Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
17 февруари 2006
Мислења
20
Поени од реакции
5
Од аеродром сум ( што би требало да претставува помирна населба ) и комшијава полицаец знае рандом да испука неколку куршуми од прозор.Ако го пријавам само ќе имам сосед полицаец кој ќе ми биде на врат и ништо повеќе.
И комшијата е етнички Албанец? Изгледа, опасно е човек и во Аеродром да шета. Уште пострашно, штом тоа го прави полицаец, празни се моите надежи дека полицијата ќе ги испофати сите што пукаат. А би морало, оти не само што тој што пука ги доведува во опасност другите, туку и најверојатно се занимава со други криминални активности. Чесен човек не пука!
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Хмм.. чудно. Кога детонатор стигнува до Скопје, Гостивар, Тетово се случува убиство и целото внимание се врти кон него.
Нормално дека целото внимание ќе се сврти кон покрупна работа.
И да паднеше авион во Македонија, повторно вниманието ќе се свртеше таму, да имаше катастрофален земјотрес или да проработеше вулкан, пак истото.
А „детонаторот“ никогаш не ни стигна до погоре наведените градови.
Тешко веројатно дека се поврзани двете работи една со друга.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Интересна работа се жалат на фејсбук дека ги бришеле ивентите за протест во понеделник .....
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Од аеродром сум ( што би требало да претставува помирна населба ) и комшијава полицаец знае рандом да испука неколку куршуми од прозор.Ако го пријавам само ќе имам сосед полицаец кој ќе ми биде на врат и ништо повеќе.
Ова ти е дрвење сеа. Колку што има тука истрели на ден, во Аеродром нема цела година. Дај те молам не глуми лудило тука. Не се сите тука од Германија да незнаат што се дешава. Ова ти е ебење у здрав памет веќе, навреда на интелектот на луѓето.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
8
Нормално дека целото внимание ќе се сврти кон покрупна работа.
И да паднеше авион во Македонија, повторно вниманието ќе се свртеше таму, да имаше катастрофален земјотрес или да проработеше вулкан, пак истото.
А „детонаторот“ никогаш не ни стигна до погоре наведените градови.
Тешко веројатно дека се поврзани двете работи една со друга.
Само помислив дека можеби убиството е направено за да на некое време се одложи ''детонаторот'' и да не стигне до горе наведените градови ама читајќи ги коментарите сватив дека нема врска.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кога и да ја отворам темава ме лазат морници и гневот ми расте се повеќе и повеќе. Не знам кон кого попрво да бидам гневен... Прво, кретенот од премиер не чувствува за потреба да сврзе 2-3 збора со кои би дал некој знак дека народот може мирно да спие... Со неговото непојавување само не води кон заклучок дека сега го пишуваат исходот од настаните за да се прикрие неспособноста за нивно разрешување, а дополнително е тоа што не прави понесигурни во сопствената држава. И не барам оставка ниту од него, ниту од Гордана,... ниту од било кој друг. Мене апсолутно ништо нема да ми смени ако они се повлечат зошто знам дека кој и да дојде на нивно место ништо нема да направи, дел поради сопствена неспособност, дел поради пречки од надвор.
Што па ние ќе направиме со ова? Само се лупаме во гради, гневот го канализираме по форуми, во меѓусебни дискусии... Велиме дека е крајно време да се пресметаме со албанското малцинството, а во исто време сме свесни дека ништо нема да постигнеме, повторно, мал дел поради нашата неспособност и огромен дел поради надворешен притисок. Конфликтот пред 11 години тотално не промени... колку за таа промена бевме одговорни ние? Според мене, многу малку... Ние сме марионети кои се движат во рамките кои друг ги определува... И не е тоа психичка состојба која некогаш може да се промни... ова се физички окови кои се трајни и непремостливи. И мене ми е многу тешко поради тоа... Ова не треба да се поврзува само со меѓуетничката тензија... Нашите окови се на секое можно поле...
Токму ти окови ќе бидат пречка да се разреши ова злосторство. Жалам поради тоа, жалам што сум се родил неспособен да го искажам своето мислење надвор од форумот и да се борам за сопствените права и правата на сите добронамерни граѓани на оваа држава... Жалам што сум принуден да ги гледам овие ѕверства и жалам што ќе живеам со мисла дека еден ден може мене или некој мој близок истата судбина да не снајде.... Македонија не ја заслужува оваа трагедија.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
И комшијата е етнички Албанец? Изгледа, опасно е човек и во Аеродром да шета. Уште пострашно, штом тоа го прави полицаец, празни се моите надежи дека полицијата ќе ги испофати сите што пукаат. А би морало, оти не само што тој што пука ги доведува во опасност другите, туку и најверојатно се занимава со други криминални активности. Чесен човек не пука!
Каков албанец Македонец е.Има и еден психопат малку подоле чисти калаш на тераса од време на време ( го има украдено како поранешен резервирста во 2001 ) чека војна да почне и само за тоа збори.
 
Член од
17 февруари 2006
Мислења
20
Поени од реакции
5
Аман ни самата полиција нема да се заинтересира, секојдневие се рандом рафали тоа сакаше да ти каже.
Тоа би било многу лошо. Бидејќи полицијата нема да се заинтересира, постојано читам како некои ќе ја земале правдата во свои раце. Ќе настане општа граѓанска војна. Мислам дека тоа е доволна причина луѓето организирано да извршат притисок врз политичкиот врз на МВР и врз Владата за да ја средат ситуацијата. Ако ништо не се презема на време, страшни работи ќе се случат.
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Ме интересира само едно најдена ли е рибарската опрема со која фаќале риба момчињата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
6
Zanima me, ovi nasi srpski mediumi kazu da je to sve etnicko i da je delo albanaca...koliko je to tacno ?
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Факт број 1: Сторителите се сигурно 2-3 на број со тоа што е пукано од 3 различни оружја.

Факт број 2: Злочинот е извршен професионално. Сторителите имаат психолошко минато со вакви ситуации и фактот дека интелигентно се погрижиле за локацијата, времето, жртвите и сведокот, кажува дека се однапред тренирани за вакво нешто.

Факт број 3: Според факт 1 и 2 можеме да заклучиме дека злочинот е однапред планиран, но чудно е што локацијата и жртвите се најверојатно случајно одбрани. Затоа што не верувам дека сторителите имале претходни информации каде ке бидат децата во тој ден и во тоа време. А злочинот можеле да го извршат и врз други лица, но тие одбрале тоа да бидат невини деца, оние што ќе предизвикаат најмногу болка кај народот.

Според првите неколку факти може да се стави како можна ситуација дека сторителите претходно поминале покрај локацијата и забележувајќи го присутството на децата, сфатиле дека локацијата и жртвите одговараат според нивниот план, и набрзо се вратиле со оружје да го остварат (бидејќи сигурно не се шетале наоколу со оружје во себе). Децата се X фактор за сторителите и сторителите не би можеле претходно да предвидат каде ќе бидат децата и во кој период. Но при поминувањето покрај локацијата сторителите добиваат точни координати.

Доколку успеале во рок од некој саат да поминат, да ги забележат децата и потоа да се вратат, сторителите се најверојатно жители од околината, бидејќи доколку брзо се вратиле наоружани, тие имале точна локација и сигурно складилиште на оружјето.

Но околината може да биде арачиново, липково, стајковци, ченто, бутел, чаир, гази баба и сл. Затоа што локацијата со возило е пристапна од сите страни во времетраење од 10 минути.

Додека сите очекуваат сторителите да се досега избегани преку граница, јас мислам дека тие се сеуште овде. Самите сметаат дека добро се погрижиле за ситуацијата и доколку тргнат кон границата нивниот премин ке биде заведен во граничната евиденција која во теков на случајов секако ќе се прегледува. Така што не сакаат да бидат ставени ни блиску до листата на осомничени.

