S
Shellshock nam67
Гостин
Се подготвува ли Турција за воена интервенција во Сирија? Краткиот одговор е "да".
Иако тоа нема да се случи утре или без помош, особено од САД, кои очигледно ќе му овозможат на Кофи Анан да си ја проба среќата да го убеди Иран да посредува за мировен договор. Но, може да се дојде до воена интервенција без дозвола на Советот за безбедност на ОН, анализира “Дејли Телеграф“, пренесува Нетпрес.
Турскиот весник "Заман" претставува еден можен развој на настаните во случај ОН да не може да дејствува доколку Русија и Кина го користат правото на вето по трет пат.
Анкара најверојатно ќе се повика на Договорот од Адана од 1998 година, за да ја оправда воената интервенција во Сирија, за да ги повика земјите од НАТО за спроведување на став 5 од Повелбата на Алијансата, кој гласи дека секој напад врз земја-членка треба да се смета за напад против сите.
Овој став беше употребен за прв пат од САД во октомври 2001 година по терористичките напади врз кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Бидејќи режимот на Башар Асад и овозможува на Курдската работничка партија и нејзините активисти да вршат напади на турска територија, околу 1500-2000 членови на партијата се наоѓаат на територијата на Сирија во близина на турската граница, Турција може да го искористи правото на помош за гарантирање на безбедноста на НАТО.
Договорот од Адана, што официјално го дава почетокот на пријателски врски меѓу Анкара и Дамаск, вели дека Сирија не треба да дозволи никакви активности од нејзината територија, кои би биле закана за "безбедноста и стабилноста" на Турција. Пред се’ се имаат предвид терористичките напади на Курдската работничка партија . Со децении групата е добредојдена во Сирија и се уште има тактичка соработка меѓу неа и сириското воено разузнавање.
Партијата објави дека ако Турција преземе воена интервенција во Сирија, ќе започне контраофанзива. Тоа е главниот фактор за одвраќање на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од идејата да не постави тампон зона.
Но, неговата оценка за заканата за безбедноста се менува, откако во минатата недела сириските сили за безбедност ја поминаа границата и открија пукање во бегалски камп на турска територија. Во престрелката беа повредени двајца турски државјани.
Освен тоа, бројот на сириските бегалци продолжува да се зголемува. Во моментов во бегалски кампови во турската провинција Хатај се сместени над 24.000 Сиријци.
Има и друга интересна можност. Помеѓу другото во билатералниот договор меѓу Турција и Сирија, потпишан во декември 2010 година, Анкара и Дамаск имаат право да извршат заеднички операции против терористи на територијата на двете држави.
Асад целата опозиција ја нарекува "терористи", но терминот може да се користи и за смртоносните одреди "Чаби", кои дејствуваат по наредба на сирискиот претседател од почетокот на протестите минатата година.
"Терористи" може да бидат наречени и агентите на "Иранската револуционерна гарда" и на "Хизбулла", кои помагаат во гаснење на протестите.
Ако Турција го признае сирискиот национален совет за владата во прогонство, тогаш ќе може легално да се меша во работите на Сирија, ако за тоа "владата" изрази својата согласност. Да не заборавиме дека седиштето на Слободната Сиријска армија е во Турција.