jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.316
Абе сакав поголем пост со моите гледишта, ама е доста динамична темава и све што пишувам доста бргу ми иде во ветар. Така да стигнав до негде и истиснав испрати мислење.Овде можеш да го додадеш брзото српско сочувство, неверојатниот интерес на српските медиуми за настанов, очигледниот страв кај владеачката структура, стравот кај Ахмети и нелагодноста, молкот на опозицијата и невладините.
Иначе сигнификатен е стравот кај Албанското население од одмазда. Неизлагањето на премиерот со изјава.
Изјавата на официјален претставник на Српската влада, не би го сметал за патка, сепак се работи за официјален став. Многу поважно е што пренесуваат агенциите. Ја пратев твојата преписка со фми во врска со тоа. И искрено, моменталната Српска влада е под влијание на САД, а доколку САД сака нешто, нема потреба да заобиколува, има и други пулени во регионот, вклучувајќи ја и нашата држава.
Но, посетата на Амбасадорот на САД на седиштето на ДУИ, јасно говори дека САД не се баш информирани за овој настан.