После еден ден поминат од масакрот, сеуште нема никакви , макар и делумни информации од МВР, со што би се смирила тензијата да не тргне работата во погрешен правец.Според терминологијата на МВР, во случајот би имале неколку можни сценарија:
1. Најпрво помислив дека е класична мафијашка егзекуција. Но, обично во ваков случај МВР експресно ќе излезеше со соопштение дека макар еден или сите од убиените се претходно познати на полицијата заради сторно кривично дело.....
Тоа изостана, значи момчињата биле чисти...А убиецот би користел пригушувач, не би вршел егзекуција покрај пат како да е на свадба....
2. Терористички акт. Ова го отфрлам како можност, да беше терорист, ќе направеше масакр во центар, за да внесе страв, и веднаш ќе се јавеше да превземе одговорност, со абер зошто го направил тоа.
3. Психопат (сериски убиец). И ова би го отфрлил, оти обично психопатите се (за жал) натпросечно интелегентни и секое злодело го смислуваат до најситен детал, па затоа многу тешко се разрешуваат нивните убиства. И во нивниот случај, на крај самите ќе се пофалат дека го направиле тоа, заради некоја „причина“..
Ваков профил не би направил ладнокрвна егзекуција на поредени деца +сведок покрај заобиколница...
Значи, убецот(убијците) имаат профил на „луѓе“, кои се спремни да направат масакр, а немаат храброст да се кажат дека се тие , и го направиле заради некоја цел...
Убиец+масакр+комотно пукање+бегање+криење+нема порака, упатува на логичен заклучок, зошто Радишанци се многу гневни...
МВР мора итно да го разјасни случајот, оти ако експлодира тензијата, касно ќе биде, ќе биде М.М.Е. кој прв почна....
Верувам во МВР дека има способни професионалци, и се надевам дека оние над нив ќе им дозволат да ја расчистат работата до крај.....
За жал, згаснаа 4 млади животи и еден семеен и мирен човек, нека почиваат во мир.
Македонија не е веќе безбедно место за живеење...