♛ Монте Карло 2012 (Rolex Masters) ♛

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
1gmxj4.jpg
Кога ќе се спомне Монте Карло, најчесто се мисли на нешто луксузно и многу привлечно туристичко место познато по казината и коцкањето. А ние, фановите, веднаш ќе помислиме на трките во формула 1, пред се поради традицијата. Исто така се одржува светски шампионат во бокс, разни модни ревии, и на крај за она што ја отворам темата, тоа е тенискиот турнир од мастерс серијата 1000.​
2hxsljd.jpg
Турнирот за прв пат е одржан во 1897. година под името Monte Carlo tennis championship. Не е одржан 10 пати (во периодот од 1915-1918 и 1940-1945), а 1925. година не се заврши. Прв е од трите мастерси на земја во сезоната, а сите ќе се сложиме дека овде е најбавната земја на светот. Во 2009 стана незадолжителен мастерс за играчите, но и покрај тоа може да видиме многу играчи од самиот врв на ранг листата, дури и на многу од играчите ова им е еден од омилените турнири. Два пати од страна на АТП беше прогласуван за Мастерс на годината (2001 и 2007). Турнирот се одржува во "Monte Carlo Country Club" кој се наоѓа надвор од Кнежевството, а тука исто така се наоѓа и тениската академија. Централниот терен има капацитет од околу 10.000 седишта.​
2ihw6fc.jpg
Победниците од последните 20 години заедно со своите противници во финалето и резултатот.​
1.jpg
Надал е најуспешниот во историјата на овај турнир. 7 финални натпревари со ред, 7 титули, со скор 39-1. Со тоа стана единствениот играч во опен ерата кој успеал да освои еден турнир 7 години со ред. Само Корија успеа да го запре во 2004. година, во третото коло. Оваа година му треба финале да го сруши рекордот најголем победнички низ на еден турнир. Моментално тој рекорд го држи Бјорн Борг со 41 победа во низа на Вимблдон, Рафа ги има 37 во Монте Карло. Едноставно тој е најголемата легенда на овој турнир.​
tuzq.jpg
Ова ќе биде 106. издание на Монте Карло мастерсот, Ролекс по 4. пат ќе биде спонзор. Се одржува од 15. до 22. април, а квалификациите почнуваат ден порано. Како и обично во жребот влегуваат 56 играчи од кои 8 се носители и се слободни во првото коло. Во квалификациите учествуваат 28 играчи, се играат 2 квалификациони рунди, 7 играчи влегуваат во главниот жреб, а 4 играчи добиваат специјална покана од организаторот (WC [wild card]) кои за сега не се познати. Жребот за квалификациите ќе се одржи во петок (13.април во 14 часот), главниот жреб ден покасно на пладне. Од топ 10 играчите не се пријавија единствено Федерер,Фиш и Дел Потро. Федерер сигурно нема да игра. За сега никој официјално не го откажал настапот. Носителите ќе бидат распределени по ранг листата од 9. април. Наградниот фонд на турнирот е 2.427.975 евра, а победникот добива 1000 АТП поени. Официјалниот сајт на турнирот може да го посетите користејќи го следниот линк.​
33jizab.jpg
Се заврши првиот дел на сезоната, грен слем и два турнири кои често ги нарекуваат петти грен слем во годината. Сега конечно се селиме во Европа, да гледаме тенис во нормално време, и секако земјената подлога :D Првата страница на овај дел ја има Монте Карло, титулата по дифолт што би се рекло ја брани Рафа, а финалист од 2011. е неговиот сонародник Ферер. Тоа воедно му е и последната освоена мастерс титула на Рафа, нема титули оваа сезона Надал но е голем крал во Монте Карло и дефинитивно, како и минатите години, тој е главниот фаворит за освојување на турнирот, не е потребно да се зборува зошто. За Ѓоковиќ ова е еден од трите мастерси кои му недостасуваат за да ја комплетира својата колекција " ATP Masters 1000 ", единствен од земјената колекција кој го нема и секако има голема желба да го освои. Од три главни турнири во досегашниот дел на оваа сезона освои два и на еден изгуби во полуфиналето. Видовме дека може да го совлада Надал на земја, минатата година го направи тоа 2 пати со ред, и тоа без изгубен сет, но дали може да го победи и во Монте Карло оваа година? Тука е и Мареј кој нема финале на било кој турнир на земја. Да не беше онај кикс од Индијан Велс, можеше да се каже дека имаше добар старт на сезоната. Минатата година стигна до полуфиналето и загуби од Надал во 3 сета, мора да признам дека доста го намачи иако не беше 100% спремен бидејќи играше под дејство на лекови и инекција против болки. Ако ја повтори играта од минатата година очекувам да се најде во најмала рака во полуфиналето. Ферер, играч кој се бори за секој поен, особено на земја. Ќе брани 600 поени т.е. финале од минатата година и самиот е свесен колку ќе биде тоа тешко со оглед на тоа што ќе мора да го победи Надал или Ѓоковиќ во полуфиналето, секако доколку не се случи некој непредвиден резултат порано па Рафа и Ноле да не стигнат до таму. Давид Ферер оваа сезона има веќе 3 титули, две 250ки и една 500ка. Земјата исто така е негова територија и за мене би било изненадување ако не дојде барем до полуфиналето. Тие се четирите фаворити по мое мислење за освојување на титулата. Би издвоил уште еден играч, Џон Иснер. Ги доби двата сингл меча минатиот викенд токму тука во Монте Карло на земја против Французите. На земја го доби и Федерер во Швајцарија, во 4 сета, исто така за Дејвис Куп. Американецот го намачи и Рафа на Ролан Гарос минатата година, дури после 5 сета Надал го напушти теренот. Има убиствен сервис, особено кик сервисот при вториот обид. Сигурно никој не го сака во својот дел на жребот, ако некој би можел да направи некое поголемо изненадување, според мене тоа е Џон Иснер.​
Победникот и финалистот од 2011.
2rers0i.jpg
Минатогодишното финале можете да го погледнете на видеото долу, цел меч + церемонија.​
Пренос на натпреварите ќе има на SportKlub и SportKlub+. Исто така најавија од Телмадека ќе вршат пренос од сите мастерси оваа година, не сум сигурен дали ќе започнат веднаш од првиот ден, но ќе биде од среда сигурно. :)
Се надевам ви се допадна моето отворање на темата за овај мастерс и очекувам што поголема дискусија. :)
 
Фантастично завршена работа Игор (y)

БТЊ заеби Телма, премногу несериозни се кога се работи за тенис, еден натпревар даваат еден не, не се ослонувам на нив!
 
Фантастично завршена работа Игор (y)

БТЊ заеби Телма, премногу несериозни се кога се работи за тенис, еден натпревар даваат еден не, не се ослонувам на нив!
И тој што го даваат, го даваат преку некој стрим 640x360 и коментаторот коментира на сред поен со некакви глупави факти од пред 1000 години.
 
Фантастично завршена работа Игор (y)

БТЊ заеби Телма, премногу несериозни се кога се работи за тенис, еден натпревар даваат еден не, не се ослонувам на нив!
Oва од Бранко Илиевски
inaku zaradi vremenskata razlika ne davame se od 1/8 finaleto… site cetcrtfinalni ke gi davame pretpostavuvam… a koga ke dojad voEvropa veruvam se , cel den zosto nema da igraat zenite na istite turniri, samo vo Usa e toa sostojba

Иначе Игор, си можел сликите со послаб квалитет да ги дајш.:D
 
Кога е ждребот?

Сабота во 12:00 по наше време, ти пишува на првиот пост. :D

БТЊ заеби Телма, премногу несериозни се кога се работи за тенис, еден натпревар даваат еден не, не се ослонувам на нив!

И јас нема да гледам преку Телма, гледам на ПЦ преку ТВ Тјунер поврзан со дримбокс, а на ТВто имам МaxTV па гледам на СпортКлуб, тапа е сликата на Телма кога гледаш на поголем телевизор....
 
Гаске го откажал учеството на мастерсот. Се повредил, играјќи фудбал :)
 
Значи од понеделник повторно лесни пари во кладилница :)

Овојпат дури не зема Надал . Предугачка серија . Не можам баш да кажам кој до кај ќе стигне или изненади , дека е прв турнир на земја годинава (позначаен) .
 
Првиот гледан тениски турнир во мојот живот :) овде почна се хехе.Прв пат го видов тука Надал, еден јебан тенисер не познавав до тогаш.Mе изненади ептен, детиште беше а така добро и борбено играше и така и почнав да навивам за него.Ми фалат тенисерите како Гастон Гаудио, Гиљермо Кориа, Чела, Моја и сите од тоа време :(
 
Игор за модератор!

***се римува
 
Си заборавил да напомениш во воведниот пост дека за Иван Љубичич, некогашниот број 3 на ранг листата, ќе е ова последен одигран турнир во неговата кариера. После ова оди на заслужена пензија..
bl12998549671550.jpg
 
Значи од понеделник повторно лесни пари во кладилница :)

Овојпат дури не зема Надал . Предугачка серија . Не можам баш да кажам кој до кај ќе стигне или изненади , дека е прв турнир на земја годинава (позначаен) .

На најбавната земја на светот, хмм па не сум баш сигурен. Јас мислам дека ќе го освои Рафа овај турнир, не верувам дека би можел да изгуби од некого сет, освен од Ноле. Секако, ако е 100% спремен и ако игра добро, тогаш може да рачуна на титула тука. Сепак тој почна со тренинзи и вика да се чувствува добро, дека не била опасна повредата и дека сезоната продолжува. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom