Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
И нели умира само телото според христијанското учење (или јас нешто лошо сум разбрал)? Зарем смрт на тело ќе ги спои верниците со некаков бог? Или ова е специјално тело, што носи бог?
Христос, телото кое што го зема на себе беше 100% исто како нашето, само со огромна разлика. Бидејќи се воплоти преку Светиот Дух и Марија Дева не го имаше на себе праотечкиот грев (на Адам и Ева и на сите нивни деца, вклучувајќи не и нас до ден денешен). Покрај таа разлика, Христос не направи никаков грев целиот негов живот и затоа Тој беше совршената жртва преку која секој кој што сака и избере, може да се спаси. Вие ако мислите дека знаете друг пат, слободно следете си го. Но ако мислите дека човек може да го спаси Бога... мислам дека самата логика оди според тоа. Не е моно човек да се спаси самиот себе си, а не Бога.
Не може тоа да се постигне со сопствена смрт без посредник? Неспособни сме за тоа според христијанската школа? Вие учите исто така дека бог е во секој човек, тоа не го прави поединецот бог во мало, според „ликот“ на креаторот?

Материјата докажавме дека е енергија, и секако е бесконечна во секој можен поглед.
Посредникот зошто ви смета? Тоа е направено одамна,еднаш и засекогаш. За сите што бие родени од Адам и Ева па се до послеедниот прен Христовото Второ доаѓање. Бог не е во секој човек и не учиме така, туку вие учите така. Преку крштението, секој го добива дарот на Светиот Дух и секој преку обожување (кое е процес преку личносен однос со Бога и секој достигнува различен степен на обоженост. Кој се труди повеже и се посветува повеќе на Бога, повеќе и ќе се обожува). Тоа го прави само оној поединец кој е во процесот на обожување со Бога, мал бог (не секој).
Материјата сигурно е бесконечна? Го докажавте?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, во личносна смисла, бидејќи личноста се пројавува преку друга личност, а од создаденото тоа му е дадено само на Човекот(по тоа сме различни од сета творба).
Болдираниот дел, има своја дефиниција:
Dissociative identity disorder (DID, also known as multiple personality disorder in the ICD-10[1]) is a psychiatric diagnosis whose essential feature, according to the Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders (DSM), "...is the presence of two or more distinct identities or personality states...that recurrently take control of behavior."[2] The diagnosis requires that at least two personalities (one may be the host) routinely take control of the individual's behavior
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.876
Поени од реакции
11.874
...
Постоењето во Несоздаденото не значи Единство со Него. Зар Апсолутот, нема решение за тоа да го постави соодветно!?
Во ред штом така мислиш. Но некако не оди со сето она учење дека несоздаденото не создало по негов „лик“, учење кое вели и дека сме сепак во единство со него, ако сакаме...
Но сепак, благодарам за одговорите.
--- надополнето: 9 април 2012 во 23:28 ---
Во ред е...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Болдираниот дел, има своја дефиниција:
Да надополнам:
личноста се пројавува преку друга личност, запазувајќи го својот идентитет, својата слобода на откривање...
Личносната теологија е клучот на разбирање на проблемот со постоењето.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Во ред штом така мислиш. Но некако не оди со сето она учење дека несоздаденото не создало по негов „лик“, учење кое вели и дека сме сепак во единство со него, ако сакаме...
Но сепак, благодарам за одговорите.
--- надополнето: 9 април 2012 во 23:28 ---

Во ред е...
Тоа што сме создадени по Лик Божји не значи дека сме во единство. Човекот е создаден по ЛИК и ПОДОБИЕ Божје пред падот, додека по падот го изгубивме подобието, што значи ликот го наоѓа смисолот само во исполнивање на подобието Божје кое е обожувањето на човекот кое го наведов во рпедходниот пост, а се говореше и претходно на овој подфорум. Тоа што сме создадени по лик не прави сите луѓе со слични особини, логични суштества.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа што сме создадени по Лик Божји не значи дека сме во единство. Човекот е создаден по ЛИК и ПОДОБИЕ Божје пред падот, додека по падот го изгубивме подобието, што значи ликот го наоѓа смисолот само во исполнивање на подобието Божје кое е обожувањето на човекот кое го наведов во рпедходниот пост, а се говореше и претходно на овој подфорум. Тоа што сме создадени по лик не прави сите луѓе со слични особини, логични суштества.
Што подразбирате под "Лик" а што под "Подобие"?
И зошто се обвинуваат Адам и Ева, кога сознанието за добро и зло им било забрането? Како може некој да погреши, ако нема сознание за добро и зло?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.876
Поени од реакции
11.874
Материјата сигурно е бесконечна? Го докажавте?
Кога го студирате божественото, студирајте и наука за да не станете фанатици туку подобри верници, а и подобро ќе го разберете светот околу вас и во вас, секако.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Кога го студирате божественото, студирајте и наука за да не станете фанатици туку подобри верници, а и подобро ќе го разберете светот околу вас и во вас, секако.
Фанатици или навивачи за својот клуб (МПЦ во случајов). Како и да е, и едното и другото не се она што верник треба да е.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Во ред штом така мислиш. Но некако не оди со сето она учење дека несоздаденото не создало по негов „лик“, учење кое вели и дека сме сепак во единство со него, ако сакаме...
Но сепак, благодарам за одговорите.

