Во што веруваат атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата МАЈОР
  • Време на започнување Време на започнување
Не пости паметна и глупава материја се е едно исто.

+_2acc5a8841f8752904d37f90a8014829.png
 
Дали апсолутно исклучуваш постоење на Бог,Виша сила,Интелегентен креатор итн итн.,како сакаш наречи го?
Прешироки поими се тоа и сосем различни, нешто што плански креирало Да исклучувам. Нема потреба да се создава нешто што веќе е вечно, материјата и енергијата (согласно еден од постулатите на вториот закон за термодинамика). Спрема тоа нема постор, а ни време за уште една категорија (бог) кој вечно би постоел. Материјата и енергијата (како комлекс, кои не егзистираат една без друга) немаат ни почеток ни крај, се несоздадени. Знам ќе имаш уште прашања, што е со биг бенгот? - Пусирачка теорија, стринг теорија...мултиверзум...итн. Одговорот е некаде помеѓу.
 
кој тврди брее, само насочив литератури ебате децата
Тоа не е литература, тоа е манипулација со податоци.
Тие манипулации се извршени од човек кој е финансиран од странство со цел ширење на протестанизмот.
Дебанкирани се неколкупати на форумов.

Еве пошто гледам се правиш паметен, најлесен начин да докажеш дека си таков е да ни објасниш како на пример настанала нафтата или јагленот И како сето тоа се вклопува со она што го кажува религијата, со она што е напишано во Библијата...
Повели.
 
Бидејќи омилена фраза ви е "научно докажано", или барем во секој трет лажен квази аргумент го користите како потпора, можете ли да ја разглобите истата и да споделите со нас "обичните скептици" што за вас значи "научно докажано".
На форумов во последниов месец сретнав еден куп луѓе кои преку junk science, spirit science и несовладано градиво се обидуваат да докажат некаква поента.
Прочитав многу погрешни аргументи што ме наведува да мислам дека статистички, форумското население нема поим од било која сфера во науката.
Секоја чест на исклучоците.
 
па не е научно докажано и тоа дека сме од мајмун, све се претпоставки
--- надополнето: 12 април 2012 во 16:07 ---

кој тврди брее, само насочив литератури ебате децата
Толку ти фаќа.... Теоријата на еволуција НЕ тврди дека сме настанале од мајмуни.

Во 5-то одделение има предмет што се вика Природни науки. Ако си бил болен тогаш, учебникот се продава во Просветно дело и во бар уште три други книжари. Ама кој да чита наука кога белетристика е позабавна, кажи, а?!
 
Објасни го ова.
информациите во гените на секое живо суштество мора да ги има дадено некаква интелегенција. Исто ко шо информацие во една книга настануваат во мозокот на писателот
 
информациите во гените на секое живо суштество мора да ги има дадено некаква интелегенција. Исто ко шо информацие во една книга настануваат во мозокот на писателот

Информација е одредена секвенца од симболи, информација може да биде се што може да биде контемплирано и обработено како би се добило податок.
Во таа конотација,
 
Тоа не е литература, тоа е манипулација со податоци.
Тие манипулации се извршени од човек кој е финансиран од странство со цел ширење на протестанизмот.
Дебанкирани се неколкупати на форумов.

Еве пошто гледам се правиш паметен, најлесен начин да докажеш дека си таков е да ни објасниш како на пример настанала нафтата или јагленот И како сето тоа се вклопува со она што го кажува религијата, со она што е напишано во Библијата...
Повели.
јас не спомнав библија никаде, ниту па бог господине паметњакович
 
јас не спомнав библија никаде, ниту па бог господине паметњакович
Па што копираш текстови од христијански сајт?
Христијанство и наука - комплетно различни поими.
Ако толку те интересира настанокот на планетава, нејзиното датирање и сл, сигурно нема да копираш пропаганден христијански сајт.
 
јас не спомнав библија никаде, ниту па бог господине паметњакович

Ок да чуеме за твоето мислење и став. Значи не спомнуваш Бог, но сметаш дека гените не се случајно настанти.......keep going, me getting curious <3
 
Што мислите, колку јавно декларирани атеисти (од кафичи, школо/факултет, друштва, работа, форуми...) утре нема да одат на работа/школо заради Велики Петок?
 
Што мислите, колку јавно декларирани атеисти (од кафичи, школо/факултет, друштва, работа, форуми...) утре нема да одат на работа/школо заради Велики Петок?

Велики Петок е законски прогласен за неработен ден. Што ти е поентата?
 
Што мислите, колку јавно декларирани атеисти (од кафичи, школо/факултет, друштва, работа, форуми...) утре нема да одат на работа/школо заради Велики Петок?

За жал нема....затоа што за жал државен празник е.... Замисли си, дете атеист иде да учи, али останува сам пред школскиот двор зашто не се учи...По 5 мин. почнува да плаче....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom