Финале СЕХА: Вардар - Металург (недела 18:00 Загреб)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Победник во СЕХА ќе биде:

  • Вардар

    Гласови: 59 57,8%
  • Металург

    Гласови: 43 42,2%

  • Вкупно гласачи
    102
Честитки и за двете наши екипи за влезот во финалето и промовирањето на македонски шампион во првата сезона од СЕХА лигата.

Капа доле пред се' за Вардар. Им го скинаа на скалот на КО пред очите на нивната публика во Арена, што само го прави ќеЈфот поголем. Покажаа вистинска колективна игра, пожртвуваност и допринос се осети од сите. Додер беше отстапи во првиот дел само, а во продолжението хрвативе не знаеа од каде им дува. Резултатот немаше да биде толку тесен, ако судииве беа МАЛЦЕ пообјективни во судењето и ако нашиве посмирено влегоа во натпреварот (првото полувреме имаа многу технички грешки, завршија со 12 вкупно мислам).

ПС - И кој е тој Влатко Јовчевски (така мислам дека му беше презимето), десно крило од Вардар. Типот изграше 30 мин. и прикажа супер игра, 3-4 гола имаше дадено. Зошто Шундо не го вика во репрезентацијата ?
 
Сега се сетив да прашам, зошто Столе не играше, барем јас во прво полувреме не го видов. И Никола Маркоски од Вардар, брат ли му е на Веле од Металург?
 
Воопшто не ми е битно кој ќе победи утре, зашто со самиот пласман у финале на Вардар и Металург победи македонскиот ракомет.
Колку мерак ми се праи тоа чудо нешто, среде Загреб ќе се игра македонско ракометно финале.
Но, без разлика каде се среќаваат Вардар и Металург, никогаш не се доволни нивните дуели. Најголемо балканско ракометно дерби е, без исклучок.
 
Сега се сетив да прашам, зошто Столе не играше, барем јас во прво полувреме не го видов. И Никола Маркоски од Вардар, брат ли му е на Веле од Металург?
Ne igrashe poso Ratkovic i Markoski igraat i odbrana, a Stole beshe iznenaduvanje u napad... Inaku da brakja se.
 
Сега се сетив да прашам, зошто Столе не играше, барем јас во прво полувреме не го видов. И Никола Маркоски од Вардар, брат ли му е на Веле од Металург?
Играше во второ полувреме...
 
Македонско финале:cuc:
Сеедно ќе ми е кој и да победи утре, уф колку ми е убаво кога ќе фаворизираат упорно некој тим, во случајов Загреб и оп ''изненадување'' Вардар-Маталург финале. Убајни :)
 
Не го гледав второто, ама знам го видов на претставувањето, а воопшто не влезе во прво, па затоа си прашувам:)
Многу голема грешка што не играше во првото полувреме, а речиси и до десетта минута од второ со оглед на тоа што Николиќ промаши четири зицери, шутеви кои не се промашуваат...
 
Туку видете што ви се вика различна игра кога станува збор за македонски екипи. Кога играат Металург и Загреб, одбраната е клучна и паѓаат по малку голови, а гледам денес Вујовиќ форсира брза игра против Загреб, мислам дека ги шашардиса Хрвативе и на полувреме голови колку сакаш.
 
Ќе бидам за Вардар утре, инаку кој и да освои ќе ми биде мило.. сепак пред се Македонски тимови се (y)
 
Туку видете што ви се вика различна игра кога станува збор за македонски екипи. Кога играат Металург и Загреб, одбраната е клучна и паѓаат по малку голови, а гледам денес Вујовиќ форсира брза игра против Загреб, мислам дека ги шашардиса Хрвативе и на полувреме голови колку сакаш.

Читај изјава на Вујо и самиот вели дека денес поголемата ротација го решила мечот што е логично, како што кажува на тој начин Вардар немаше поголем пад посебно во последни 10 минути кога се кршеше мечот. Може да се каже дека е добро избалансирана екипа но сеуште им фали висок бек шутер. Од друга страна тој меч на Металург со Загреб е друга приказна, денес Вардар имаше многу подинамична намоменти и 4-2 одбрана ама и мора да се каже дека и Загреб беа помалку млитави со оглед на тешкиот распоред и тоа што се припремаат за Кил следна недела. Како и да е голема победа за македонскиот ракомет бидејќи објективно двете екипи беа константни низ целиот тек на лигата а делумно Загреб беше поштедуван и привилегиран и затоа тоа на крајот им се врати дупло.
 
Браво за двете екипи заслужено се најдоа во финале. Утре очекувам неизвесен и тесен резултат со малце голови. Металирг може се благи фаворити но ако играат Вардар како денес што играат тогаш се сигурни победници. Уф како не се играше финалето во Скопје да има вистински спектакл вака нема да има многу навивачи во Загреб.
 
Сеедно ми е кој ќе победи. Самото пласирање на двете екипи у финале е уште еден голем чекор за Македонскиот ракомет. Да се надеваме дека одгодина пак ќе ја има лигава, ќе биде поорганизирана, и со уште еден македонски претставник :)
 
Бог знае колку Хрвативе го потцениле Вардар чим за нив ова е брука.Така им е,нека патат сеа не се свесни како ќе го јадат од Кил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom