Дали има живот на Марс?

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Знаеме дека Beagle 2 беше единствената мисија со која се планираше да се изведе есперименти чија цел беше детектирање живот на црвената планета. Пред дваесетипет години Viking проектот на NASA ја започна потрагата по живот на Марс. Изведените eксперименти беа дизајнирани да откријат постоење на активни метаболизми, но за жал со скромни претходни сознанија за Марс, затоа некои од резултатите останаа неразјаснети до денес. Овие резултати доколку се протолкуваат на еден начин во нив може да се забележи биолошка активност, доколку, пак, се протолкуваат поинаку може да се протолкуваат како последица од хемиски реакцији.
Во времето на Viking мисијата (1975/6) еден од инструментите не успеа да детектира присуство на органска материја (над нивото на контаминација на инструментите) со што не можеше да се донесе валиден заклучок. Исто така се претпоставуваше дека до следната мисија кон Марс ќе поминат само неколку години. Во такви околности непостоењето на валиден доказ набргу беше протолкувано: 'На Марс нема живот' иако всушност вистинскиот одговор го немаме.
Во истиот период додека мисијата Viking траеше на Антарктикот беа собрани метеорити од кои беа собрани докази за тоа дека Марс, сепак, не е пуста планета. Со изучување на изотопскиот состав на метеоритот со МС може да точно да се определи од кој објект од сончевиот систем потекнува. Слично како што со ДНА може да се утврди за кој животински вид станува збор.:icon_roll


Што мислите дали има живот на Марс?
Како си ги објаснувате марсовците, чиниите.. сето тоа што се случуваше во мкд?:icon_roll
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Па не сум сигурен дали баш на марс има но знам дека не сме сами
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Е кај би можело по твое да има?:raz:
И јас не сум сигурна дали на Марс има живот, ама каде би можело да има?:icon_roll
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
некаде во хоризонтот едноставно јас отворив тема за паралелна димензија мислам дека има покрај нас. плус некаде далеку во хоризонтот има некои многу по напредни од нас за нив ние сме примати
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
170
Поени од реакции
3
Незнам дали баш на Марс има,но сум сигурен дека на некоја планета мора да постои живот и тоа дека се повеќе.Еве да тргнеме од логиката,зарем во толку милијарди трилијарди планети од оваа и други галаксии не ќе се погоди барем една на која има живот?Ние не сме сеуште свесни какви планети има таму горе,какви ситеми,фактички ништо не знаеме.Сме стапнале на една наша кутра Месечина и мислиме дека се знаеме за Универзумот.Ако пак се докаже дури сум жив,значи со непобитен доказ, дека во Универзумот нема друг жив свет тогаш ќе се чувствувам многу осамено секогаш кога ќе погледнам во небото.
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
А зашто ова прашање во мистерии и религија?

На марс сега нема живот, тоа се знае и не е мистерија а далеку е од религија!

Мистеријата е ДАЛИ ПОРАНО имало!

Ама прашањето е дали на марс има живот. на тоа одговорот не е мистеричен и е категоричен - Не!
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
А што е тоа живот всушност?
По човековите сваќања тоа е хемиска агрегација околу јаглеродот кој заради своите специфики успева да оформи големи молекули кои пак поради својата кабаста структура и благодарение на физичките закони познати на земјата добиваат и некоја секундарна функција.
Дали може наместо јаглерод да се користи друг елемент како основен во таа агрегација?
Да може многу слична структура има силициумот. Во историјата на земјата еволутивно е позната една слепа развојна гранка на алги кои наместо јаглерод како основа за своите крупни функционални молекули користат силициум. За жал оваа животна форма иако сеуште постои не произвела поколение.
Јаглеродните форми на живот се многу успешни и најверојатно би се прилагодиле на живот на Марс дури и во ваква форма каква што е денес. Веројатно тоа би било подлабоко во внатрешноста затоа што јаглеродните форми ретко издржуваат константна температура над 90 целзиусоиви степени а во текот на денот на Марс температурата расте и повеќе. Тогаш зошто ако ги имало да ги нема денес?
Веројатно треба да се концентрираме на барање на животна форма различна од оваа на Земјата. Тоа би била некоја форма слична на нашиве најпрости бактерии (хемибактерии) кои користат оксидација на хемиски елементи како на пример железо или сулфур за да дојдат до енергија. Нјаверојатно основната форма нема да биде јаглеродна туку силикатна бидејќи се многу поотпорни, или пак некоја сосема друга која поради овие услови кои ги имаме овде не се развила кај нас.
 
Член од
3 декември 2005
Мислења
120
Поени од реакции
7
Замислетре колкав е универсумот и ние сме сами во него ....ама загуба на просторот! Се разбира дека не сме сами ...само зожто сите викате дека сме ние примати може другите да се по дрвјата (ако има дрвја таму :raz: ), па им докажавне на сите дека сме нај деструктивна раса , само војни и војни , може ги е страв да слезат.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Веке повеке пати се има појавено Нло едноставнодокажува дека не им е старв да слетаат туку им е страв да контактираат со нас мое мислење .
Распни ме на крст ако грешам.
 
Член од
3 декември 2005
Мислења
120
Поени од реакции
7
Н.Л.О: неидентиуфикуван летечки објект ..така (ф117 ,Б-2, ф-111, Ср-71 итн итн) авиони кој биле тајна се идентификувани како НЛО интересен начин да се скрие нешто.Имаше еден настан у Русија пред распадот на СССР еден куп сведоци од воз виделе како паѓа НЛО близу пруга, се собрала комисија и ...и се распадна СССР и тајните излегоа на виделина ЈАК-141 ВТОЛ се плеснал и КГБ прави драма со НЛО... има такви случаи многу.

п.с Џабе ке те разапнувам на крст-нема да возкреснеш.:pop: ..тоа само на еден му успеја :wink: :wink: :wink: :wink:
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Респект ама не се разбирам у авијација ти си за тоа не се разбирам у авиони едноставно неможам да разликувам Mig23-mig27
отвори тема за авиони...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
На Марс е утврдено постоење на одредени видови бактерии со тоа што се најдени нуспроизводи од нивен метаболизам. Живот каков што го знаеме нема, а во Сончевиот систем најблиску до услови за постоење на живот е Европа - сателитот на Јупитер - на кој е откриена вода. Со понатамошното зголемување на активноста на Сонцето, можно е да се создадат услови за некаков живот на Европа.
 
Член од
3 декември 2005
Мислења
120
Поени од реакции
7
CopyOfDeath напиша:
Респект ама не се разбирам у авијација ти си за тоа не се разбирам у авиони едноставно неможам да разликувам Mig23-mig27
отвори тема за авиони...

ЛЕлеееееееее па ако си толкав експерт за авиони стварно ке најдеш живот на Марс..

п.с МИГ-27 е развиен от МиГ-23 како удерна варијанта . т.е разлики скоро да нема, само малко во носот .Баткааа :ne: немој така.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
MK-Airarm напиша:
ЛЕлеееееееее па ако си толкав експерт за авиони стварно ке најдеш живот на Марс..

п.с МИГ-27 е развиен от МиГ-23 како удерна варијанта . т.е разлики скоро да нема, само малко во носот .Баткааа :ne: немој така.
Отвори тема за авиони дефинитивно иначе можеби имало свет на марс али сеа нема како шо после неколку години колку се неам поима ке нема на земјава
 
Член од
3 декември 2005
Мислења
120
Поени од реакции
7
spooky напиша:
- . Со понатамошното зголемување на активноста на Сонцето, можно е да се создадат услови за некаков живот на Европа.
Што сакаш да кажеш ако сонцето ја зголеми акотивноста, ке биди до пред Супернова, а тоа значи голема сончева радијација и ке се простиме со животото на земјата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom