Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
29 април 2009
Мислења
24
Поени од реакции
32
Сочуство до семејствата на убиените.

100 Страни за помалку од 24ч а толку малку човечки има да се прочита.
Прво, половина од оние кој тука бараат повеќе информации, на друга тема пред извесен период бараа затварање на А1 телевизија која сакале да признаеме или не беше број 1 во Македонија. Поточно, на нив не им ги пишуваа вестите во влада а они само да ги читаат како Латас, Јанко, Миленко, па до некаде и Канал 5.
Второ, половина од оние кој тука повикуваат на одмазда, насилство, ликвидации, на друга тема пишуваат за Христијанство, Муслиманство, религија толеранција. Денес е најтажниот ден за нас Христијаните. Ден кога и небото ја оплакуваше смртта на нашиот Исус. Ден кој треба во мир и љубов да го сплоти семејството и пријателите за да се сочуствува со загубата. Тогаш, кажете како се разликуваме од тие монструми кој го направија ова злодело ако почнеме да се повикуваме да им вратиме со иста мерка? Тоа е Христијански? Тоа е Муслимански? Знаете ли барем малку за било која религија?
Трето, многу чудни и контрадикторни информации се слушнаа околу овој настан и мислам дека треба да почекаме за да ја слушнеме вистината. Нејзе можат да ја одложат но не и да ја сокријат.
Дури и да постои причина за реакција кон некоја група, личност, етникум и слично, ајде да се воздржиме додека семејствата не ги погребат чедата кои ги загубија.
Време за реакција секогаш има а еуфоријата носи штета најмногу за нас Македонците.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
се сеќаваш на она секоја причина има и последица...и обратно секоја последица има јака причина.А зар не мислиш дека ако се убиени заради тоа што се Македонци тоа не е доволна причина??
Па да, но тоа според мене не е причина за убиство, едноставно да бидеш Македонец. Тоа не е веќе убиство, тоа е геноцид.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
И после треба да верувам дека Господ ги прави "чудата" во црквата? Тој ќе се реши да се симне и докажува нешто на еден ваков грешен народ? Нема аир од нас, нема. Значи не знам за ништо полошо од тоа на еден ваков ден и празник, толку луѓе толку гревови да прават. Претпоставувам дека повеќето од вас се верници и се спремале да го пречекаат како што треба Велигденот, па затоа ќе ве прашам нешто. Знаете ли дека поголем грев е да осудиш некого без доказ отколку самиот ти да го извршиш конкретниот чин? Ако го знаете тоа, не ви е доволно за да бидете добри и разумни луѓе барем овие неколку дена? Сочуствувајте со семејствата, искажете ја својата тага, но прекинете да сте злобни и алчни за убивања и војни! Ми се лоши од таквите постови, не можам да поверувам на цела омраза која се шири, посебно на овој ден!
Никаде не кажале надлежните кој или кои се убијците, па зошто имате потреба без никакви докази да се однесувате како што се однесувате? Зарем цел памет ви истекол низ уши и не сте способни повеќе да бидете разумни луѓе? Зарем верувате дека вие сте тие кои треба да го решат ова? Ако е така не можам да ви помогнам, но ајде, одете и средете го ова де. Ако не, плукајте барем на вистинската адреса т.е. на нашата држава која не е способна да ни обезбеди мир и безбедност на сите! Плукајте и на тие кои се толку бесчуствителни створења, способни да застрелаат 5 души наеднаш за било каков нивни интерес. Но немојте, аман немојте да стварате секакви глупави сценарија. Добро, разбирам дека некои луѓе за тоа живеат, но и за тоа има лек. Почнете да режирате филмови во слободно време и немојте да сеете дополнителна омраза!
Единствен виновник за ова е убиецот и никој друг, а додека не го дознаеме неговото (нивното) име, не треба да осудуваме!
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
24 часа поминаа без никакви информации министерке.
на жал ќе поминат уште 124 па уште 1224 и така натаму.....И на крај ке ни замачкаат очи ,зашто знаат какви сме ,знаат дека се забораваме преку ноќ.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
105
Поени од реакции
94
Во разговор со пријатели сега во град токму за случкава разврзавме муабет според мене значи претпоставувам мое мислење дека :
1.Смислено сценарио, од кого и како може да нагаѓаме моментално... но мислам на странски агенти со цел дестабилизација на Македонија пред самиотот на НАТО ... Се поставува прашање зошто смислено сценарио ? Прецизно се одбрал денот (Велики Четврток спрема Велики Петок) кога да се изврши убиството на младиве деца со цел народот да се распали баш на најголемиот Христијански празник зошто најлесно е кога човек ќе го удриш во душата (верата) таму највеќе боли и секако децата ...

2.Обични Албанци не би можеле да направат такво нешто тоа е мое мислење ? Со каква цел ? За што да убиеш ладнокрвно 4 деца и еден човек а притоа да ги построиш и во глава да им пукаш !? Башка Албанци ко албанци немаат мозок за вакво нешто тие се кучиња бе ќе пука во тебе ама во очи нема да те гледа немаат му*а да те погледнат во очи тие ...зборам за обични Албанци сецикеси ситни кримоси !! Ова се профи убијци што го направиле ова

3.Убиството е на Железарското езеро а не на Смилковското езеро како што пренесоа на Mkd.mk а тоа е позади Железара негде ... во близина нема Албански села и жители ...тие се секогаш најјаки кога се во близина Албанци да дојдат во Железара и тоа да го направат ...некако не ми се верува ама кажувам пак...претпоставка моја !! Сопственикот или Концесионерот на езерото тој бркото што се појавуваше е доживотен приврзаник на Љубчота иначе бивш камионџија од Инџиково е мислам па со агентиве и странскиве служби ги сврзувам работиве (претпоставка).

4.Мислам дека ова го имаат направено класични убијци, мафија и таков тип на нелуѓе зошто ти да пукаш во глава на 20 годишни деца јас кладба ставам дека обичниве албанци не се ... колку и да се кучиња никој нема срце така дете да пука во глава ... колку да се јачаме и едните и другите ...

5. Давам рок од 2-3 дена за МВР да го расветли случајот ... ма каков Велигден, нека се заклучат у канцеларија нека излагаат на терен како што ги видов денес низ цел град Полиција и да се расветли случајов по најбрза постапка а гомната да се изнесат пред лицето на Судот ама кога ќе ги носат сите ќе 'ркаме у шишиња ќе ги дадеме и да ги освежат со тоа ...се после 2-3 дена е касно !!

Господ нека ми прости ако лошо размислувам и нека ми ги опрости гревовите !!

Сега не ми е јасно на Железарско езеро се случил трагичниот настан или на Смилковско езеро ?

Прегледај го приврзокот 42052
ти држи ова со агентиве до негде...само колку да знаете државата е преполна со странски платеници и агенти. Истото тоа го тврдеше и оној платеникот што даваше интервју на Васко Ефтов... инаку и во мој град до преклани имаше ЦИА агент за кој знаеја помалце од 10 луѓе...свиња дебела ама професионалец... Бог знае какви се не створови поминуваат тука ама не се исклучува можноста и кромањонците да се... способни се они и за пострашни дела, сетете се само
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
3.Убиството е на Железарското езеро а не на Смилковското езеро како што пренесоа на Mkd.mk а тоа е позади Железара негде ...



Прегледај го приврзокот 42052

Грешка си. На Смилковското езеро се ивршени убиствата.



Ако може некој да даде линк од изјвата на новинарот од 24 вести?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.466
Овие наводни изрази на сочуство од Албанците се добро позната работа, чиј тек ни е веќе познат од други вакви случаи.
Во моментот кога ќе се најдат виновниците, ќе видите како изразите на сочуство ќе преминат во изрази на солидарност и подршка за "невините" Албанци. После ќе следат протести за нивното ослободување....


Еве како размислуваат :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ми мириса на барут работава....Во Македонија се спрема нешто големо, ова е само предходница на некои поголеми настани.....
 
P

PewDiePie

Гостин
Какви информации барате кога истрагата е во тек ???

Што сакате да излезе министерката и да каже слушајте,вака и вака сега ги бараме на тоа место,после ќе се упатиме таму....

Мислам аман,сигурно сите сме во исчекување и властите сигурно не седат со скрстени раце.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Реакции: Брза акција ќе ги смири тензиите

Јавноста бара полицијата експресно да ги најде убијците. Расте опасноста од
меѓуетнички конфликти
Жаклина Хаџи-Зафирова


Експресно брза реакција од полицијата побараа вчера партиите, експерти, поранешни министри за внатрешни работи во врска со убиството на петтемина кај „Железарското езеро“ во близина на скопско Смиљковци, кои како и целата македонска јавност беа вџашени и со неверување ги примија вестите за грозоморното масовно убиство.

Тие се придружија на повиците на полицијата да не се злоупотребува настанот за подгревање на меѓуетничките тензии, бидејќи според нив, колку побрзо се реши настанот, ќе престанат и шпекулациите за тоа кој навистина го сторил убиството, за кое велат дека вакво нешто не се памети со децении наназад. Најопасно е, предупредуваат експертите, ако институциите не реагираат брзо, што според нив, може да остави простор граѓаните правдата да ја земат во свои раце.

„Случајот со петкратното убиство кај селото Смилковци претставува еден од најсериозните инциденти во последните години во Македонија. СДСМ е загрижена за настаните и будно ја следи состојбата на терен“, реагираше опозицискиот СДСМ со соопштение. СДСМ апелира до целата јавност, а посебно до жителите на околните места каде што се случи несреќата да дејствуваат во насока на смирување на состојбата на терен и да не дозволат тензиите да ескалираат. Истовремено, ги повикаа институциите да не дозволат понатамошно влошување на состојбата, а МВР го повикаа итно да ги преземе сите потребни дејства за што побрзо да се најдат сторителите. „Брзата реакција на институциите е најдобар начин да се спречи понатамошно влошување на општата безбедносна и политичка состојба“, констатираат од СДСМ.

Со реакција се јави и пратеничката група на ПЕИ и СЛ, кои побараа надлежните најитно да ги откријат сторителите, причините и мотивите за ѕверскиот чин. „Ги повикуваме сите на разум. Најмалку од се' во овој момент ни треба подгревање на непријателство или насилство кон кого било. Полицијата мора да си ја заврши работата, да ги открие сторителите и да ги изведе пред лицето на правдата. Власта не смее да дозволи ова вандалско убиство да биде повод за меѓусебни обвинувања и тензии врз која било основа“, сметаат во пратеничката група на ПЕИ и СЛ. Тие побараа оставка од Јанкулоска и премиерот, кои ги сметаат за најодговорни за, како што рекоа, „експлозијата на криминалот и сериозното влошување на безбедносната ситуација во државата“.

Реагираше и ЛДП, која е згрозена од свирепото убиство. „Дополнително сме загрижени што, по долготрајниот молк, МВР излезе со т.н. прес- конференција, која само ја потврди веќе констатираната немоќ на ресорниот министер. Наместо МВР да и' се обрати на јавноста со јасни и прецизни информации во врска со овој трагичен настан, бевме сведоци на еден немушт настап, кој дополнително ја подгреа тензичната состојба“, велат од ЛДП. Тие сметаат дека министерката Јанкулоска не е кадарна да се справи со сериозноста на дадената ситуација, па затоа бараат таа да покаже одговорност и веднаш да поднесе оставка.

По петкратното убиство кое ја шокираше целата јавност, експертите беа резервирани околу тоа дали и какви реперкусии може да има грозоморниот настан врз меѓуетничките односи, посебно по меѓуетничките инциденти во изминатиот период.

„МВР и сите безбедносни служби мора најитно да го расчистат грозоморниот настан. Ќе нема никакви оправдувања ако не се реагира навреме на овој настан каков што не паметам дека се случил во поновата историја на Македонија. Нема вакво грозоморно убиство без да се знае мотив, причина. Одговорност е на државата да се активираат сите безбедносни структури бидејќи само ако се расчисти настанот брзо, може да се влијае на смирување на внатрешните состојби. Во спротивно, тоа ќе може да се злоупотреби од поединци и неодговорни политичари“, смета ексминистерот за внатрешни работи, Павле Трајанов. Најдобро решение, според него, е да се формира Координативно тело, кое ќе се фокусира на брзо расчистување на убиството.

Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека не би требало во никој случај да се прејудицира за можните сторители и да се усложнува климата дополнително. „Институциите треба да ги преземат сите дејства за да се расветли ситуацијата. Но, исто така, и власта треба да се запраша зошто и по 6 години ветувања, државата ја турна во тотален криминалитет. Преостанува луѓето да се грижат за себе без оглед на меѓуетничката припадност“, потенцира тој. Биљали апелира граѓаните да се воздржат од непромислени чекори кои би ја подгреале ситуацијата.

И аналитичарот Стево Пендаровски не сака да прејудицира што навистина се случило. Но, вели дека бројката на убиени е загрижувачка.

„Самиот факт дека имаше пет мртви тела е сериозен индикатор за влошена безбедносна состојба во државата независно од мотивите, жртвите или напаѓачите. Тоа е прилично сериозен безбедносен настан со пропорции какви што не сме имале наназад дваесет години. Затоа е во интерес на надлежните органи да го расчистат максимално брзо за да се најдат сторителите и да се запре евентуалната реакција на други засегнати страни, за да не се случи правдата да ја земат во свои раце, што е најопасно“, вели Пендаровски.
Хоророт кај „Железарското езеро“ тема во регионот
„Шок во Македонија. Четири момчиња построени и убиени. Паттата жртва ’ликвидирана’ бидејќи го виде злосторството“.

Со ваков спектакуларен наслов осамна вчерашен „Индекс.хр“, известувајќи за грозоморното петкратно убиство во атарот на селото Смиљковци. Порталот се повикува на македонски извори и на непроверени вести од социјални мрежи и ги наведува, делумно и погрешно, и имињата на убиените.

Во словенечките медиуми беше опширно пренесена веста за „петкратното ладнокрвно убиство кое се заканува на меѓунационалните односи“, а порталот на словенечката ТВ ММЦ потсетува дека во меѓуетничките тензии во март во Македонија биле повредени 14 лица, како и дека во 2001 имаше оружен конфликт на албански бунтовници и владини сили.

Веста вчера ја пренесоа речиси сите медиуми во регионот. Белградски Б92 јави дека „нереди избија по убиствата на четири момчиња и еден средовечен човек во близина на Скопје... Локалното население од селата Смиљковци и Црешево го блокираа вчера автопатот... Како што неофицијално се дознава, жителите од Радишани каменувале куќи на Албанци, запален е еден автобус...“

Српски „Блиц“ во својот извештај се повика на агенцијата „Бета“, која пренесе дел од изјавите на луѓето кои живеат близу до местото на убиството. „Телата биле пронајдени кај вештачкото езеро близу до обиколницата, а сите биле убиени додека рибареле во текот на вчерашната вечер“, изјавиле за „Бета“ локалните жители.

Хрватски „Дневник“ ги пренесува официјалните информации од македонските медиуми и пишува за стравичното убиство на петте лица во близина на „Железарското езеро“.

„Ужас во Македонија: Во близина на Скопје пронајдени искасапени тела на пет лица“, беше ударната вест на интернет-порталот на сараевски „Дневни аваз“ .

Албанскиот ТВ-канал „Топ чанел“ јави за убиството на младите лица во близина на Скопје. Во извештајот наведува дека сите жртви се од македонска националност и пронајдени во близина на автомобили доцна во четвртокот. Најдени се чаури од куршуми и полицијата е во потрага по извршителите.

И бугарскиот интернет-портал „Днес.бг“ пишува за откриените тела на петте лица откриени синоќа во близина на Скопје.

Повеќе странски весници во текот на денот ја пренесоа веста на агенцијата „Ројтерс“ според која откритието на петте тела од полицијата претставува ризично разгорување на етничките тензии во земјата. (Н.Р.)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Единствен виновник за ова е убиецот и никој друг, а додека не го дознаеме неговото (нивното) име, не треба да осудуваме!
Види, блиската историја покажува, дека позади едно вакво злосторство може да стојат Албанци. Ако грешам ќе се извинам, но тоа што толку луѓе толку отворено се сомневаат(не само во Македонија, туку во регионот и дури и во Германија), говори за тоа на каков глас се Албанците. Значи самите они се криви ако грешиме. Они го изградиле таквиот имиџ.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Бркликата: Банална причина за убиството

Абе кој будала ма да и будала не го прај то да убие 5 луѓе за банална расправија ај да се степаат ај ама ова нема логика .
 
Член од
5 септември 2011
Мислења
52
Поени од реакции
30
Ми мириса на барут работава....Во Македонија се спрема нешто големо, ова е само предходница на некои поголеми настани.....
Тебе и да прдни човек ќе ти мириса на барут. Коа ве напраија сите милитаристички андроиди. Нормално е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom