Mjolnir
Духот на рамковниот договор
- Член од
- 12 декември 2011
- Мислења
- 1.967
- Поени од реакции
- 1.867
Интересен текст на фејсбук од Ивица Тодоров (на профајл сликата ми изгледа на поп дали е поп не знам
) кој не го мрзи нека прочита...

„Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува се во сите. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза. . .„ 1. Коринтјаните 12, 4 - 7
Што е всушност она што го нарекуваме „ЧУДО“? Тоа е онаа пројава која најчесто не се вклопува во вообичаената рамка на доживување и вреднување на светот. А на кој начин денес огромен процент од луѓето го вреднуваат и доживуваат светот? Е, на ова прашање тешко може да се одговори, затоа што секој од нас е оргинален и неповторлив доживувач и вреднувач на светот. Но сепак, оние што подлабоко и посуштински навлегле во вистината за тоа како треба да се вреднува и доживува светот, ни сведочат дека овој свет, а и ние во него, сме едно големо „ЧУДО“!
И во овој контекст, обновувањето и самоочистувањето на фреските во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје, не се некакво чудо во овој крајно чудесен свет, туку, пред се и над се, тие се – ПОРАКА - од Вечно Чудесниот наш Творец дека ние луѓето сме ја заборавиле чудесната смисла на нашето постоење. Ние сме заборавиле дека во овој и ваков свет треба да ја разбереме чудесноста на постоењето, да ја разбереме тајната на нашето духовно будење, личносно созревање, очистување, обновување, овистинување, ољубовување, овечносување, Богоуподобување. .
Зошто најпрвин златните ореоли на светителите заблескаа со возобновена светлина? Затоа што тие се симбол на светост, пројава на Духот Божји, остварено единство со Творецот. А што нам, како луѓе, но и Божји созданија, ни недостасува во ова наше време, во сите сегменти на живеењето? Па, ни недостасува светост, посветеност кон доброто, кон вистинските вредности на постоењето, ни недостасува пројава на Духот Божји преку искрени слуги Божји, ни недостасува желба за единство со Творецот преку љубовно исполнување на Неговата спасоносна воља. Ете, тоа нам ни недостасува! И затоа Вечно Чудесниот Творец, нашиот Небесен Отец преку својот Единороден Син и Спасителот наш Исус Христос во силата на Светиот Дух ни подари љубовна освестувачка ПОРАКА!
Да, оваа порака може секој да си ја разбере и протолкува како што сака. Вообичаено ваквите пораки секој си ги толкува според искреноста на свесноста и одговорноста на совеста, па затоа да не не' чуди што ќе има разни толкувања. Секој ќе говори преку СВОЈАТА лична совест и свесност. Па затоа и Творецот своите љубовно освестувачки ПОРАКИ ни ги дарува на овој начин, оставајќи ни слобода, секој од нас – преку слободата на својата личност – ПОРАКАТА да ја разбере на начин кој е најдобар за него.
Што е всушност она што го нарекуваме „ЧУДО“? Тоа е онаа пројава која не извлекува од секојдневната хипноза на злото и духовното мртвило и ни дарува свежина, очистување и обновување. Еве, Творецот, на нас православните христијани, на нас Македонците и на сите граѓани на ова наша Македонија, а преку нас и на сите луѓе со добра воља во светот, ни испрати Порака. Таа е пред нас, и секој нека ја чита за себе, и од неа да го извлече она најдоброто и највистинското, за и животот во оваа наша Македонија да го исполниме со она што е најдобро и највистинско, во слава на Бога и за наше благословено живеење!
Ова е ставот за горенаведениот настан на :
„ДОДОМА„ Движење за организирана духовна обнова на Македонија