Се разбира, Бог подготвил соодветно место за оние кои не го сакаат Неговото присуство со цел да ја овозможи нивната Слобода.
Благодарам за прашањата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.876
Поени од реакции
11.874
Знам знам... ми кажаа.
Благодарам за ограничувањето да се биде или на едно или на друго место. И на никое друго. Бесконечноста некако изгледа залудна.
 
M

Muranyi

Гостин
И зошто се обвиуваат Адам и Ева, кога сознанието за добро и зло им било забрането? Како може некој да погреши, ако нема сознание за добро и зло?
Џабе верглаш со тоа прашање,баш би сакал и јас да го прочитам одговорот.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Што подразбирате под "Лик" а што под "Подобие"?
И зошто се обвиуваат Адам и Ева, кога сознанието за добро и зло им било забрането? Како може некој да погреши, ако нема сознание за добро и зло?
Под ЛИК не подразбира физичкиот изглед на човекот (две раце, глава, нозе, итн) туку се однесува на слободната воља (правото да човекот ги избира своите дела) и на тоа дека е човекот свесно битие (логиката).По падот, ЛИКОТ Божји е нешто кое човекот го има, но тој (ликот) е веќе извалкан.
Под ПОДОБИЕ е тоа дека човекот беше создаден од Бога добар (свет) каков што е и Бог. По падот, човекот се наоѓа под влијание на ѓаволот и не може да приликува на Бога и да биде свет и добар, но само преку Христа. Христос е тој кој спасува, бидејќи не е обичен човек, туку Бог кој се Вочовечи (стана човек) за да го спаси човекот од гревот и смртта. Ѓаволот го нема ПОДБИЕТО, ниту миже да се задобие со таа одлика бидејќи самиот одлучил да остане состојба на непокајание.
Кога велиме Бог, секогаш се однесува на Света Троица.

P.S: Човекот е создаден по ЛИК и ПОДОБИЕ на Троичниот Бог, а не само по ЛИКОТ на Бог-Словото (Христос) а не онака како што на тоа учи кабалата, по ликот на хермафродитот Адам Кадмон или на "словото" како што го нарекуваат.
--- надополнето: 10 април 2012 во 00:08 ---
Знам знам... ми кажаа.
Благодарам за ограничувањето да се биде или на едно или на друго место. И на никое друго. Бесконечноста некако изгледа залудна.
Одговорот се наоѓа малку погоре, за сите заинтересирани...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Под ЛИК не подразбира физичкиот изглед на човекот (две раце, глава, нозе, итн) туку се однесува на слободната воља (правото да човекот ги избира своите дела) и на тоа дека е човекот свесно битие (логиката).По падот, ЛИКОТ Божји е нешто кое човекот го има, но тој (ликот) е веќе извалкан.
Значи правото на човекот да избира - слободната волја, е "извалкана" бидејќи Адам и Ева го искористиле тоа право на избор?!
П.С. Зошто го премолче прашањето за сознанието за доброто и злото?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Под ЛИК не подразбира физичкиот изглед на човекот (две раце, глава, нозе, итн) туку се однесува на слободната воља (правото да човекот ги избира своите дела) и на тоа дека е човекот свесно битие (логиката).
Да те прашам нешто бе Аце, цел живот ме бунело. Само ќе те молам кога ќе ми одговараш да земеш во предвид дека јас не сум образуван како тебе, па ако може така попросто да ми објасниш.

Види вака, ако Бог е семоќен, значи дека е над времето, односно го создал времето. Она што за нас е разделено на минато, сегашност и иднина, за него е едно исто, односно тој го поседува минатото, сегашноста и иднината во еден момент. Ако е така, а тоа несомнено следи од рисјанската теологија, како може да зборуваме за слободна воља кај луѓето?

Она што ние го правиме со нашите избори, Бог веќе го знае. Тоа во неговото сезнаење, која е едно од наличјата на неговата семоќ, веќе се има случено. Ако е така, а мора да е така инаку Бог не би бил семоќен, тоа ефективно го укинува концептот на слободна воља, а со тоа и целокупниот рисјански концепт за награди и казни.

Ова на Св. Августин му било како ден јасно, само останатите рисјански теолози се правеа и сеуште се прават наглупи...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom