Значи се сведовме на 2 тези околу убиството:
ТЕЗА 1:
После оние неколку провокации од страна на Албанците за да се дестабилизира регионов, ова МОЖЕБИ е продолжение од тие провокации. Колку да се потсетиме кои беа тие провокации со што сакаа дестабилизација на регионов:
- Обид да му се налепи етничка етикета на Вевчанскиот карневал;
- Албанци со безбол палици претепаа шест Македонци во Скопје, Тетово и Прилеп;
- Десетмина малолетни Албанци претепаа 66 годишен старец во Скопје;
- Серија напади во автобусите на ЈСП во Скопје, при што се повредени десетици луѓе;
- Албанците почнаа да ги палат црквите околу Струшко;
- ПРЕТПОСТАВКА е дека убиството на овие 5 Македонци е продолжение на оваа низа настани за дестабилизација на регионов.
ТЕЗА 2:
Акцијата ДЕТОНАТОР после оние апсења на локални мафијаши во Кочани, Штип и Струга, било планирано да се пресели во Скопје. Скопските мафијаши почувствувале раздвижување на полициски структури во цивилки и со тоа знаеле што ќе им се случува, и оттука следуваат две претпоставки:
Претпоставка 1: Скопските мафијаши испратиле предупредувачки пораки (телефонски, усни, СМС и сл) до МВР веднаш да си ги повлече полициските структури и да не им се меша во работата, во спротивно ќе има крвопролевање. МВР најверојатно има одбиено и си продолжила со работата, и скопските мафијаши ги имаат егзекутирано овие 5 души како порака дека доколку не престанат, следните жртви ќе бидат членови од нивните фамилии.
Претпоставка 2: Овие 4 деца биле некакви соработници на локалните мафијаши (не велам длабоко вмешани, туку некој вид информатори, препраќачи на информации и сл), и кога почуствувале дека им прети казна затвор, ги има фатено паника, па им имаат порачано на нивните „надлежни“ дека доколку допрат до полициска станица, нема да поштедат ниту едно име. По ова следело егзекуција со цел да се замолчат децата. 45 годишниот убиен бил сведок на настанот, па и него го ликвидирале.
Може да се примети дека ДЕТОНАТОР повеќе не се спроведува, што ептен алудира на втората теза, али ќе почекаме и ќе видиме, времето ќе покаже.