Доколку се претходно заведени како криминални престапници се надевам дека имаат досие и отпечатоци. Децата биле брутално тепани пред да бидат убиени, што значи сторителите оствариле контакт со облеката и кожата на децата, ваквиот контакт остава траги, отпечатоци, се надевам дека форензичарите се способни да извлечат нешто од тоа. Кога се полни шаржар од оружје, долниот дел од куршумот, односно чаурата е често допирана со некој прст, дали бочниот ѕид или дното, двете се многу малку оштетени во процесот на испукување, каде дното е оштетено само на средина од иглата, а бочниот ѕид минимално при излегувањето од страничниот отвор. Големи се веројатностите дека и на чаурите има отпечатоци.

Доколку се земат во предвид сите насоки кои можат да се фатат после извршувањето на злосторот, треба да се разгледаат сите куќи кои имаат излез на улица, патен правец во кој би можеле да се упатат сторителите, и да се бара куќа која има камера внатрешна или надворешна што случајно или намерно има поглед кон улица. Потребно е само да се забележи поминување на возило во кое има 2, 3 или 4 лица во тој период од денот. Доколку нема таква појава истиот патен правец може и да се елиминира па да се разгледуваат другите.

Треба да се земат во предвид и трагите од возилото со кое пристапиле сторителите. Доколку се мерат оските на тркалата, може да се елиминираат многу други марки возила, а може и да се најде одреден специфичен тип. Треба да се одреди и позицијата на сторителите, кој каде како стоел и кон кого пукал, да се види кој како реагирал и како се справил со ситуацијата. Грешки направиле сигурно, но дали ќе ги најдат доказите за тие грешки е знак прашалник. Трагите од чевли, големината и длабочината може да ја одредад висината и тежината на сторителите. Ова веќе се применува од страна на форензичарите во бугарија и скоро имаше ваков случај но дали и нашите се обучени за истото не се знае.

Мотивот за убиството, покрај одмазда за двајцата застрелани албанци во гостивар може да биде и друг. Има доста организации во регионов кој би профитирале и би имале придобивка од етничка дестабилизација во Македонија и пошироко. Албанците едвај чекаат да направиме некоја грешка, па да излезат на протести, па да испадне дека полицијата употребила преголема сила, па да настанат нереди, па ситуацијата да ескалира до граѓанска војна. Нато ќе се послужи си примерот кон Србија и ќе ни ебат матер.

Истиов настан може да биде претходно нарачан од грчка страна. Како што веќе знаете големи се шансите грција да излезе од еврозоната и со тоа да ја изгуби војната против македонското име и евроатланските интеграции. Така грција ќе биде загубар а Македонија во добивка. Па сигурно на некоја грчка фашистичка глава може да и светне во умот да направи обид за дестабилизација на односите кои онака висат на конец. Раздели па владеј велат.

Профит би добиле многу луѓе, секој има некоја скриена намера и секој гледа да ги наполни џебовите со било што. Затоа треба да размислуваме со отворен ум и надвор од кутијата. Секој треба да размислува на секое различно поле и да дојдеме до заеднички заклучок кој би може да биде нарачателот, иницијаторот и да дојдеме чекор поблиску до сторителите.

Но најважно од се е дека не ни треба меѓуетничка дестабилизација во Македонија. Никој не е спремен да падне во немилосрдноста на војната. Во војна веќе не важат законите во чија потпора колку толку моментално имаме кров на глава, леб на маса и пари за пијалок. Во војна секој секому е непријател, и мајката и таткото подеднакво плачат...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Zanima me, ovi nasi srpski mediumi kazu da je to sve etnicko i da je delo albanaca...koliko je to tacno ?
Точни официјални информации нема , ама тоа е 90% дека е така ... и мн е можно да е поврзано со липковската група (неодамна имаше некој гласини за терор. група во липковско)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom