Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, не знам дали е споделено ова до сега али еве ја падобрански да го закачам овде :)

Реал Мадрид го избриша крстот заради муслиманите
Една милијарда евра минус еден мал крст од логото. Тоа е цехот кој Реал Мадрид го плати за да ја зголеми популарноста кај своите навивачи муслимани.
off.net.mk-5158.jpg

Реал Мадрид потпиша договор вреден една милијарда евра со Обединетите Арапски Емирати за изградба на првиот спортско туристички тематски парк на вештачки остров.

Но за потпишување на овој договор мораа да направат една „мала" промена и да го избришат крстот од своето лого.

Крстот стана дел од логото на Реал Мадрид во 1920-та година го кралот Алфонсо XIII го прогласи клубот за кралски. Крстот бил избришан од 1931-та до 1941-та, но бил повторно вратен на логото по завршувањето на граѓанската војна.

Според шпанските медиуми, челниците на Реал Мадрид се одлучиле за овој потег за да ги избегнат недоразбирањата и потенцијалните конфликти во регионот каде мнозинството од населението се муслимани.

Претходно и Барселона го избирша крстот од своето лого на дресовите и сувенирите кои ги продаваат на Блискиот Исток за да ги задоволи барањата на нивните навивачи од овој регион.

http://off.net.mk/sites/default/files/styles/statija/public/offside/2012/04/10/off.net.mk-5158.jpg
 
Претходно и Барселона го избирша крстот од своето лого на дресовите и сувенирите кои ги продаваат на Блискиот Исток за да ги задоволи барањата на нивните навивачи од овој регион.

Можеш ли да ја најдеш таа вест,или слика од логото?
 
Замислете цела сезона да бевме пата пата со бодовите, или да имавме помалку и последниве две недели да добиевме предност од 4 бода, сеа ќе ја славевме титулата, затоа кулирајте.
 
Оптимист сум голем, и мислам дека Реал уште повеќе се мотивирани за утрешниот натпревар од ремито против Валенсија на Бернабе. Малку се опуштија после оние високи температури од +10 па и на моменти +13, но пак се враќаат на место доволно мотивирани и од самата борба за шампионскиот пехар. Очекувам победа против Атлетико а не се сомневам и во негово декласирање.
 
Нема да биде лесна како други пати кога сме ги ебеле кај нив, ама би требало да тепаме.:)
 
Единствено што ме плаши е моменталниот притисок што го имаа играчите, од тоа ми е највише страв. За квалитетот не треба да се прае муабет, а и традицијата не е важна за вечер. Ако не дада гол првите 20 минуте или па у прво полувреме, ќе биде пеколно тешко. Многу ми е страв за утакмицава, зошто оваја може да биде одлучуачка за титулата. Вечер треба да се покаже карактер, ако вечер не тепаа искрено не ни ја заслужуаа титулата, зошто у вакви моменти се гледа големината на тимот.

Како и да е, HALA MADRID!!
 
Ако играат како против Осасуна, нема простор за паника.
 
Абе титула ќе земеме, ама си праиме самите проблем. Место да се фокусиравме на дуелите со Бајерн и на ЛШ, ние сеа ќе треба да се замараме и со Ла Лига ако сакаме да ја освоиме. Само повеќе напор и повеќе притисок си створивме ништо друго. Иначе титулата пак ќе биде наша.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom