Zdravo jas sum nova na forumov, ne sum sigurna dali na vistinsko mesto go ispakjam postov ako treba slobodno postirajte na drugo mesto...
...mojot problem e duseven...imam panicni napadni, strav od patuvanje, strav od sama da sedam doma. Najcesto imam problemi so disenjeto, potenje na dlanki, kocenje na vilica, zesko/ladno, konkretno koga patuvam i do najkratka destinacija ili nepoznata naselba mi se slucuva istoto so trnenje na race, noze so potenje so odzimanje na zdivot a kamoli koga stanuva zbor za podolg pat- togash imam i zamagluvanje na vidot, kocenje na vidot i jazikot i jaki grcevi vo stomakot koi sto nemozam da gi kontroliram iako znam deka mozam da si deluvam sama na sebe, pojako e od mene.ova mi se slucuva vekje 12 godini.
ponekogash od sto ne mozam da izdzam imam i losi misli na samopovreduvanje iako dosega sum go drzela vo kontrola toa.no ponekogash i gubam volja za zivot bidejki ziveam kako vo kutija od kibritce, potocno kako invalid.
dali nekoj imal vakvi slicni problemi i kade bi mozela da se obratam.imam posetuvano dosta prihijatri i imam pieno dosta terapii, sum probala i babski raboti i adeti i nisto do sega ne mi pomognalo, pa zatoa se obrativ na vakvo mesto.
Јас мислам дека коренот на твојот (психички) проблем се родил некаде во твоето далечно минато. Се работи за
момент кога си доживеала некоја состојба (стрес/страв/страм/разочарување.. а можеби и сите заедно), и свесно
или несвесно си го вградила тоа во својата трајна меморија. Во вакви случаи постои можност да се појави
облик на самоетикетирање како причинител на проблемот. (што не е пожелно)
Не го познавам твојот социјален живот, пред се со семејството... но мислам дека тие во тој момент сакајки да
ти помогнат, ненамерно постигнале контра ефект, кој уште повеќе го разгорел огнот. Посетата на психијатри,
доктори, бајачки... е нож со две острици.. Ако не го реши проблемот, тогаш ќе го интензивира.
Имаш 30, а се започнало додека си имала 15. Тоа не е случајност. Тогаш си била во транзиција(пубертет) и тие
промени што настанале тогаш - биле основа за твојот пат низ животниот лавиринт до ден денес.
Тоа што ти се случило некогаш, повеќе не е само минато. Тоа се всадило во твојата психа, живее секој ден во
твоите мисли, непрекинато зрачи страв и несигурност пред секој твој чекор.. недоверба и искушение пред
секоја твоја одлука!
Физичките симптоми се јасен показател за нестабилноста во нервниот систем, што според мене е сериозна
реакција на телото.
Дискутирам цело време за твоето минато, бидејќи мораш виртуелно и делумно-визуелно да се вратиш на моментот
кога започнало сето ова. Мораш да увидиш каде е проблемот, да го анализираш вистинскиот причинител и да се
соочиш со него. Колку и да е тешко, колку и да изгледа невозможно.. мораш да го ослободиш вишокот негативна
енергија која се акумулирала во тебе.
Плус, факт е дека си пред друг чекор во животот. Треба да постаниш жена, мајка.. Твојата состојба би се
одразила на целокупното твое опкружување. Нели мислиш дека е редно еднаш за секогаш да го решиш твојов
проблем? НЕ ти е преку глава? Верувај, луѓе биле во далеку полоша состојба од твојава! - И пак УСПЕАЛЕ!
Мислам дека пред се МОРАШ ДА ВЕРУВАШ дека ИМА ИЗЛЕЗ од сето ова! - Зошто стварно има!
Мора да е отвориш пандорината кутија од твоето минато, и да зборуваш за тоа... СО што е можно повеќе
(различни) особи! Да слушниш и тие што мислат. Биди open-mind!
НЕ доктори, психијатри и бајачки! НЕ ВЕРУВАЈ ВО НИВНИТЕ ЗБОРОВИ! Тажна вистина е (со мал бр. исклучоци) но
тие зависат од бројот на третмани и сесии. Ти зависиш само од самата себе, и сопствената вистина.
Погледни се пред огледало и размисли.. Која си ти?
Ако си помислила до сега, дека нема излез од твојата ситуација, дека све си пробала и ништо не успеало...
ГРЕШИШ.
Ако "све вештачко" си пробала и ништо не успеало, тогаш знај дека ТЕБЕ НИШТО НЕ ТИ Е. Мени го
размислувањето. Биди оптимист. СИ дозволила погрешни луѓе да извршат погрешна сугестија кон твоето "ЈАС"!
Ни јас, ни господ, ни никој не може да ти каже што се подразбира под поимот НОРМАЛЕН. Сите сме НОРМАЛНИ и
НЕНОРМАЛНИ во исто време. Секој е различен! Дури едното око ни е различно од другото.
Сите ние манипулираме на некој начин... Едни со намера, други без, трети од неедуцираност...
ТЕБЕ НЕ ТИ ТРЕБА ДРУГ да ти СОЛИ ПАМЕТ дека нешто не е во ред со тебе... Зошто со тебе све е во ред!
Престани да веруваш во луѓето, никој не те сака повеќе од ти сама себе.
Стоп за документарци, стоп за премногу црни муабети, бегај од негативни луѓе, дружи се со позитивни и упивај
ја нивната енергија. СМЕЈ СЕ!
Не седи пред ПЦ, и не гуглај за работи поврзани со темава! Не полни се со информации.. туку ИСФРЛАЈ ги дезинформациите што се наталожиле во тебе!
Помисли малце и на ова..Не мора да значи дека фамилијата ти е најдобар пријател и најдобра опција! Има
милиони алтернативи. Не мора да значи дека ДОМА си е ДОМА. Можеби баш тоа "ДОМА" има створено лажна
сигурност, и страв од надворешниот свет!
НЕ плаши се од нови ликови во животот твој, БЕГАЈ ОД СТАРИТЕ што те подсеќаат на лошо! И ти имаш живот за
живеење!
Гледај "funny videos" на ЈуТуб.
Друго... ЈАДИ ПОВЕЌЕ.. јади ако можеш по-мрсна храна... Не е лошо и чаша (црвено) вино!
КАКОВ ХЕЛЕКС, какви бензодијазепами... Сакаш да се до-упропастиш?
Мислиш дека проблемите со дишењето и со видот се лично твои? Грешка си... Сите лекови за "смирување" ги
имаат тие појави како контраиндикации. Размисли.
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ... Почни да пешачиш, и ако имаш кондиција - трчај. Доволно е и 5км во денот. Ако
воспоставиш таква рутина.. САМАТА ќе забележиш дека работите се подобруваат.
Лубовник - НЕ! ... Дечко - ДА!
Механички секс - НЕ! ... Водење љубов - ДА!
Значи...
Јас овде пишувам за да го активирам моторот во тебе. Моторот за борба и успех! Нит те знам, нит имам некаква
корист од ова. САМО САКАМ ДА ТИ УКАЖАМ дека ТИ САМАТА СИ СПОСОБНА ДА ГО РЕШИШ ПРОБЛЕМОВ. Сфати го тоа. Ама
сфати го сериозно!
Овде буквиве многу малку значат, ама некогаш знаат да бидат и цело богатсво. А фактот што самата
побара помош, е одраз на твојата желба и волја да го надминиш сето ова и да свртиш нов лист во животот твој.
Епа не чекај, почни! Работите не се менуваат преку ден! Пишувај овде и исфрли се што ти тежи на душата.. Ако не јас, друг ќе те сослуша и ќе ти даде поддршка.
Поздрав!