшијата Сафет е потенцијална опасност за него, нели, затоа што човек бил кој што МОЖЕБИ ја делел верата/националноста со оној кој МОЖЕБИ е крив за убиствава.
Значи, многу непотребни хипотези, во многу погрешно време. Колкава и да е шансата да се точни, сега не им е местото ни времето да се поставуваат.
Потребна е ладна глава, што е тешка да се најде во голема маса. Ти НЕМА да и помогнеш на полицијата да ги најде убијците со претпоставкиве, ме разбираш? Само правиш врева кај што веќе е премногу гласно.
Дадено им е до знаење на сите дека убијците се бараат и дека никој нема да се смири додека не се најдат.
И тоа е доволно.
Остави ги варварските територијални инстинкти позади, и протестирај против слаба безбедност/нечовечност/штоидае.
Протестирај против она што го имаш како информација, а тоа е дека некој е способен да убие петорица.
Не нагаѓај беспотребно дали е Албанец, Македонец, маж, жена, католик или муслиман. Од тоа во моментов нема ништо добро да произлезе, како што реков, може само полошо.
Ама ајде, си се фатил за орото да се бунтуваш против хипотези.
Прва хипотеза, инспирирана од дискусијата на темава,
без намера да навреди никој:
Убијците се Албанци.
и што сега? EVE VO PRAVO BEVME UAA UAAAA!!!!!1 океј, претпоставката ти била на место. big fucking deal. Се осеќаш попаметен сега?
Втора претпоставка:
убијците не се Албанци, еве Македонци нека бидат, убиството се случило од икс причини што не засегаат ништо меѓуетничко, ништо политичко, ништо поопшто.
Нека биде некоја лична причина што неможеме ни да ја претпоставиме од зад компјутер. Некој нерасчистен долг, било што.
И тогаш? Ќе си го свиткаш хамерот на кој што пишува UMRETE *внеси било што* MAKEDONIJA E NASA OVA NEMA DA POMINE TAKA!!!!1.
И твојата претпоставка за напаѓачите да се испостави како точна,
нема апсолутно. никаков. бенефит од фактот што ти си погодил одредено време пред да излезе тоа црно на бело, ме разбираш? Тоа пробувам да ти објаснам.
Стојам позади тоа дека мирен протест против објективен проблем што не засега одредена група на луѓе (верски, национално, блабла..) е зрел пристап. Толку можеме да направиме ние, што не сме на извршна столица или со полициска значка во џебот.
Хипотези како твоиве не само што не носат придобивка, туку можат да бидат сами по себе проблем во момент кога е најмалку потребен.