Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Па те прашувам Зошто, или избегнуваш да ми одговориш?

мислам дека и јас те прашав прв ама нема везе...
одговорот најверојатно стои некаде во историрајта ...такво ни е поднебјево напатено и барем можеме да извлечеме некој поуки од тоа ...секогаш кога сме немале држава ние македонците (денешен пример ни се циганчињата) секогаш сме биле понижувани, измачувани, потурчувани и какви ли уште не ти неправди ни биле нанесувани. За да не биде тоа така и за да си се заштититат самите себе почнале луѓето од исто поднебје да си се организираат и да се борат против таквиот режим. Нормално од кога си се избориле, решиле да си направат своја земја со одбран народ во која ќе владеат нивни закони и секој ќе живее мирно и во хармонија
СЕТО ОВА можеби не нашите родители, ама повеќето од нашите баби и дедовци или прабаби и прадедовци го осетиле на своја кожа и затоа најверојатно таквата свест кај нашите родители е развиена токму од нив. Ние сето тоа ниту сме го осетиле ниту пак ќе го осетиме и затоа можеби ни изгледа и малку чудно или несвојствено. Затоа нашите родители плашејќи се од пропаста на идните генерации се трудат и кај нас да создадат свест на обединување а со самото тоа и на заштитат од тој домино ефект.

Се додека сите во светот зборуваме различни јазици, се декларираме на посебни етнички и верски групи, се делиме на богати и сиромашни или слично глобализацијата можеме само вака да си ја дискутираме или пак да си ја посонуваме. А кога веќе поделеноста по сите основи е присутна тогаш да зошто да не останеме да си се придржуваме до моралните норми и правила на општеството и да си припаѓаме на онаа заедница каде што припаѓаме без притоа да заборавиме истата да ја унапредуваме и да создаваме се подобар свет за живеење.

и да го докомплетирам мојот став кој е ПРОТИВ МЕШАНИ БРАКОВИ но прво да разјаснам јас сум против мешаните бракови но НЕ против луѓето кој се во такви бракови. На бракот нормално и претходи тест период или тако звана врска, а во врска може да бидат само двајца партнери на кој им се поклопуваат или ги исполнуваат критериумите кои претходно самите си ги поставиле. Моите критериуми да речеме дека се следните: да е црна, да е слатка, да има нормални атрибути кој ке ја окарактеризираат како женско, да е здрава, да е паметна, да не е намќор, да..... и кога веќе знам што барам зошто да не побарам прво во "фолдерот" со девојки кој се со иста вера и националност како и јас. Нормално пребарувањето ке си трае но се до одреден момент, а тој момент си го носи времето и годините. Кога јас ке се осетам прегазен од времето и кога ќе видам дека од таквото пребарување нема никакво фајде тогаш верата и нацијата ке отидат во аут како критериуми и место само во еден "фолдер" ќе почнам да пребарувам во сите сектори кој ми стојат на располагање.

Бидејки бев прилично опширен, од моја страна ова е и последното произјаснување на темава.
 
Убаво образложено. Фала за исцрпниот одговор.

Времињата се менуваат, односите меѓу народите, религиите, државите се менуваат, начинот на живот на луѓето се менува... традицијата и религијата веќе ја немаат таа моќ што ја имале порано, и тие се менуваат. Младите се носители на тие промени, тие ги немаат истите трауми од минатото, имаат само сознанија за нив. А како дошло до тие промени? Така што сите слепо ги прифаќале старите вредности и идеи и се плашеле да излезат од рамките на традицијата?

Ако сите се покоруваме, никогаш нема да се ослободиме.
 
a toa si bila ti ., zato od tastaturava mi dopira taka ubava ., aroma., pusa ., ind., orev4e:)
 
Во моја фамилија имаме 3 мешани брака :) и никому ништо. Се е супер. (барем не сум слушнал дека имале проблеми-ипак во фамилија, да имаше ке чуев нешто). И со моите имам правено муабет на оваа тема и одговорот беше: Што мислиш дека е најубаво за тебе така прави :)
Јес да ми е рано да мислам за брак ама стварно ме интересираше мислењето од родителите
 
:) не е баш така :) муслиманка е :) од Албанија и имаше од држење за рачиња ;)
муабетот ми беше....Сакајте се со кого сакате.......
САМО ДА НЕ БИДЕТЕ ОД ИСТ ПОЛ :)
мислев дека она „сакајте се со кого сакате“ важи за сите без разлика на пол, вера и нација ;)
 
jas sum musliman i voopsto nitu sega kako roditel , a nitu porano kako srednoskolec ili student ne sum imal predrasudi , po prasanje na vera ili nacija , znaci moeto dete moze da ima devojka ili zena od koja bilo religija i ako toa go pravi sreken , sreken sum i jas
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Во денешно време воопшто нема ништо за чудење доколку двајца , еве да речиме македонка и араб се во врска. Па и во брак да се, што ќе им фали ?
Апсолутно за мене, љубовта нема граници и не бира кој од каква религија бил и такви ствари.
 
Во денешно време воопшто нема ништо за чудење доколку двајца , еве да речиме македонка и араб се во врска. Па и во брак да се, што ќе им фали ?
Апсолутно за мене, љубовта нема граници и не бира кој од каква религија бил и такви ствари.

Можеби општеството ќе реагира на ваквата врска но потполно се согласувам со Irenna доколку се сакаат и доколку на нив им одговара тоа не би требало врз нив да има влијанија мислењето и реакциите од општеството
 
Јас сум Србин од српска фамилија и се тоа, Чичко ми е во врска со муслиманка од Босна(пред земање се), на дедо ми брат е во долг брак со Хрватица, јас најверојатно ако останам овде да живеам ќе имам жена Македонка 99%. така да нема никаков проблем според мене... :)
--- надополнето: Jun 29, 2011 6:35 PM ---
Но морам да напоменам дека е очигледно следново: Доколку Македонка е во врска со Албанец, за неа тоа е фатално сите зборат како можела итн. , а за дотичниот се има чувство како тој да е „на коњ“. ако ме сфативте :D
 
Дали ја подржувате оваа љубов? На пример тој да е албанец а таа да е македонка.
 
Дали ја подржувате оваа љубов? На пример тој да е албанец а таа да е македонка.
Сакаш да кажеш дека си се заљубила во албанец:cautious:,па сега као бараш дозвола и благослов од нас :pos:
 
не подобра комбинација Македонец и албанка :)

Добро како и да биде комбинацијата ме интересира дали ја подржуваш ваквата љубов?
--- надополнето: 12 април 2012 во 17:12 ---
Сакаш да кажеш дека си се заљубила во албанец:cautious:


Не сум се заљубила во албанец. ;) Туку едноставно ме интересираа и другите што мислат за ова.
 
Добро како и да биде комбинацијата ме интересира дали ја подржуваш ваквата љубов?
--- надополнето: 12 април 2012 во 17:12 ---



Не сум се заљубила во албанец. ;) Туку едноставно ме интересираа и другите што мислат за ова.

cekaj so si ti masko ili zensko posto na pol ti pisis masko
ili si hermafrodit :)
--- надополнето: 12 април 2012 во 17:19 ---
[quote="katebebrat, post: 4908083, member: 56457"

Не сум се заљубила во албанец. ;) Туку едноставно ме интересираа и другите што мислат за ова.[/quote]

90 posos od narovdov tvojava kombinacija ne ja podrzuva a mojata edno 100 posto od Makedonija ja podrzuvaat :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom