МВР по којзнае кој пат си го покажува лицемерието.
Да, но МРВ не си го покажува лицемерието само сега. Тоа го покажува од 1999 навака...
Без разлика кој е министер, дали е плав или портокалов, едната страна е секогаш заштитена, другата не е. Кога ќе има насилство од Албанците врз Македонците тоа се карактеризира како
„изолиран случај“ и за тоа
“нема потреба да шириме омраза“, тој случај е
„политички изманипулиран и некој сака да ни го наруши мирот во кој живееме“...
Кога ќе има насилство од Македонец врз Албанец, тоа е
„знак дека Македонците не сакаат соживот“, тоа е знак дека
„Албанците се угнетени“, тогаш цела Речица излага на протест, пали знамиња, крши излози, тепа случајни минувачи... и сето тоа е оправдано бидејќи изнесуваат револт заради тоа што се угнетени.
Ни го пикаат веќе 15 години... Кој !? Незнам, ваљда сите. Кој ќе стигне. Албанците си го користат тоа, прават што сакаат затоа што така им е дозволено. Можеби и мене да ми беше дозволено ќе правев така...
Муабетов ми е офтопик можеби, но такви се и две третини од мислењава на темава...