Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
14 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Да дај господ да се открија се ама само ме плаши дека ќе остани така и ќе се заборави како многу други работи. Бунт на македонците и правење акција против албанскиот народ во македонија ќе биди многу погрешно... сепак не се може да се знае што било и како било затоа не треба да се греши душа со предпоставки. Во светот се имат случено безброј и секакви злостоства и многу од нив останале неоткриени така да се што може ме е да се надеваме на власта дека ќе го најдат кој е виновникот за ова и потоа правилно ќе постапат. Трагедијата е голема, нека почиват во мир луѓето, господ е насекаде во и меѓунас да се надеваме дека ќе помогни.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Гледам имало ноќеска доста сценарија за тоа кој и како...
1. Нема логика паравоена формација да се разместувала во тој простор меѓу 18 и 19 ч.
2. Нема логика убијци да фрлале труп во езерото во истиот период.

3. Има логика доколку се работи за локални жители кои претходно ги предупредувале децата да не ловат во „нивното“ езеро.

Сепак, неколку индиции укажуваат дека теоријата од вчера е многу веројатна (според мене). Местото се наоѓа веднаш до заобиколницата. Сеуште било ден кога се случило ѕверството. По начинот на извршување, се работи за професионални убијци.

Според ова, мое лично мислење е дека се работи за жртви кои се случајно одбрани, начекани во изолиран простор. Целта на ѕверството е да се дестабилизира државата и да се пренасочи безбедносниот ризик врз овој настан, а со тоа да се прекине претходната акција на полицијата која се префрли по западниот дел на Македонија. На ваков начин мафијата создава простор за маневар, т.е. прикривање на криминалот со дрога и проституција, но најважното е: чување под нивна контрола на илегалните фабрики за оружје во дебарско, кои понатаму ќе се користат при војна за отцепување на западниот дел.

Ако жртвите навистина биле случајно одбрани (т.е. немало мотив), не постои никаква веројатност дека убијците некогаш ќе бидат најдени.
Незнам што подразбираш под поимот професионални убијци. Од вчера се користи овој поим но никако неможам да разберам.
Професионален убиец, најчесто е платен да ликвидира човек и не губи време да постројува и буквално да егзекутира и а претходно да ги тепа (по кој основ е тепањето).Ова го направиле луѓе кои имаат искуство со вакви егзекуции. Кои оделе по села и извршувале вакви егзекуции во некој воен конфликт. Убиствата подсетуваат на типични Балкански етнички чистења.

Делото има порака. Пораката е примена и веќе реализацијата е во втора фаза, се случува Радишани. Какви црни детонатори, какви дроги и проституции, зарем некаде во светот успеале да ги искоренат овие работи со една полициска акција?

До кога ќе бараме причини за да си ја ублажиме смртта, мене не ми е јасно што е толку тешко да се види.


Гледам имало ноќеска доста сценарија за тоа кој и како...
1. Нема логика паравоена формација да се разместувала во тој простор меѓу 18 и 19 ч.
2. Нема логика убијци да фрлале труп во езерото во истиот период.
А што сакаш? Мислиш би дошла паравоена формација со барјаци и униформи да парадираат пред да ги убијат децата? Дај те молам, цивилна облека не значи дека се работи за обични криминалци и дека не се паравоена единица внесена од Косово со база во некои блиско село во регионот. И Арачиново и Љуботен се релативно блиску од местото на настанот.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Анализите од разноразни српски аналитичари и шпиуни треба да се земаат со огромна резерва.
На Србите им одговара ова што се случува во Македонија бидејќи го користат за свои цели т.е. сакаат да престават на Запад дека тие не се оние лошите туку еве Албанците прават проблеми и во Македонија. Не случајно сите овдешни случувања се топ вести на нивните медиуми. Реално Србија моментално ни е природен сојузник, а не Албанија и Косово.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Некако најлогична ми е претпоставката дека масакрот бил извршен од терористичка организација (УЧК, АНА кажете ги како сакате). Албанците од реализацијата на концептот Голема Албанија никогаш реално не се откажаа, туку го ставија во мирување.

Што ако палењето на цркви и автобуските тепачки беа само тест за реакцијата на македонскиот народ и институциите на државата Македонија(видоа дека имаме неспособни институции и тоа уште повеќе ги охрабри да прават што намислиле)? А вчерашниов масакар (местото е така одберено кај што има кревки мултиетнички односи и од друга стрна добра заштита .Арачиново на 10 минути возење по обиколницата) провокација за Македонците да почнат со протести и сила против Албанците, што пак би било оправдување за разни терористички организации во име на „спасители“ да интервенираат од Косово и Албанија.

Некако сево ова сомнително се поклопи со изјавите на Мендух и Хашим Тачи (индиректно и Ермира Мехмети) дека сите Албанци треба да живееат во една држава. Капак на се, се појавија шпекулации дека терористи се имаат појавено во Липково, и дека се подготвува „крстоносен поход“ против Србите на Северно Косово протежиран од градоначалникот на Косовска Митровица.

Мене сево ова воопшто не ми изгледа наивно туку добро осмислено и подготвено. Сепак бесот не треба да се сврти кон обичниот албански граѓанин туку кон одредени радикални структури што ја подгреваат и иницираат ситуацијата. Ова е мое мислење.
Па ако земеме дека вистина беше тоа за терористичката група во Липково .... тогаш тотално сите треба да се согласиме дека институциите се ЕБАНО неспособни ... доколку таа теорија ја земме како вистинита ...
 
S

Sagan

Гостин
Незнам што подразбираш под поимот професионални убијци.
Професионален убиец, најчесто е платен да ликвидира човек и не губи време да постројува и буквално да егзекутира и а претходно да ги тепа (по кој основ е тепањето).
Да, извршител на нарачано убиство, за кое му се плаќа.
Таквите суштества освен болни умови, имаат и болни идеи за забава, како претепување и поредување.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На Србите им одговара ова што се случува во Македонија бидејќи го користат за свои цели т.е. сакаат да престават на Запад дека тие не се оние лошите туку еве Албанците прават проблеми и во Македонија. Не случајно сите овдешни случувања се топ вести на нивните медиуми. Реално Србија моментално ни е природен сојузник, а не Албанија и Косово.
Не случајно Србите први изразија сочувство и помош за откривање. На нивните игри им нема крај, им оди во корист запалена македонска глава и хаос. Затоа внимавајте што пишувате, додека не кажат официјално барем и најмал сомнеж за таа теорија нема потреба да им ја играме играта. Они никому добро не мислат, нека не се залажува некој со сила. Секој за свој газ е на Балканов.
Со вестиве во соседството ми се враќаат спомените од си ен ен и би би си што збореа и какви снимки прикажуваа, непостоечки сценарија. На крај си заминаа, а ние останавме во крв да се давиме.
Воздржете се од причини додека не видиме брколинда што ќе истражи. Потоа ќе видиме што и како ќе правиме.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.555
Поени од реакции
66.178
Биди малку реален и не претерувај. Не поминале ни 24 часа а ти сакаш да ги видиш убијците на едно многу мистериозно убиство кај што нема ни сведоци ни мотиви. Што мислиш ти ова е CSI.... Знаеш дека цела Франција со најдобра технологија го бркаше неколку дена терористот кој у сред град пред 1000 сведоци направи масакар...
И тука не е прашање дали Јанкуловска е способна да го реши убиството или пак владата и нема никаква политика тука.... Прашање е дали ке бидат доволно паметни инспекторите кои ке работат на случајот кои сигурно работат и пред Јанкуловска и после неа ке продолжат....
И не плукај по ВМРО и СДСМ туку плукај си на ксметот што си се родил у оваа заебана средина.....
И виде како се заврши неговата приказна? Куршум во чело! Се надевам за истото и на овие...

Случајно навиваме за истиот тим ...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....на македонските телевизии единствено им е до ОПА-ИХА и слогани од типот ЗА ПОДОБАР ТУРИЗАМ ОСТАВИ ПОДОБАР ВПЕЧАТОК....
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
најпрво да изразам најискрено сочуство до семејствата на убиените. Темава ја следам од самиот почеток, пред се за да добијам информации околу целиов случај. Избегнувам да се вклучувам во вакви осетливи дискусии, но навистина сум згрозен од овој одвратен настан. Мое мислење е дека во моментов целиот протест треба да биде насочен кон владата и мвр со цел побрзо да го расчистат случајот, се додека не се откријат сторителите или додека некоја терористичка организација не преземе одговорност, гневот не треба да биде насочен кон просечниот албанец. Читав разни коментари по албанските медиуми од типот на 5:2 или да живее голема албанија, искрено се надевам дека се тоа изолирани случаи на напалени тинејџери, но ако така размислуваат повеќето албанци, тогаш исходот е веќе познат и прашање на време е кога ќе се случи војна. Мене ми е многу жал што македонците од другите градови не покажуваат никаков знак на сочуство или протест, еве во Охрид сите шетаат, пазарат, се веселат по кафаните, не велам животот да престане, но да покажеме малку сочуство, да излеземе на плоштад да запалиме свеќа за децата, кривицата ја гледам и кај мене. Мора да се свестиме и во вакви тешки моменти да се сплотиме како народ, во спротивно црно ни се пишува.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не случајно Србите први изразија сочувство и помош за откривање. На нивните игри им нема крај, им оди во корист запалена македонска глава и хаос. Затоа внимавајте што пишувате, додека не кажат официјално барем и најмал сомнеж за таа теорија нема потреба да им ја играме играта. Они никому добро не мислат, нека не се залажува некој со сила. Секој за свој газ е на Балканов.
Со вестиве во соседството ми се враќаат спомените од си ен ен и би би си што збореа и какви снимки прикажуваа, непостоечки сценарија. На крај си заминаа, а ние останавме во крв да се давиме.
Воздржете се од причини додека не видиме брколинда што ќе истражи. Потоа ќе видиме што и како ќе правиме.
Зарем после се би очекувале да ја кажат вистината од "нашиот врв". Можеби ќе биде лажга за да спречат конфликт, но овие масакри разузнавачите претходно би требало да ги знаат и да дејтвуваат превентивно.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Груевски вапцал јајца затоа не може да им даде сочуство на фамилиите. Само Бутел прогласи ден на жалост, владата не они не сакаат да си ја расипуват прославата за велигден. Овие МТВ па уште и се веселат. :facepalm:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
"Негде средином 1996 Лорд Овен и Стотенберг разговарају са Милошевиће о већ познатим проблемима и ситуацији у региону. Лорд Овен изненада ван теме упита Милошевића: „а шта мислите о Македонији, колико ће опстати као држава“? Милошевић га погледа, испи гутљај вискија и рече: „па мислим још једно десетак а можда и петнаестак година“. „Сматрам да су вам процене лоше, много сте им времена дали, највише још пет до шест година“ – рече самоуверено Овен и врати се теми односа Србије, Хрватске и Босне као да је Македонија неважна и споредна ствар на коју и не треба трошити много времена. То је био период после Дејтона када је Милошевић промовисан за кључног миротворца на Балкану, па је Лорд Овен једним блиц питањем хтео да чује како Милошевић уопште гледа на позицију Македоније и колико уопште зна о западним плановима о подели Македоније између Албаније и Бугарске."
Добар прогнозер во секој случај :confused:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
На крај си заминаа, а ние останавме во крв да се давиме..
За жал отсекогаш било така.....многу пати низ историјата МАКЕДОНЕЦОТ крварел за туѓи интереси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom