компјутерите и роботите може да имаат и не знам колку напредна интелегенција, но никогаш нема да имаат свест, барем не без некаква напредна биомеханика во иднина (можеби). неуролошките и биохемиските реакции може да го објаснат функционирањето на мозокот, но не го објаснуваат феноменот на доживување, перцепирање, чуствување. Пак, не хемиските процеси кои се случуваат при тие работи - туку како/каде се „проектираат“ тие за тоа што се случува го доживиш. дека нема ништо мистично, не е баш така... можеби мистично не е прав збор, ама далеку од тоа дека е нешто објасниво во рамките на сегашната наука. феноменот на свеста сеуште е светиот грал во неурологијата и веројатно секогаш и ќе биде, никој ја нема објаснето и никој научник не може да ја објасни - просто затоа што не е материјален чин, туку спиритуален, духовен, над - материјален - како сакаш земи го тоа. свеста е неделиво и непроменливо нешто, составен дел на целиот универзум, основа без која не би постоеле живите суштества, или не би доживувале, со што би биле само роботи. ама ние не сме роботи-ние доживуваме и имаме слободна воља (врз која повеќе-помалку влијаат хемиски процеси) и барем секој за себе го знае тоа, иако никој не може да докаже дека некој друг е свесен - тоа го земаме како претпоставка. вистински доказ дека некој доживува, а не е само робот, не може да има.
oчигледно е, самото твое постоење е доказ за тоа. не ти треба книги, научни факти и истражувања за да се ориентираш дали постоиш или не, дали стварно доживуваш или не. можеш да сфатиш многу лесно ако ги ставиш настрана твоите обиди за суптилно исмевање на се што не влага во рамките на научните докажани факти и докази. заслепен од науката не го гледаш она што ти е пред очи.
ме потсетува на еден цитат:
"The only thing that interferes with my learning is my education." - Алберт Ајнштајн