Гледам имало ноќеска доста сценарија за тоа кој и како...
1. Нема логика паравоена формација да се разместувала во тој простор меѓу 18 и 19 ч.
2. Нема логика убијци да фрлале труп во езерото во истиот период.
3. Има логика доколку се работи за локални жители кои претходно ги предупредувале децата да не ловат во „нивното“ езеро.
Сепак, неколку индиции укажуваат дека
теоријата од вчера е многу веројатна (според мене). Местото се наоѓа веднаш до заобиколницата.
Сеуште било ден кога се случило ѕверството. По начинот на извршување, се работи за професионални убијци.
Според ова, мое лично мислење е дека се работи за жртви кои се случајно одбрани, начекани во изолиран простор. Целта на ѕверството е да се дестабилизира државата и да се пренасочи безбедносниот ризик врз овој настан, а со тоа да се прекине претходната акција на полицијата која се префрли по западниот дел на Македонија. На ваков начин мафијата создава простор за маневар, т.е. прикривање на криминалот со дрога и проституција, но најважното е: чување под нивна контрола на илегалните фабрики за оружје во дебарско, кои понатаму ќе се користат при војна за отцепување на западниот дел.
Ако жртвите навистина биле случајно одбрани (т.е. немало мотив), не постои никаква веројатност дека убијците некогаш ќе бидат најдени.